Забава
Ван Го? Ван Гоф? Ван Гог? Сите грешат, тврдат експерти
Како го изговарате “Van Gogh”? Најверојатно погрешно, американски Си-ен-ен цитира инсајдери на стартот на интерактивната изложба на дела на славниот сликар.
Изложбата Meet Vincent van Gogh (Запознајте го Винсент ван Гог) што се одржува во познатиот уметнички центар во Лондон, Southbank Centre, ветува неверојатни проекции, интерактивни инсталации, врвна сценска работа и привлечна приказна додека го носи гледачот низ животот на холандскиот уметник.




Но, аудиоводичот за изложените дела, дојдени од Музејот Ван Гог во Амстердам, им ги крена веѓите на посетителите кога го изговори презимето на сликарот како „Ван Го“, типичен американски изговор. Во Велика Британија, луѓето имаат тенденција да кажат „Ван Гоф“.
Презимето кое го изговори водичот, „Ван Го“, подоцна на прес-конференцијата предизвика дискусија помеѓу холандскиот амбасадор во Велика Британија, Сајмон Смитс, директорот на Музејот Ван Гог, Адријан Донзелман, и правнукот на сликарот, Вилем ван Гог.
Мартин Бејли, автор на Starry Night: Van Gogh at the Asylum („Ѕвездена ноќ: Ван Гог во азил“) изјави за Си-ен-ен Стил дека има уште многу варијации на името во светот – и дека таквите варијации влијаеле на тоа како легендарниот уметник ги потпишувал своите слики.
Аудиоводичот на изложбата во Лондон го изговара „Го“ исто како и Американците, вели Бејли, кој пишува блогови за Ван Гог за весникот The Art Newspaper. Англичаните го изговараат „Гоф“, Французите „Гог“, а Холанѓаните го изговараат со гутрален звук „Кхокх“.
Ван Гог обично користел „Винсент“ за да ги попише своте слики и писма, затоа што на луѓето им било полесно да го изговорат.
Ван Гог често патувал низ Европа, се преселил во Лондон каде што работел како продавач на уметнички дела кога имал 20 години, а живеел во Франција. Неговите слики се потпишани „Винсент“, а во писма и документи уметникот честопати е именуван како господин Винсент или монсињор Винсент.
„Тој секогаш сакаше да биде Винсент затоа што Французите и Англичаните не можеа да го изговорат неговото име“, вели Бејли за Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

