Забава
(Видео) Во главниот град на Хондурас се наоѓа аеродром каде што слетувањето е посебна приказна

Не е случајно што аеродромите најчесто се градат во напуштените периферии на светските метрополи. Тоа се прави со цел да се обезбедат совршени услови за слетување и полетување бидејќи пилотите мора да обезбедат сигурност за патниците.
Сепак, за аеродромот „Тонконтин“ во главниот град на Хондурас ваквите правила не важат. Иако се наоѓа на периферијата на Тегусигалпа, тој е опкружен со нерамен планински терен.
Веднаш околу аеродромот има приградски населби, а слетувањето ги става на тест дури и најискусните пилоти бидејќи за да се избегнат стрмнините и локалните куќи, тие мора да изведат драматично свртување под агол од 45 степени.
Поради тоа, несреќите овде се честа појава, па во период од 60 години регистрирани се десетина незгоди. Најголемата била во 1989 година кога „боинг 727-200“ од Сан Хозе не успеал да ја погоди пистата, па удрил во планината, при што загинале 131 лице.
И покрај сè, аеродромот нормално функционира и годишно тука минуваат 600 илјади патници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Бен Афлек на снимањето на новиот филм дојде со бурма

Бен Афлек беше забележан со венчален прстен на снимањето на претстојниот филм Animals.
Камерите го фатија актерот на пауза од снимањето. На левата рака јасно се гледаше златен прстен, што наводно е само дел од неговата улога.
Афлек и Џенифер Лопез официјално се разведоа на 21 февруари. Според судските документи, судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес го одобрил нивниот развод на 6 јануари, шест месеци откако пејачката поднесе барање.
Двојката уште во септември се договорила со посредство и на тој начин избегнала долготрајна судска битка.
Забава
Блејк Лајвли и се извини на Тејлор Свифт што ја вовлече во кавгата со Балдони

Блејк Лајвли наводно и се извинила на пејачката Тејлор Свифт што ја вовлекла во кавгата со Џастин Балдони, пишува News Nation.
„Сè решија. Блејк се извини и сега пак разговараат“, коментира добро информиран извор.
Да потсетиме, веќе некое време кружат гласини за лошите односи меѓу Свифт и Лајвли. Сè започна откако Џастин Балдони ја вклучи пејачката во неговата тужба против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Недолго потоа, извор близок до Свифт рече дека таа „се чувствува искористена“ и не и се допаѓа што Блејк ја нарекува „еден од нејзините змејови“.
Забава
(Видео) Калиопи воодушеви во Лисински, гости и беа Влатко Стефановски и Жељко Самарџиќ

Македонската музичка дива Калиопи во саботата одржа концерт во загрепската концертна сала Ватрослав Лисински.
Во придружба на оркестар, Калиопи го демонстрираше својот впечатлив вокален опсег.
„Сè уште сум опиена од енергијата на публиката. Каква ноќ, каков концерт! Со моите музичари го оставивме срцето на сцената Лисински, а секоја нота оваа вечер беше одраз на нашето искуство од оваа прекрасна сала. Два и пол часа поминаа како миг“, изјави Калиопи по концертот.
Како специјални гости на изненадување, на сцената ѝ се придружија блиските пријатели Влатко Стефановски со кој ја изведоа песната „Калеш Анѓо“ и Жељко Самарџиќ со кого го отпеа „Знам“, нивниот регионално познат дует.
Публиката двапати ја враќаше Калиопи на бис. На првиот бис го изведе својот голем евровизиски хит „Црно и бело“, а на вториот легендарниот евергрин „Бато“.