Забава
(Видео) Жена му рекла на сопругот да ѝ плаќа по 100 евра неделно за готвење и чистење: „Некои ме мразат“
Алиса Али Ди (28) предизвика дебата на интернет кога откри дека нејзиниот сопруг Том (51) ѝ плаќа 100 евра неделно за да готви и да го чисти нивниот семеен дом. Парот се запознал во војска, каде што работеле заедно, а сега се во брак речиси три години и го очекуваат своето прво дете.
Во видеото, кое го објави на „Јутјуб“, таа вели дека додека биле свршени, одела на факултет и работела надвор од домот, но дека со текот на времето сфатила оти нејзиниот сопруг, според Алиса, сака повеќе внимание од неа, па се договориле дека ќе биде домаќинка.
„Договорот беше дека ако не сум добра домаќинка, ќе се вратам на работа“, објаснила идната мајка.
„Воопшто не би рекла дека сум феминистка. Мажите нè сакаат толку многу“, додала таа.
Алиса тогаш рече дека повеќето од домашните работи, како готвење, чистење и перење, сама ги извршува и дека добива 100 евра неделно за трудот.
Таа објасни дека оваа плата ѝ носи повеќе пари отколку што некогаш заработила за време на военат кариера и дека внимателно управува со семејниот буџет.
„Сакам да живеам за да не морам постојано да се грижам за финансиите и да размислувам колку пари имам“, вели таа.
„Секако, има жени на социјалните мрежи што ме мразат. Но, тие се главно над 30 години и сами“, додала Алиса.
Видеото што беше објавено пред неколку дена е прегледано речиси 15.000 пати и е преплавено со коментари од луѓе чии мислења беа поделени.
Многумина разговараа за животите на Алиса и Том. Една корисничка на „Јутјуб“ рече дека 100 евра не се доволни за да се покрие целиот труд што таа го вложува во семејниот дом.
„Прави што сакаш, девојче, но и знај ја својата вредност и не плашете се да го побарате она што го заслужувате, што е повеќе од 400 долари месечно за целата таа работа“, напиша.
Една жена се согласи со коментарот.
„Прекрасно. Би сакала да имам ваков традиционален брак во кој жената е среќна дома додека се грижи за своето семејство“, напиша таа.
Имаше и такви што не го поддржуваа овој начин на живеење.
„Имав врска со дечко кој се обиде со мене, сакаше да му бидам куќна помошничка. Тоа е причината поради која раскинавме”, рекла една девојка.
„Проблемот овде е што зависиш од него, немаш ништо свое. Да се биде независна како жена сепак има своја вредност“, додаде друг корисник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Комичарка го исмеа Леонардо Ди Каприо на „Златните глобуси“, неговата реакција е вирална
Комичарката Ники Глејзер беше домаќинка на доделувањето на наградите „Златен глобус“ втора година по ред, а церемонијата одржана на 11 јануари беше обележана, меѓу другото, со шега за Леонардо Ди Каприо и неговите врски со многу помлади жени.
Глејзер се осврна на номинацијата на Дикаприо за неговата улога во „Една битка по друга“.
„Безброј иконски улоги, си работел со сите големи режисери. Освои три Златни глобуси и еден Оскар. И најимпресивното од сè е што успеа да го направиш сето ова пред твојата девојка да наполни 30 години. Мислам, тоа е едноставно лудо.“
51-годишниот актер, навикнат на вакви досетки, се насмеа и кимна со главата во знак на одобрување. Неговата 27-годишна девојка, Виторија Черети, со која неодамна беше на одмор во Сент Бартс, не беше со него таа вечер.
„Лео, жал ми е за шегата, ефтина е, се обидов да ја избегнам“, рече Глејзер.
„Но, не знаеме ништо друго за тебе, човече. Нема ништо друго… Направив малку истражување, најдлабинското интервју што некогаш си го дал е за Тин Бит во 1991 година. Дали твојата омилена храна сè уште е „тестенини, тестенини и уште тестенини“?“
„Да“, промрмори актерот од својата маса со палец нагоре, „секако дека е“.
фото/депозитфотос
Забава
Концерт на Слаткар на 2 август во Охрид
На 2 август, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, во организација на „Прагма продукција“, Марко Маринковиќ – Слаткар ќе го одржи својот најголем концерт досега.
Настан што ја отсликува зрелоста на една кариера и нејзиното цврсто место на домашната сцена како резултат на континуиран и јасно изграден авторски пат.
Концертот во Охрид ќе отслика една ера и едно време, преку песни што оставија значаен белег на нашата музичка сцена – сега со нова енергија, пред илјадници луѓе, на отворена сцена, во град кој е симбол на културата и уметноста.
„Овој концерт за мене е од голема важност. Тој е круна на мојата досегашна работа. Вечерта, на Илинден, сите мои блиски пријатели ќе бидат дел од сцената. Конечно македонски концерт на стадион! Дојдете најубаво да си поминеме!“, вели Слаткар.
Во повеќе од дваесет години активна работа, неговата музика се менуваше и созреваше, но никогаш не ја изгуби суштината, директноста и искреноста. Токму поради тоа, песните не се заборавија, туку се доживуваат сè посилно и продолжуваат да живеат од генерација на генерација.
Во време кога сцената брзо заборава, Слаткар успеа да се задржи цврсто, без да се повторува, и да биде препознатлив без потреба да се објаснува или докажува.
На 2 август, стадионот „Билјанини Извори“ ќе стане место каде минатото, сегашноста и иднината ќе се сретнат во ист ритам – со неговите безвременски хитови, богата програма со специјални гости и врвна продукција.
Не пропуштајте да бидете дел од овој историски концерт!
Картите се веќе во продажба и може да се купат преку: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел Бисер и ЈК Травел Дајмонд.
Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5728
Забава
(Видео) Пожар избувна зад сцената на доделувањето на Златните глобуси
За време на синоќешната доделба на Златните глобуси во Лос Анџелес избувнал мал пожар зад сцената. Инцидентот се случил во прес-собата, откако член на кетеринг-службата случајно превртел сад за загревање храна, објави „Дели мејл“. Новинарот Крис Гарднер наведе дека тепихот кратко горел, се појавил чад, но пожарот брзо бил изгаснат и никој не бил повреден.
Crisis averted inside #GoldenGlobes backstage press room as catering knocked over a coffee holder and the sterno underneath was lit. For a brief moment, the carpet was on fire and smoke wafted up around the curtains. They put it out quickly fortunately. Yikes! pic.twitter.com/FTFixnZppT
— Chris Gardner (@chrissgardner) January 12, 2026
Инцидентот не бил единствениот што ја одбележал вечерта. Гледачите реагирале бурно откако наградата за најдобра филмска музика му била доделена на Лудвиг Горансон за филмот „Sinners“ за време на рекламна пауза. Снимката од моментот стана вирална, а многумина оценија дека станува збор за непочитување кон уметниците, особено затоа што за други сегменти од церемонијата имало доволно време.
Ludwig Göransson accepts the #GoldenGlobes award for for Best Score Motion Picture! 🎵 Congratulations! pic.twitter.com/IVW28K3HTb
— Golden Globes (@goldenglobes) January 12, 2026

