Забава
(Видео) „Дејли мејл“: Нуно Лопез е мажот од соништата на секоја жена
Португалскиот актер и диџеј Нуно Лoпез (42), кој го глуми лошото момче Дуарте Силва или „Боксер“ во новата хит-серија на „Нетфликс“, има сè што ѝ треба на секоја жена, пишува британски „Дејли мејл“.
Ако ја гледате новата хедонистичка серија на „Нетфликс“, White Lines, нема да сакате да се откажете од ниту една од овие три работи: летен одмор на Ибица, танцување во ноќен клуб и едно лошо момче – вратар во клубот.

Серијата, креирана од шпанскиот телевизиски продуцент Алекс Пина, ја следи библиотекарката Зое Вокер (Лора Хадок) додека се обидува да го најде човекот што го убил брат ѝ Аксел (Том Рис Харис) пред 20 години.
Но, ловот по убиецот преоѓа во втор план благодарение на зачудувачки убавите предели на Балеарските Острови и, секако, Боксер – вратарот во еден ноќен клуб, кој исто така е шеф на обезбедувањето на богато семејство.

Ликот Боксер или Дуарте Силва го игра познатиот актер и диџеј Нуно Лопез. 42-годишниот актер е веќе прилично познат во својата татковина, Португалија, со тоа што освои пет награди за најдобар актер на „Глобо де уоро“ (португалски еквивалент на „Златните глобуси“).
Актерот си обезбеди нова легија на обожаватели со оваа улога, пишува британскиот таблоид.
И покрај тоа што извршува две брутални убиства и измачува човек во обид да изнуди признание, „Боксер“ се покажа како голем хит кај гледачите.
Тој дури успева и да има секс над гроб, свежо ископан со помош на Зои за да ги скрие телата на двајцата убиени дилери на дрога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

