Забава
Бјорн Улвеус од „АББА“ се разведува од сопругата по 41 година брак

Бјорн и Лена Улвеус се разведуваат по 41 година брак.
76-годишниот музичар, најпознат како член на култниот поп-бенд „АББА“, најави дека тој и Лена (73) ќе се разведат, но ќе останат блиски пријатели.
Двојката во заедничкото соопштение наведува: „По многу убави и исполнети години, решивме да се разделиме. Остануваме блиски и добри пријатели и ќе продолжиме заедно да ги славиме родендените на нашите внуци и другите семејни прослави.“
Двојката започна врска веднаш откако Бјорн се раздели од колешката од бендот, Агнета Фелтског, со која има син и ќерка, а со која се ожени неколку години пред да станат славни по победата на Евровизија со хитот „Ватерло“ во 1974 година. Нивниот развод беше финализиран во 1980 година.
Веста за претстојната разделба доаѓа само неколку месеци откако „АББА“- легендарниот квартет запаметен по класиците како Dancing Queen, Mamma Mia, The Winner Takes It All – издаде нов албум по пауза од 40 години.
Албумот Voyage се искачи на врвот на топ-листите кон крајот на 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Вилијам и Кејт ја слават 14-годишнината од бракот во Шкотска

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт денеска патуваат во Шкотска, каде што ќе ја прослават 14-годишнината од бракот и ќе го направат најзначајното заедно патување оваа година.
Престолонаследникот Вилијам се ожени со Кејт Мидлтон на 29 април 2011 година во Вестминстерската опатија, на церемонија што ја следеа милиони луѓе ширум светот.
Тие се запознале десет години порано кога и двајцата биле студенти на Универзитетот Сент Ендрјус на источниот брег на Шкотска.
Принцот и принцезата од Велс се враќаат во Шкотска како дел од официјалната дводневна посета на островите Мул и Јона, кои се дел од архипелагот Хебрид во близина на западниот брег.
Тие ќе го посетат пазарот, производителите на храна и центрите на заедницата на островите со цел да се запознаат со важноста од зачувување на природната средина, соопшти нивниот кабинет.
По службените обврски, годишнината ќе ја поминат во мала, изолирана куќа на островот Мал, позната по драматичните и прекрасни пејзажи, објавија британските медиуми.
Патувањето е ретко заедничко појавување на парот откако Кејт започна со превентивна хемотерапија за нејзиниот рак, кој сега е во ремисија.
„Шкотска ми е неверојатно важна и секогаш ќе има посебно место во моето срце“, изјави Вилијам, кој ја носи титулата Господар на шкотските острови.
Забава
На Евровизија годинава ќе може да се вее палестинското, a знамето на ЛГБТ-заедницата e забрането

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) усвои нови правила во пресрет на годинешниот Избор за песна за Евровизија. Според изменетите прописи, публиката годинава ќе смее да вее палестински знамиња, што минатата година предизвика политички полемики.
Но, тоа не е сè – тие ги забранија и сите ЛГБТК+ знамиња, што налути многу активисти. Затоа на изведувачите оваа година ќе им биде дозволено да ги носат само знамињата на земјите што ги претставуваат на сцената.
Забраната за носење знамиња за изведувачите ќе се применува на сцената, во фан-зоната, во зелената соба и на официјалните површини, каде што натпреварувачите ги чекаат резултатите. Групите за права на ЛГБТК+ веќе ја критикуваа одлуката тврдејќи дека знамето на виножитото претставува личен идентитет наместо политичка изјава.
Швајцарскот победник Немо минатата година носеше небинарно жолто-бело-виолетово знаме за време на парадата на знамето. На еден од панелите по победата рече дека морале да го прошверцуваат оти организаторите им го забраниле споменатото знаме. Неколку фанови се обидоа со тоа во публиката, но обезбедувањето ги натера да ги фрлат знамињата пред да влезат во салата.
Оваа година на Евровизија ќе учествуваат неколку изведувачи кои припаѓаат на ЛГБТК+ заедницата. Меѓу нив се Миријана Конте (Малта), Џеј Џеј (Австрија), Ерика Викман (Финска), како и хрватскиот претставник Марко Бошњак.
Забава
(Видео) Трамп повторно ја уништи Тејлор Свифт

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера го пречека рагби-тимот на Филаделфија Иглс во Белата куќа за да ја прослави нивната победа над Канзас Сити Чифс во Супербоул.
Тој исто така го искористи настанот уште еднаш да се потсмева на најистакнатиот навивач на Чифс, пејачката Тејлор Свифт, објави Ен-би-си.
Trump recounts being at the Super Bowl: “I was there, I watched in person. I was there along with Taylor Swift. How did that one work out?” pic.twitter.com/lUxMRocXjT
— Breaking News of the Day (@Breakingne66541) April 29, 2025
„Бев таму. Го гледав лично натпреварот. Бев таму со Тејлор Свифт. Како се случи тоа?“, рече Трамп предизвикувајќи смеа кај толпата навивачи на Филаделфија.
Свифт, која е во врска со играчот на Чифс, Тревис Келс, ја поддржа кандидатката на демократите Камала Харис на минатогодишните претседателски избори.