Забава
(Видео) Евровизија и’ забрани на Малта да го користи eден збор во својата песна
ЕБУ одлучи дека претставничката на Малта за Евровизија, Миријана Конте, мора да смени дел од текстот на нејзината песна.
Имено, една недела пред претставничката на Малта на Евровизија официјално да ја достави својата песна, ЕБУ побара од неаа да го отстрани зборот „кант“ од песната.
Тој збор во песната е на малтешки, додека целата нумера е мешавина од малтешки и англиски.
„Моментално го снимам официјалниот спот за Кант, буквално го живеам мојот најдобар живот. Штотуку нè информираа дека ЕБУ одлучи дека не можам да го користам малтешкиот збор „кант“ на нашиот влез на Евровизија. Иако сум шокирана и разочарана, особено што имаме неполна недела да ја испратиме песната, ви ветувам: шоуто продолжува, не потфрлив“, изјави Миријана.
Кант значи пеење на малтешки, но на англиски има вулгарна конотација и затоа ЕБУ ја донесе оваа одлука. Не е прв пат ЕБУ да бара од една земја да го смени текстот на песната, но можеби е првпат критичкиот збор да биде збор што има сосема пристојно и ненавредливо значење на оригиналниот јазик, додека тоа го нема на англиски.
Песната Кант стана вирална уште пред да биде избрана на Малтешкиот национален избор за песна на Евровизија. По одлуката на ЕБУ, бројни фанови и учесници на Евровизија допреа до Миријана во коментарите.
„Кант засекогаш ќе биде во нашите срца“, коментира Ерика Викман, претставничката на Финска.
„Ова е лудо. Тоа значи дека не можеш да пееш на свој јазик. Кант на малтешки значи пеење. ЕБУ ги крши сопствените правила“, „Правда за Кант“, „Што и да одлучат, публиката во Базел ќе вика Кант“, „Публиката ќе ти го пее“, се дел од коментарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Совршеното дамско издание дефинитивно постои, но никој не го очекуваше од Рита Ора
Пејачката Рита Ора се појави на настан во Лос Анџелес посветен на жените организиран од списанието ELLE и во таа пригода ги остави сите без здив.
Иако сме навикнати и веројатно веќе очекуваме да видиме некое екстремно голо издание, барем провокативно, овој пат Рита отстапи од своето непишано правило и ги изненади сите, позитивно.

За овој настан, пејачката избра елегантен виолетов фустан од кадифе, кој не е ни премногу тесен, туку доволно за да ги истакне нејзините облини. Интересен детаљ им го привлече вниманието на сите кога се сврте и го покажа својот гол грб, како и тетоважите.
Рита сакаше да биде особено елегантна и ненаметлива, очигледно за овој настан, па соодветно на тоа не претеруваше со шминката, додека косата ѝ беше во плетенки и мала пунџа.

Ѕвездата на ова модно издание беше нејзиниот гол грб и тетоважите што ги покажа, па затоа се обидуваше постојано да позира за фотографите така.

Несомнено е дека ова појавување на атрактивната пејачка ќе се памети долго време, иако не се „соблече“ на начинот на кој само таа знае.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Кејт Хадсон покажа дека сè уште може да биде главна ѕвезда на вечерта
Познатата актерка Кејт Хадсон се појави на доделувањето на наградите „Гувернерс“ во необично елегантен фустан и ги шармираше сите со своето модно издание.
Славната русокоса избра долг фустан со посебен вез на ракавите и процепите за театарот „Долби“, а вистинската магија се случи кога се сврте и го покажа својот гол грб, што ја направи целата креација уште поелегантна.

Фризурата во духот на стариот Холивуд зачини сè, а Кејт покажа дека сè уште може да биде главна ѕвезда на вечерта, само ако малку се потруди.
По неколкуте запалувачки изјави, но и провокативни изданија, ова појавување на Кејт Хадсон доаѓа како вистинско освежување.

Во текот на летото, таа привлече внимание со своите провокативни објави во бикини, а судејќи според овие фотографии, актерката цела година напорно тренираше и ја усовршуваше својата фигура.

фото: принтскрин
Забава
(Фото) Вамп издание на контроверзната убавица
Контроверзната Тејана Тејлор ужива кога е во центарот на вниманието, а нејзината оскудна гардероба, во која е вистински мајстор, ѝ помага да го постигне тоа. Сега се појави на церемонија на доделување награди посветена на жените организирана од списанието ELLE и ги „воодушеви“ сите со попровокативното издание.

Секогаш на работ на вулгарност, а можеби и вулгарна, ако ги прашате критичарите, Тејана Тејлор не се откажува од својот стил.
Таа самоуверено позираше за фотографите во необична креација за која до крајот на вечерта не беше јасно дали станува збор за фустан или за некое друго импровизирано парче облека.

Златниот „фустан“ со качулка и гол грб беше повеќе од доволен за сите веднаш да ја погледнат. Со оглед на тоа што едвај ги покриваше градите, Тејана цело време беше во опасност од вистинска модна катастрофа.
Нагласената шминка и впечатливиот накит го заокружија уште еден екстравагантен изглед на убавицата за која сите возбудуваат секогаш кога се појавува во јавност.

фото: принтскрин

