Забава
(Видео) Бред Пит разочарува во кујната, но жените сепак го обожаваат
Бред Пит едноставно цвета од кога почна да се забавува со Инес де Рамон, која е речиси три децении помлада од него.
Познатиот холивудски актер Бред Пит моментално е една од главните теми, особено по објавувањето на новиот филм „Ф1“. Тој блескаше на премиерата со својата девојка Инес Де Рамон.
Долго време потоа се пишуваше дека актерот страда од „криза на средни години“, со оглед на тоа што драстично го променил својот изглед и стил на облекување откако почнал да излегува со помлада убавица.
Како и да е, тој е сè уште ненадминлив.
Овој пат, се најде во кујнско видео каде ги покажува сите свои вештини.
Тој се снимаше заедно со готвачите Роберто Моралес и Исајас Еспиноза, како и некои од неговите колеги од филмот. Тие заедно подготвуваа мексиканска храна и очигледно се забавуваа одлично.
Сите пробаа некои мексикански додатоци, а интересен детаљ беше кога Бред го сечеше месото кое речиси му излета од рака. Иако целта беше да се натпреваруваат, на крајот одлучија дека сите такос се одлични и дека нема победник.
Секако, видеото привлече големо внимание најмногу поради Бред Пит, но и затоа што не сме навикнати да го гледаме во вакви изданија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кралицата на необичните изданија повторно шокира: Дали и ова е фустан?
Многу познати личности блеснаа на доделувањето на наградите „Готам“ во Њујорк, а покрај Џулија Робертс, која привлече внимание со својот сатенски костум, цел на модните критичари беше пејачката и претприемачка Ријана.
Ријана одлучи да облече преголем фустан за оваа пригода, поточно, подуена креација која го носи потписот на брендот „Баленсијага“. Станува збор за минималистичка тоалета во пудресто розова боја која уникатно го отсликува бунтовничкиот дух на Ријана.
За да го комплетира стајлингот, таа додаде скапа огрлица во розови и виолетови тонови, како и пердувеста шапка која дополнително го нагласуваше нејзиниот смел моден израз.
Впечатливи беа и црните кожни ракавици, кои на целиот аутфит му дадоа современа нота.
Секако, друштво на овој настан ѝ правеше нејзиниот сопруг АСАП Роки, кој носеше едноставно одело од Шанел во кафеава боја.
Забава
(Фото) Некои велат дека е чист сексапил, други дека е целосно модно промашување
Доделувањето на „Fashion“ наградите се одржа во Лондон, а на овој престижен настан присуствуваа многу познати личности. Покрај актерката Сиена Милер и пејачката Рита Ора, кои предизвикаа возбуда со своите изданија, вниманието на јавноста го привлече и поранешната ријалити ѕвезда Маура Хигинс.
Таа прошета по црвениот тепих во креација која предизвика поделба на мислењата кај обожавателите на настанот. И додека некои пишуваат дека фустанот е чист сексапил, други, според Дејли Меил, тврдат дека е целосно промашување.
Па, зошто нејзиниот аутфит е толку посебен?
Имено, убавицата носеше необична креација од дизајнерот Роберт Вун која ги истакнува нејзините стомачни мускули. Самиот аутфит може да се окарактеризира како уметничко дело, бидејќи не ги следи модните правила, ниту класичен крој.
Се состои од бел горен дел и интересен долен дел – здолниште кое комбинира два дезени.

epa12563372 Irish media personality Maura Higgins poses during the Fashion Awards 2025 at the Royal Albert Hall in London, Britain, 01 December 2025. The event gathers the global fashion community in London, being the primary fundraiser for the BFC Foundation, which supports the future growth of the British fashion industry through initiatives focused on education, grant-giving, and business mentoring. EPA/ANDY RAIN
Својот стајлинг го комплетираше со преголема шапка и проѕирни ракавици. Кога станува збор за шминка, на нејзиното лице беа забележливи земјени тонови, но и нежен беж кармин кој ја нагласуваше нејзината полна уста.
Забава
Актерката конечно пресече: „Не ги соблекувам потпетиците за низок маж“
Актерката Мишел Монаган неодамна проговори за еден специфичен проблем за време на нејзината актерска кариера, јавуваат странските медиуми.
Таа истакна дека честопати морала да ги соблекува високите потпетици за време на снимањето бидејќи била значително повисока од нејзините машки колеги.
Сепак, како што истакна за „The Hollywood Reporter“, таа практика завршила.
Монаган се потсети на снимањето на филмот „Somewhere“ од 2010 година, каде што глумеше со својот колега Стивен Дорф.
„Единствениот детаљ што го паметам од таа сцена е кутијата на која стои бидејќи е понизок од мене. Тоа е тој класичен холивудски момент: „Ова е проблем. Ќе мора да ги соблечеш потпетиците.“
Ѕвездата на серијата „White Lotus“ додаде дека ситуацијата се променила и дека ставила крај на таа воспоставена практика.
„Патем, повеќе не го правам тоа. Имаше период во мојата кариера кога тоа се очекуваше од актерките, но сега мислам дека тие едноставно знаат подобро, што е веројатно добра работа“, објасни таа, додавајќи:
„Нема да ги соблекувам чевлите за никого – освен ако проблемот не е звукот“, заклучи таа.

