Забава
(Видео) Девојка прикажа како изгледа нејзиниот живот на Алјаска на минус 31 степен
Лорен Херст сподели видео од нејзиниот живот во кабина на Алјаска, каде што температурите се спуштаат до -31 Целзиусов степен. Таа на корисниците на „Тик-ток“ им даде увид и во нејзиниот импровизиран тоалет преку снимката објавена на каналот @explaurmore, каде што често објавува како е да се живее во толку оддалечен дел од светот, пренесува „Сан“ .
Лорен објасни дека во кабината нема вода или водовод, па затоа мора да оди во доградбата на крајот од нејзината градина. Куќата на Лорен нема врата, што значи дека таа целосно се смрзнува кога оди да врши нужда во зимските месеци.
@explaurmore Replying to @notre781 Winter outhouse update (and potential plans to rebuild)! Haven’t had any animal encounters, it’s not as cold/uncomfortable as you might think, and all is fine & dandy out here in the interior #alaska #drycabin #cabinlife ♬ The Housebuilding Song – David Ferguson
Нејзината градина моментно е покриена со густ снег, па таа мора постојано да копа патека за да оди во тоалет. Лорен рече дека не ѝ пречи да биде толку студено, иако не пораснала во снежна клима, таа е навикната на повлажно време, каде што „студот влегува во коските“ објаснувајќи дека сувиот студ на Алјаска е поподнослив.
@explaurmore Replying to @Brittany @Lauren Hurst 👈 if you click on this referenced video you’ll find the outhouse explanation/tour! I rent this cabin and this is what it came with when I moved in- a simple outhouse that gets pumped by a service that visits the property (seasonally or as needed). It’s ugly + character-building but weirdly adds to the charm of life out here. When sunny weather rolls back around, I plan on designing and building a new structure to take its place; but until then I’ll make the best of it and remind you all to be grateful for your warm indoor restrooms! 😂 #alaska #cabin #drycabin #winter ♬ original sound – Lauren Hurst
Додаде дека и не ѝ пречи што тоалетот нема врата бидејќи во близина нема луѓе и животни, а може да гледа во поларната светлина додека врши нужда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

