Забава
(Видео) Во карпа во Јужна Африка откриена вонземна материја

Во нов труд на Центарот за молекуларна биофизика ЦНРС во Франција, научниците тврдат дека откриле вонземна органска материја „заглавена” во вулканска карпа на планината Маконџва во Јужна Африка. Материјата е стара повеќе од три милијарди години.
„Ова е првпат да откриеме вистински докази за вонземен јаглерод во карпа“, изјави Франсес Вестал, астробиолог од ЦНРС.
Од праисторијата Сончевиот Систем со метеорити и други вселенски тела ја „бомбардирал“ Земјата, а според некои теории, дел од тие надворешни вселенски материи го овозможиле животот на нашата планета. Новите наоди можеби и го потврдуваат сето тоа.
„На некои карпи се пронајдени и наночестички од никел, хром и железо, што не е вообичаено кај обичните земни карпи. Ова посочува дека тој слој камења се појавил по судир со вселенско тело“, објаснува Дидие Гурие, водечки автор на истражувањето од Истражувачкиот универзитет ПСЛ.
Во заклучокот на научниот труд се вели дека, веројатно, вонземната органска материја паѓала на 3емјата со микрометеорити кои се измешале во атмосферата со вулкански пепел, а потоа биле втиснати во вулканските карпи на планината Маконџва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) По веста дека Бастијан има нова девојка, Ана Ивановиќ покажа што значи достоинство

Додека Бастијан Швајнштајгер ги полни насловните страници – и странските и домашните таблоиди – поради својата нова љубов, Ана Ивановиќ работи напорно на промоција на бренд.
Поранешната тенисерка се појави во Париз како амбасадорка на познат производител на домашни апарати. За таа пригода, таа избра елегантна комбинација, која совршено ја искомбинираше со златни додатоци.
Косата ја стилизираше на наједноставен можен начин – се одлучи за меки бранови.
Покрај тоа, на нејзиното лице имаше забележлива насмевка која кажуваше само едно – „Ана не сака да плаче и да жали“, а минималната шминка, која често ја избира за големи настани, повторно ги истакна нејзините природни црти на лицето.
Забава
Внимавајте: најинтелигентните жени се родени во три хороскопски знаци

Интелигенцијата може да биде пошармантна од која било фризура и помоќна од најскапиот парфем.
И некои жени го знаат тоа подобро од кој било друг, бидејќи имаат илјада мисли, идеи и анализи што им се вртат во главата додека остатокот од светот сè уште се обидува да сфати што навистина се случува.
Овие жени не треба да кажат „Знам“, бидејќи тоа е очигледно во нивните очи. Тие се интелигентни, проникливи, духовити и брзи.
Кога влегуваат во соба, тие пленат не нужно со својот глас, туку со своето присуство и фактот дека секогаш ќе го постават точното прашање на кое никој друг не ни помислил.
Ако некогаш сте останале без зборови од нечиј остар коментар, мудар совет или логичен заклучок што ја уништува целата расправија, постои голема веројатност дека токму сте разговарале со една од нив.
Најинтелигентните жени се родени под овие 3 хороскопски знаци, според астролозите.
Овен
Можете да ја препознаете нивната генијалност уште во детството. Дури и додека си играат во дворот, можете да ја забележите нивната самодоверба што произлегува од нивната интелигенција.
Кога ќе пораснат, тие сакаат да бидат главни и тоа навистина ги прави среќни.
Жените Овни се доста провокативни во секој поглед. Тие не се плашат да се оттргнат од општото јавно мислење ако размислуваат поинаку, бидејќи веруваат во својата интелигенција.
Шкорпија
Жените родени под овој знак ќе ги препознаете по фактот дека се многу различни од сите други. Тие имаат силна интуиција, па затоа лесно ги препознаваат манипулаторите и непријателите. И, ретко кој сака да им биде непријател.
Јарец
Тие се сериозни, тивки и внимателни. Но, тоа не значи дека не можат да се справат. Жените Јарци лесно можат да најдат заеднички јазик со кого сакаат, ако сакаат. Успехот им е на дофат бидејќи се трудат. Не сакаат да учествуваат во конфликти. Тие се упорни, но сепак смирени.
Забава
„Меѓу ѕвездите“: македонскиот бенд „CODE 369“ со нов албум

Македонскиот бенд „CODE 369“ од Битола, познат по својата силна музичка посебност, која комбинира фанк, џез, рок и поп, го објави својот втор студиски албум за Croatia Records – „Među zvijezdama“ („Меѓу ѕвездите“).
По успешното деби „Stages of Love“, овој нов албум го потврдува нивниот статус на еден од најсвежите алтернативни рок состави во регионот.
Автор на музиката за сите песни на албумот е Даниел Митревски, кој е и продуцент на албумот, додека текстовите се на пејачката Ирена Димовска, освен за песната „Конкретно“, кој го напиша Мила Влаисављевиќ. Албумот е снимен во студиото „Atelier“, а мастерингот е на Славко Ристески, работен во студиото Про Саунд. Визуелниот идентитет на албумот го дизајнираше Лана Ловриќ, чие уметничко решение ја следи атмосферата и пораката на албумот – патување низ емоциите и соништата.
„Албумот „Меѓу ѕвездите“ носи звук кој балансира помеѓу алтернативното изразување и комерцијалната прифатливост, притоа задржувајќи ја карактеристичната слобода, енергија и длабочина што обожавателите на бендот веќе ги препознаваат и ценат. Посебен фокус е ставен на синглот „Конкретно“, кој веќе наиде на одлични реакции кај публиката и критиката.
„CODE 369“ неодамна настапија на Деновите на Croatia Records во Македонија, каде во живо претставија неколку нови песни. Албумот досега беше достапен дигитално, а сега го има и како це-де издание, кое може да се купи и онлајн“.