Забава
(Видео) „Длабока вода“: Бен Афлек, Ана де Армас во забавен еротски трилер
„Длабока вода“, со Бен Афлек и Ана де Армас во главните улоги, е еротски трилер од некогашниот мајстор на ваков вид филмови: британскиот режисер Адријан Лин, човекот зад „Девет и пол недели“, „Фатална привлечност“, „Непристоен предлог“ и „Неверни“ – популистички класици од 80-тите, 90-тите и 2000-тите, што ja истражуваа раскрсницата на моралот и сексуалноста.
Лин сега има 81 година, но „Длабока вода“ – неговиот прв филм по 20 години – сè уште го наоѓа како ѕирка низ истите замаглени прозорци. Сценариото на Зак Хелм и Сем Левинсон е адаптирано од истоимениот роман на Патриша Хајсмит.
Афлек го игра Вик ван Ален, а Де Армас е неговата сопруга Мелинда – богат пар од Њу Орлеанс, родители на малата ќерка Трикси, чиј брак е распаднат поради неверство. Вик на почетокот изгледа задоволен со тоа што ѝ дозволува на сопругата да се гледа со други мажи. Тој го трпи тоа – како што се гледа во раните сцени кога ќе ја види Мелинда како се бакнува со згоден млад русокос на забава.

Дали таа го прави тоа намерно за да го провоцира? Дали се тоа игри со умот? Дали и двајцата се откажуваат од оваа извртена отворена врска? Настаните стануваат уште помрачни кога ќе се појави телото на еден од пријателите на Мелинда, само неколку дена откако Вик се пошегува дека го убил.

Одеднаш сите жители на градот почнуваат да веруваат дека Вик е убиец. Семејниот пријател Лајонел Вашингтон (Трејси Летс) станува особено убеден во неговата вина и не се плаши да ја каже.
Во споредба со претходната работа на Лин, „Длабока вода“ е класа подолу според некои критичари, кои тврдат дека овој филм го нема истиот шмек на „Фатална привлечност“. Но, има нешто пријатно во ова дело, иако е далеку под очекувањата, а тоа ќе ги воодушеви љубителите на еротските трилери и романите на Хајсмит. Секс, пари и убиство – старите фаворити се преобразија во возбудлив поглед на модерните сексуални обичаи.
„Длабока вода“ ќе почне да се стримува на „Амазон прајм“ на 18 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кога телото нагло старее: Ова се критичните години
Луѓето не стареат со исто темпо. Кај некои, првите брчки и бели влакна се појавуваат порано, додека други го задржуваат својот младешки изглед долго време. Сепак, новото истражување покажува дека постојат два периода во животот кога промените стануваат ненадејни и поизразени.
Научници од Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд следеа повеќе од 135.000 биолошки маркери кај 108 испитаници во текот на неколку години. Тимот го водеше Мајкл Снајдер, претседател на Одделот за генетика.
Резултатите покажаа дека дури 81 процент од молекулите поврзани со стареењето не се менуваат постепено, туку во таканаречен нелинеарен модел. Со други зборови, телото не старее рамномерно. Промените доаѓаат во бранови.
Постојат два особено чувствителни периоди – околу 44 и 60 години. Тогаш се случуваат ненадејни молекуларни промени. Начинот на кој телото ги обработува алкохолот и кофеинот се менува. Го забавува метаболизмот. Ризикот од кардиоваскуларни заболувања, исто така, се зголемува.
Студијата е објавена во стручното списание Nature Aging. Иако точната причина за овие промени не е утврдена, истражувачите посочуваат на можни фактори на животниот стил.
Во средната возраст, консумирањето алкохол често се зголемува. Стресот е поизразен. Квалитетот на спиењето се намалува. Сето ова може да има последици врз срцето и имунолошкиот систем.
фото/Depositphotos
Забава
Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс
По повеќе од еден месец откако беше пронајдена мртва во хотел во Сан Франциско, причината за смртта на 34-годишната Викторија Џонс, ќерка на познатиот актер Томи Ли Џонс, е објавена. Таа почина на 1 јануари, а причината за смртта е предозирање со кокаин.
Канцеларијата на главниот судски испитувач во Сан Франциско објави дека Викторија починала од „токсични ефекти на кокаинот“. Начинот на смртта беше опишан како „несреќен случај“.
Полицијата и пожарникарите во Сан Франциско реагираа во хотелот Фермонт во 2:52 часот наутро на 1 јануари по пријава за медицинска итна состојба. По пристигнувањето, ја пронајдоа починатата, чиј идентитет не беше официјално објавен во тоа време.
NBC Bay Area подоцна објави, повикувајќи се на полициски извор, дека станува збор за Викторија. Во аудио-снимка од повикот до кој дојде People, случајот е опишан како сомнително предозирање со видливи знаци на промена на бојата на кожата. Таквиот опис најчесто се однесува на цијаноза – состојба поврзана со ниски нивоа на кислород во крвта, што може да предизвика кожата, усните или ноктите да добијат синкава или виолетова боја, а често се поврзува со срцеви или белодробни нарушувања.
Семејството издаде соопштение за трагичната загуба денот по смртта, на 2 јануари. „Ги цениме сите љубезни зборови, мисли и молитви. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во ова тешко време. Ви благодариме“, рекоа тие во соопштението.
Викторија беше ќерка на Томи Ли Џонс и неговата поранешна сопруга Кимберли Клафли. Двојката има и 43-годишен син, Остин Џонс.
Викторија имала неколку помали улоги, вклучително и во филмови на кои работел нејзиниот татко. Таа се појави во филмот „Човек во црно II“, вестернот „Трите погреби на Мелкијадес Естрада“ и филмот од 2014 година „Домаќинот“. Таа исто така глумеше во филмот „Извинете, мразители“ и во епизода од „Еден рид на дрвјата“ во 2005 година.
Според судските записи, таа била уапсена најмалку двапати во изминатата година, од кои еден бил за поседување дрога.
Забава
(Видео) Најжешката бринета за промена ги покри градите: и повторно е совршена
Пејачката Никол Шерцингер (47) е најмногу во центарот на вниманието поради својот изглед, но и поради жешките фотографии од плажа што често ги објавува на социјалните мрежи.
Кога не е на плажа, таа е на црвениот тепих и повторно е најжешка и најубава. Со нејзиното појавување на Неделата на модата во Њујорк, Никол покажа дека голотијата не секогаш победува и дека елеганцијата може да го најде својот пат до совршенство.
Лелев син фустан во комбинација со црни салонки беше вистинскиот избор за убавата пејачка. Иако сме навикнати често да биде провокативна и да ги открива градите, овој пат сè беше спротивно.
Не видовме ниту трошка провокација од Никол Шерцингер, но бевме убедени дека елеганцијата ѝ стои повеќе од сè друго.
Меките бранови во косата и црвениот кармин го надополнија ова модно издание на прекрасната бринета која трпеливо позираше за собраните фотографи и уживаше во комплиментите.

