Забава
(Видео) Церемонијата на „Греми“ почна со оддавање почит на Коби Брајант
Доделувањето на наградите „Греми“ 2020 почна со оддавање почит кон кошаркарот Коби Брајант, кој загина во неделата, пишува британски Би-би-си.
„Вечерва е за тебе Коби“, изјави поп-ѕвездата Лизо, отворајќи го настанот со својата балада Cuz I Love You.
Алиша Кис, која беше водителка, односно домаќин на големата музичка манифестација, целиот настан го посвети на Брајант.

Воведниот говор Алиша го почна со емотивни зборови со кои оддаде почит кон Коби и неговата ќерка, кои загинаа истиот ден.
„Денес Лос Анџелес, Америка и целиот свет изгубија херој. Буквално стоиме овде со скршено срце во домот кој Коби го изгради“, рече Алиша во воведниот говор на Греми церемонијата што се одржа во арената во која играат Лејкерси.
„Ниту во еден момент не замислувавме дека шоуто ќе започне вака. Никогаш. Сакавме да направиме нешто што ќе опише барем малку, како сите се чувствуваме сега“.
По говорот, во сеќавање на прерано починатиот Коби, Алиша продолжи со а капела верзија на So So Hard to Goodbye, во придружба на Boyz II Men.
Греми наградите се одржаа во Стејплс центарот – арената која многумина ја нарекуваат домот на Коби Брајант – каде тој ја помина својата НБА-кариера во клубот Лејкерс.
Кошаркарската легенда и неговата 13-годишна ќерка прерано го загубија животот во хеликоптерска несреќа во неделата, 26 јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

