Забава
(Видео) Ги разнежни дури и оние што не ја сакаат: Меган Маркл сподели емотивна снимка со своите деца
Принцот Хари и Меган Маркл се снимија себеси како поминуваат еден ден со своите деца во природа и уживаат во подготовките за претстојната Ноќ на вештерките. Кралскиот пар помина време со Арчи и Лилибет на фарма за тикви.
Во видеото објавено од Меган можете да ја видите неа и Хари како се држат за раце додека Арчи ја бара најдобрата тиква, а потоа во вториот дел Меган ја вози малата Лилибет во количка полна со тикви. По ова, сите заедно се вклучија во резбањето.
„Среќна недела“, напиша Меган во описот на видеото.
View this post on Instagram
Хари и Меган живеат со своите деца далеку од Велика Британија и од сите правила што ги наметнува кралското семејство. Нивниот дом е во Монтесито и ги воспитуваат своите деца на сосема поинаков начин.
Меган Маркл често споделува семејни моменти на социјалните мрежи и открива какви ритуали имаат таа и Хари со своите деца.
Иако често се цел на коментари, па дури имаше и шпекулации дека се на работ на развод, со ова видео тие, дефинитивно, ги негираа сите шпекулации за наводни проблеми во нивниот брак.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Со нив нема „само уште 5 минути“: хороскопски знаци што мразат доцнење
Постојат хороскопски знаци кои времето го сфаќаат многу сериозно. За нив доцнењето не е ситница, туку знак на неодговорност и непочитување.
Девица – исклучително организирана и точна. Доцнењето кај Девиците предизвикува фрустрација и ги тера да се прашаат колку сериозно можат да ве сфатат. Точноста за нив е основа на почитта.
Јарец – го цени времето како ресурс. Доцнењето го доживува како губење време и непрофесионалност. Не реагира бурно, но јасно покажува незадоволство и ретко заборава.
Овен – импулсивен и нетрпелив, не сака да чека. Очекува да бидете на време и доцнењето лесно го вади од такт, дури и ако тоа не го каже директно.
Забава
Започнува тридневната „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода
Вечерва почнува тридневната манифестација „Новогодишна приказна“ во паркот „Шопен“, во близина на ООУ „Невена Георгиева Дуња“, во Кисела Вода.
Од 19:00 часот ќе настапи Ди Џеј Марио со труба, а од 21:30 часот следи музичкиот проект Пауза за ракија на Игор Димовски. Водител на настанот е Миро Кацаров.
Паркот е празнично уреден и збогатен со новогодишни куќарки со топли напитоци и празнична храна, а организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат и да уживаат во предновогодишната атмосфера.
Настанот е отворен за јавноста.
Забава
Славен како дете, осамен како тинејџер: приказната на Меколи Калкин
Меколи Калкин откри дека на врвот на славата, како тинејџер, направил пауза од глумата бидејќи сакал да има што е можно понормално детство.
По огромниот успех на филмот Сам дома и неговото продолжение, како и улогата во Ричи Рич (1994), Калкин решил да се повлече затоа што се чувствувал изолирано и сакал да се дружи со врсниците, да излегува и да живее типичен тинејџерски живот.
Во интервју за емисијата Mythical Kitchen, тој објасни дека најчесто работел сам и ја спореди својата состојба со ликот на Том Хенкс во Cast Away. Калкин нагласи дека славата не ја барал свесно, туку „едноставно му се случила“.
По паузата што ја започнал на 14 години, тој се вратил на глумата во 2003 година со филмот Party Monster. Денес внимателно ги бира улогите и почесто работи на анимирани проекти. Во приватниот живот, со сопругата Бренда Сонг одгледува два сина.
depositphotos

