Контакт

Забава

Брус Вилис го продава имотот во Њујорк со почетна цена од 13 милиони долари

Објавено пред

Актерот Брус Вилис и неговата сопруга Ема го продаваат имотот што се наоѓа во близина на Бедфорд Корнер во американската држава Њујорк. Почетната цена на овој имот е речиси 13 милиони долари.
Овој имот беше купен од Брус и Ема во 2014 година по цена од 12 милиони долари. Тие истакнуваат дека планираат постојано да се преселат на Западниот Брег, поради што повеќе не им треба луксузен недвижен имот на источната страна.

dobivaj vesti na viber

Главната куќа на овој имот има голема дневна соба со поглед на Кротон Ресервоар, пет спални, игрална за деца, соба за гледање филмови и игрици, како и винска визба. На имотот има три помали куќи кои имаат вкупно седум спални соби. Една од овие куќи служи како канцеларија, другата е наменета за гости и третата за вработени. Покрај тоа, постои градина на која семејството Вилис одгледува сопствени производи.

„Единствената причина поради која го продаваме овој имот е дека решивме да се преселиме на Западниот брег за да можеме да бидеме поблиску до нашето семејство”, рече Брус.

Според магазинот „Архитектурал дигест“, семејството Вилис ќе го задржи луксузниот стан на Менхетен, за кој на почетокот од минатата година издвоија 8 милиони долари.

Забава

(Фото) Српска инфлуенсерка воодушеви во Кан: носеше светкава креација од Ели Сааб

Објавено пред

Покрај познати имиња од светот на филмот и забавата, Канскиот филмски фестивал секогаш наоѓа место и за некои од најпопуларните модни инфлуенсери.

dobivaj vesti na viber

Меѓу нив овој пат беше и Тамара Калиниќ, српската најпозната инфлуенсерка која има два милиони следбеници на Инстаграм. Тамара блесна во разни комбинации на облека на 78-то издание на фестивалот…

И додека првите две вечери таа избра бели креации од брендови специјализирани за венчаници, на третата оддаде почит на гламурот од старата школа.

Таа носеше светкава креација од либанскиот моден дизајнер Ели Сааб.

Ова е фустан од најновата колекција есен/зима 2025/2026, која беше прикажана на Неделата на модата во Париз.

Прикажи повеќе...

Забава

Уште една модна лекција од Меланија Трамп што стилистите ќе ја паметат

Објавено пред

Деновиве, првата дама на САД, Меланија Трамп, верно го следи својот сопруг, претседателот на САД, Доналд Трамп. Имено, на почетокот на март, Меланија зборуваше за законот „Take It Down Act“, чија цел е заштита на младите луѓе во дигиталниот свет.

dobivaj vesti na viber

Американскиот претседател нагласи дека првата дама одиграла клучна улога во донесувањето на законот и дека таа е одговорна за фактот дека законот ќе им помогне на семејствата да се борат против дигиталното насилство.

Меланија, покрај овој голем потфат, привлече внимание и со своето модно издание. Како што можете да видите, таа остана верна на софистицираните, класични парчиња.

Таа се одлучи за елегантен деловен костум од модната куќа „Прада“ – составен од сиво карирано дворедно сако и џебови со преклоп.

Со оделото, таа носеше штикли од модната куќа „Кристијан Лубутен“ со висока, тенка потпетица.

Станува збор за моделот „So Kate“, чија потпетица е висока 12 см. Моделот е особено ефективен поради својата специфична текстура, а совршено ѝ стои на Првата дама.

Со овој потег, Меланија уште еднаш докажа дека е дама со стил и вкус!

Прикажи повеќе...

Забава

Четири хороскопски знаци ќе ја пронајдат љубовта во јуни: дали сте меѓу нив

Објавено пред

Јуни носи љубов за овие 4 знаци – чекате ли средба со вашата сродна душа?

dobivaj vesti na viber

Астролошките промени што ни ги носи јуни 2025 година отвораат врата кон одлични љубовни приказни – но само за оние кои се подготвени да ги препознаат.

Јупитер се движи во Рак, нагласувајќи го домот, емоциите и блискоста, додека Венера во Бик носи стабилност и нежност во врските. Видете дали сте меѓу среќниците кои се насмевнуваат на љубовта.

Јарец

За Јарците, јуни е време кога универзумот ја презема улогата на посредник. Јупитер ја освојува вашата седма куќа на партнерствата, носејќи ви можност да запознаете некој посебен.

Без разлика дали станува збор за семејни собири, свадби или состаноци на слепо – шансите за длабока емоционална врска се големи. Време е да се отворите за љубовта и да верувате дека некој вистински можеби веќе е на пат кон вас.

Бик

По турбулентни години, Биковите конечно се соочуваат со период на љубовен мир. Можеби ќе ја сретнете вашата сродна душа токму таму каде што најмалку очекувате – во вашето соседство, во кафуле или дури и за време на краток разговор на локална работилница.

Јуни носи можност некој посебен да влезе во вашиот живот и да разбуди чувства што можеби сте ги заборавиле. Бидете отворени – ќе знаете дека е „вистинското“ штом ќе го видите.

