Забава
(Видео) Вилијам Леви проговори по апсењето: „Се обидував да останам смирен цело време“
Кубанско-американскиот актер Вилијам Леви, кој е познат по улогите на заводник од сапуниците, минатиот викенд беше уапсен во Форт Лодердејл, Флорида.

44-годишникот беше уапсен бидејќи бил пијан на јавно место и упаднал во нечиј приватен имот. Според евиденцијата за апсење до која дошле локалните вести, тој бил „многу алкохолизиран и предизвикувал вознемиреност во ресторанот“, а менаџерот му рекол да не се враќа.
Во вторникот попладне Леви се појави на суд, каде што судијата му одреди кауција од 500 долари. Истата вечер тој беше ослободен од затвор. Се обиде да ги избегне новинарите, но безуспешно. Леви потоа ја раскажа својата верзија на приказната.
View this post on Instagram
Тој објасни дека се обидел да ја прекине расправијата, но дека на крајот завршил со лисици. Негира дека ја нападнал вработената во ресторанот.
„Цело време се трудев да останам смирен. На крајот, јас бев тој што мораше да си замине“, им рекол Леви на насобраните новинари.
Кога го прашале за обвинението за прекршување, Леви кратко рече: „Па мораа да ме приведат за нешто“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Жена со стил: сите гледаа во фустанот што го прегрнуваше нејзиното тело
Големиот настан наречен Vogue World: Hollywood собра бројни светски ѕвезди од различни сфери на уметноста.
Актери, модели, костимографи, филмски режисери и одлични модни магови беа дел од еден голем спектакл кој на уникатен начин ја истакна врската помеѓу филмската индустрија и светот на модата.
Актерката Никол Кидман имаше чест да ја отвори програмата со изведба на песната „Put the Blame on Mame“, а потоа познатата манекенка Кендал Џенер ги воодушеви сите присутни со своето грациозно одење.
Вниманието на јавноста го привлече и убавица која ја замени модната писта со место во публиката, а тоа е манекенката Хејли Бибер. За големиот настан, таа одлучи да носи црна кожна креација од Mugler која ја следи линијата на телото и ја нагласува нејзината завидна фигура.
Фустанот е украсен и со интересен детаљ во горниот дел, имено цвет кој ги нагласува градите. Голиот грб беше исто така составен дел од креацијата.
Својот стајлинг го комплетираше со минимална шминка во природни тонови, но и со класична пунџа која ја истакнуваше нејзината природна убавина.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Листата е направена: овие убавици ја носат титулата „Жена на годината“
Магазинот „Гламур“ ги прогласи своите победнички за Жена на годината за 2025 година.
Меѓу овогодишните добитници на наградата се големи имиња од светот на забавата, спортот и претприемништвото, вклучувајќи ја актерката Деми Мур, пејачката Тајла, јутјуберката г-ѓа Рејчел, актерката Рејчел Зеглер, шминкерката Пет Мекграт и играчи на WNBA лигата.
Овогодинешната тема е „Сестринство“, славејќи ги „врските меѓу жените, како во рамките на семејствата, така и во секој агол од глобалната заедница на списанието „Гламур“.
„Тоа сестринство може да се најде во приказните на овогодинешните победнички, но и во жените кои им раскажуваат – пријателки, соработници и обожаватели…“, се вели во соопштението.
фото: принтскрин
Забава
Убедливо највалканиот предмет во кујната, а го користите секој ден: како да го исчистите
Даските за сечење можат да помогнат во спречувањето на вкрстена контаминација помеѓу храната, поради што професионалците користат даски во различни бои за различни видови храна.
Сепак, дури и тогаш, тие треба правилно да се дезинфицираат за да се избегне оштетување. И не мора секогаш да се потпирате на хемиски и комерцијални средства за чистење.
Еден потенцијален проблем со користењето дрвени даски за сечење е тоа што тие обезбедуваат место за криење на микроскопските бактерии, што може да претставува ризик за вашето здравје.
Многу е важно да се запомни дека даските за сечење се направени од различни материјали, па затоа треба да се чистат со соодветни производи во зависност од материјалот. Ако не се чистат правилно, дрвените даски можат да акумулираат штетни бактерии.
Значи, исечете лимон на половина и исцедете го неговиот сок на даската, а потоа посипете малку сол врз него. После тоа, земете половина лимон и втријте ја солта во површината на даската, а потоа исплакнете ја под млаз вода. Солта ќе се претвори во абразивна паста, која ќе ги уништи сите бактерии скриени во гребнатинките.
Лимонот, исто така, може да помогне во освежувањето на вашата даска за сечење, оставајќи ја со пријатен, свеж мирис. Солта помага во чистењето на дрвените површини благодарение на нејзините абразивни својства, отстранувајќи ја нечистотијата и остатоците од храна од штицата.
Додека солта помага при триење, лимонот содржи киселина и природни својства за чистење кои помагаат во омекнување и отстранување на дамките, како и во убивање на скриените бактерии. Ова се должи на порозната природа на дрвото, каде што бактериите лесно можат да се заробат во влакната и пукнатините.
Дрвото, исто така, ја апсорбира влагата, што помага во растот на бактериите. За да се спречи развојот на скриени бактерии, вашата даска за сечење треба редовно да се мие и темелно да се суши. Чувањето на вашата даска на ладно и суво место дополнително ќе го ограничи растот на бактериите.
фото: принтскрин

