Забава
(Видео) Американски пратеник го однел синот на работа, момчето сега е интернет-ѕвезда

Американскиот пратеник Џон Роуз одржа незаборавен говор. Но не поради тоа што го кажа, туку поради неговата придружба. Згора на тоа, сите што го гледаа неговиот говор тешко се концентрираа на она што го зборува Роуз, а причината за тоа беше она што се случуваше зад него.
View this post on Instagram
Имено, Роуз го однел својот син Гај на работа. Момчето го украде целото внимание додека правеше гримаси пред камерата, а татко му држеше говор за Доналд Трамп.
Сепак, ситуацијата е уште посмешна бидејќи Роуз немала поим што прави неговиот син пред камерите додека го држел својот говор.
Hilarious! Republican Representative John Rose had no idea his son was having fun making faces while he talked about Trump on the House Floor. Roll the video. You know every late night show will have this tonight. source: @cspan #laugh pic.twitter.com/L1cxBGGYH1
— Rebecca Aguilar (@RebeccaAguilar) June 3, 2024
Роуз објави клип од говорот на своите социјални мрежи.
„Ова го добивам кога му кажувам на мојот син Гај да се насмевне на камерата за неговиот помал брат“, напиша пратеникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џесика Алба е на одмор во Европа со својата ќерка Онор, објави заеднички фотографии

Џесика Алба е во Европа со својата 17-годишна ќерка Онор, а на Инстаграм објави фотографии од нивниот заеднички одмор.
„Прекрасни, вечни моменти со моето мало девојче“, напиша 44-годишната актерка, а набрзо од нејзините обожаватели и следбеници беа преплавени со комплименти.
Многумина напишаа дека Онор многу личи на нејзината мајка.
Во јуни, мајка и ќерка заедно присуствуваа и на венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција, а актерката и тогаш сподели нивни заеднички фотографии.
Фото: принтскрин
Забава
Северина настапи во Словенија во проѕирен црн фустан, објави фотографии

Северина настапи во Порторож, а нејзиниот фустан дизајниран од Матија Вуица привлече посебно внимание. Пејачката објави фотографии и видео од концертот, а воедно ја искористи можноста да ѝ го честита роденденот на познатата хрватска дизајнерка.
„Ова не се обични фотографии, ова е гордост и среќа што (повторно) дојдов во Порторож… Ќе видите во видеата. А овој фустан е креација на една посебна жена. Среќен и благословен е овој ден, бидејќи таа се роди и го збогатува мојот живот повеќе од 30 години. Уметница, сопруга, пријателка, се роди единствената и единствена Матија Вуица. Среќен роденден, ангелу…“, напиша пејачката покрај фотографиите на кои позира во проѕирен црн фустан украсен со детали од чипка и шлиц што ги открива нејзините нозе.
„Северина, годините не ти можат ништо“; „Обожавам кога останувам без зборови“, „Опасна си, Севе“, „Старееш наназад“, беа комплиментите од нејзините обожаватели.
Подоцна, пејачката објави видео од концертот, на кое се гледа каква била атмосферата.
Забава
(Фото) Пејачката ги извади силиконските импланти и облече тесен фустан со гол грб, објавија српските медиуми

Наташа Беквалац со години важи за една од најубавите пејачки во Србија и регионот, а единственото вештачко нешто што го носеше беа силиконските гради.
Беквалац одлучи да ги отстрани и да биде целосно природна, а на концерт покажа како изгледа, објавија српските медиуми.
Таа на настапот ја воодушеви публиката и со својот глас и со својата фигура.
Долгиот, лелеав фустан што ја откриваше секоја линија од нејзиното тело совршено ѝ стоеше, а предниот дел ги покажуваше нејзините природни гради, кои Наташа гордо ги претстави.
Наташа Беквалац веќе некое време е во Црна Гора со своите ќерки и најблиските пријателки, а веќе неколку пати го привлече вниманието на јавноста со својот изглед и провокативните фотографии на плажа.
Фото: принтскрин