Рак

Јуни е твој месец! Јупитер влегува во вашиот знак и ги отвора вратите кон љубовните чуда.

Повеќе повици, повеќе погледи, повеќе насмевки – сè е дел од вашето ново секојдневие. Можеби веќе постои сродна душа во вашата околина, а сега чувствата би можеле да процветаат.

Обрнете внимание на деновите помеѓу 15 и 18 јуни – тие можат да донесат љубовна средба што ќе ви го промени животот.

Водолија

Плутон во вашиот знак ве трансформира одвнатре, а јуни ве прави уште попривлечни и едноставно магнетни. Љубовта може да се појави во најобичните околности – додека сте на работа, во теретана, во продавница, па дури и додека го шетате кучето.

Без разлика дали ќе запознаете некого преку работа или волонтирање, врската може да биде подлабока отколку што сте очекувале. Не барај, туку дозволи љубовта да те пронајде.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет54 минути

(Видео) Двајца израелски дипломати убиени во Вашингтон

Двајца вработени во израелската амбасада се убиени во пукотница за време на настан во Музејот на еврејско наследство во Вашингтон....

Свет1 час

(Видео) Трамп го нападна новинарот кој праша за луксузниот авион: Ти си срамота!

Американскиот претседател Доналд Трамп бурно реагираше на прашањата од новинарот на „Ен-би-си Њуз“, Питер Александар, за луксузниот авион што катарската...

Македонија11 часа

Tрајко Славески е предлогот на Сиљановска-Давкова за гувернер на Народна банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за гувернер на Народната банка. Од нејзиниот кабинет велат дека при носењето на...

Македонија14 часа

Со шесте милијарди евра за Македонија ќе се градат брза пруга, болници, студентски дом – Николоски од Лондон со детали за договорот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој ја предводи официјалната делегација на Македонија во Обединетото Кралство, оствари средба со...

Топ17 часа

Уапсени четири лица во Скопје, ликвидирале луѓе по нарачка

Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“ во...

Македонија18 часа

Нов министер за здравство ќе има следната недела, таа позиција останува во „Вреди“, вели Мицкоски

Владините коалиционери се договориле до крајот на оваа недела да се дефинираат кадровските решенија по излегувањето на Арбен Таравари од...

Македонија19 часа

(Видео) Данела Арсовска во живо се вклучи од објект во Чаир: „Дивоградба на државно земјиште“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, се вклучи во живо од инспекција на нелегален објект во општина Чаир.   Таа...

Македонија19 часа

Ристоска: Поради мојата кандидатура за судија во ЕСЧП, цел сум на клевети и напади

Во изминатиот период, поради мојата апликација за кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права, цел сум на неосновани...

Свет20 часа

Брисел предлага нова такса од две евра за пакет за купувања од платформи како „Тему“

Европската комисија размислува за воведување такса од 2 евра за пакет за пратки надвор од ЕУ купени преку онлајн-платформи, како...

Македонија20 часа

Со новиот закон ќе може да се вработуваат студенти, пензионери, корисници на социјална помош…

Со новиот закон за привремено и сезонско ангажирање лица, кој вчера беше изгласан во Собранието, работодавците ќе може да ги...

Македонија21 час

Царината заплени тутунски производи, автоделови, ветеринарни лекови, девизи, облека

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари,...

Македонија21 час

Муцунски: Усвоени измените на Законот за надворешните работи – суштински чекор за професионализација на дипломатијата и подобрување на условите за македонските дипломати во странство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи информираше дека вчера Собранието, на предлог на Министерството...

Македонија22 часа

Голема полициска акција во Скопје, се вршат претреси на пет локации

Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат...

Свет23 часа

(Видео) Драматични сцени од Австралија: хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покривите

Австралиската телевизија „Еј-би-си“ објави „поплави од невидени размери“, опишувајќи драматични сцени додека хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на...

Свет1 ден

(Видео) Рубио: Граѓанска војна од епски размери може да почне во Сирија за неколку недели

Американскиот државен секретар Марко Рубио повика на поддршка за преодните власти во Сирија и предупреди дека земјата може да биде...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Израел подготвува голем напад врз иранските нуклеарни постројки

Соединетите Американски Држави добија нови разузнавачки информации кои сугерираат дека Израел се подготвува за напад врз нуклеарните постројки на Иран,...

Европа1 ден

Мелони: Папата ми рече дека е подготвен да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Италијанската премиерка Џорџa Мелони изјави дека папата Лав во телефонски разговор со неа ја потврдил својата подготвеност да биде домаќин...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Го избрав дизајнот за ракетниот штит „Златна купола“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го избрал дизајнот за ракетниот одбранбен штит „Златна купола“ вреден 175 милијарди долари и...

Македонија1 ден

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп од ноќеска, во 01:20 часот е нормализиран, извести АМСМ. Претходно од АМСМ информираа...

Економија2 дена

Николоски: Договорот ќе го потпишеме во четврток во Лондон, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со...