Забава
Вака изгледаат совршениот маж и совршената жена според вештачката интелигенција
Вештачката интелигенција генерира фотографии од совршена жена и маж, а резултатите загрижи многумина.
AI користеше алатки со кои доби увид во податоците и фотографиите на милијарди луѓе на социјалните мрежи и врз основа на нив создаде идеал што загрижи многумина.
Истражувањето го спроведе организацијата за подигање на свеста за нарушувања во исхраната „Булимија проект“ и тие предупредија дека резултатите се во голема мера нереални во нивното прикажување типови на тело и лесно е да се види зошто. Откритијата нема да им се допаднат на луѓето што не се набилдани и со исончан тен.

Фотографиите на мажи и жени покажуваат пристрасност кон потемните тонови на кожата. Жените се прикажани со руса коса и кафеави очи, мажите имаат кафеави коса и очи. Но, бојата на косата е можеби најмалиот проблем на овие фотографии.

Фотографијата на идеалното машко тело прикажува крупни, мускулести бодибилдери, со бицепси, кои изгледаат неприродно. 67 проценти од фотографиите на мажи вклучуваат кафеава коса, а 63 проценти се со исончана кожа.

По искористувањето на вештачката интелигенција за да ги анализира фотографиите што социјалните мрежи ги претставуваат како идеални маж и жена, „Булимија проект“ побара од вештачката интелигенција да ја сподели својата перспектива врз основа на фотографии од интернет.
„Со оглед на тоа што социјалните мрежи користат алгоритми засновани на содржината што привлекува внимание, лесно е да се погоди зошто приказите на вештачка интелигенција се сексуализирани. Платформите промовираат нереални форми на телото“, велат од организацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Деловниот стил добива нова димензија, Меланија Трамп носи совршено одело
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, присуствуваше на претседателскиот говор на Доналд Трамп, а поддршка му дадоа и сите негови деца. Како што обично е случај кога Меланија е во близина, сите очи се вперени во неа и нејзиното модно издание.
Меланија избра костум од модната куќа „Долче и Габана“ за овој важен настан во претседателскиот мандат на Доналд Трамп.
Првата дама избра вистински деловен стил за оваа единствена пригода, но со допир на вечна елеганција. Совршено скроен костум во потемна нијанса беше нејзин избор, а го комбинираше со бела кошула, едноставен црн појас и високи чевли.
Нејзината препознатлива фризура и шминка повторно беа тука, а Меланија цело време стоеше покрај својот син Барон и не ја симна насмевката од лицето.
За време на самиот говор, таму беа и останатите деца на Трамп, Иванка, Ерик, Тифани и Доналд Трамп помладиот. Сите стоеја заедно и покажаа дека семејството и добрите односи се пред сè кога станува збор за нив.
Ова беше уште една модна задача што Меланија ја заврши без многу проблеми и ја зацврсти својата позиција на листата на најдобро облечени жени во светот.
Забава
(Фото) „Викиншката девојка“ прави хаос во бикини: „Сакам да бидам на снег со тебе“
Норвешката инфлуенсерка Џоана Норденг обожава да објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, па затоа и стана позната. Нејзините последни објави се направени среде шума и ги израдуваа многу луѓе.
Фокусот, секако, не беше на природата и прекрасните пејзажи, туку на нејзиниот изглед и фактот дека среде зима и снег таа позира во минијатурно бикини, а носи и крзнена шапка, ракавици и чизми.
Белото бикини совршено одговараше на нејзиниот исончан тен, но и на снежната позадина, па за момент сите заборавија колку е студено.
Веднаш стана јасно зошто има речиси 90 илјади следбеници, а луѓето во коментарите не го криеја својот ентузијазам за нејзиниот изглед и храброст.
На Инстаграм профилот на Џоана доминираат фотографии од плажа, а дури и кога не е на плажа – очигледно нема проблем да се соблече на снег, додека себеси се опишува како „норвешка викиншка девојка која патува низ светот во слатки бикини“.
„Забавувај се“, „Совршена си“, „Повеќе вакви содржини, дозволи твојата убавица да зборува“, „Сакам да бев со тебе на тој снег“, „Толку си жешка што не е нормално“, беа само дел од коментарите.
Забава
(Фото) Пролетта нè повикува: 5 безвременски комбинации со бели панталони
Во текот на зимата, многумина од нас имаат тенденција да избираат облека во темни бои. Сепак, белите панталони можат да бидат зачудувачки и елегантен дел во зимскиот стил, нудејќи свежина и стил во време кога модата обично се поврзува со темни бои.
Особено овие сончеви денови во текот на зимата се можност да ја вклучите белата боја во вашиот зимски стил, создавајќи пролетни комбинации, дури и ако температурите се ниски наутро и навечер.
Со вистинските парчиња облека, можете да создадете импресивни комбинации со бели панталони.
Еден начин е да ги комбинирате со меки, зимски ткаенини како волна или кашмир. Пар бели панталони можат да додадат сјај на вашиот стил, а воедно да обезбедат топлина и удобност.
За лежерен зимски изглед, размислете за комбинирање на бели панталони со топол џемпер или стилска јакна. Можете исто така да додадете пар чизми за зимски изглед.
Ако сакате да создадете ексцентричен и модерен outfit, комбинирајте ги белите панталони со смело обоен капут.
За поформални настани во зима, не плашете се да изберете бели панталони во комбинација со стилски долг капут. Белата боја ќе даде елеганција и софистицираност, а во исто време совршено ќе го надополни вашиот outfit.
Одлична опција е да комбинирате бели панталони со капут. Облека која ќе ви обезбеди неспоредлива топлина и стил.

