Забава
(Видео) Изгоре лимитиран „мекларен“ на познат јутјубер

Алехандро Саломондрин е светски познат јутјубер кого го следат повеќе од еден и пол милион луѓе. Познат е по својата ергела суперавтомобили, во која се Porsche Carrera GT, Rolls-Royce Phantom, McLaren 720S и слични автомобили.
Неодамна тој стана сопственик на лимитираниот „мекларен Сена“, но, за жал, само две недели по преземањето, автомобилот го зафати пожар во кој изгореа задниот дел и внатрешноста. Сè уште не е познато како се случил пожарот, но Саломондрин тврди дека немал несреќа со него.
Фотографиите, исто така, покажуваат дека автомобилот пред пожарот не бил оштетен, па сега инженери на британската автокомпанија се задолжени да ја откријат причината за пожарот.
Имено, однесувањето на Саломондрин создава мистериозност. Многумина кои се обиделе да разговараат со него за состојбата на автомобилот се блокирани, а на неговите социјални мрежи беше објавена само една фотографија. Саломондрин го обвини на Инстаграм полицаецот кој објави фотографии од автомобилот на местото на несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Нова снимка од Ана Ивановиќ насмеа многумина: „Убавина, шарм, карактер…“

По разводот од фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, српската тенисерка Ана Ивановиќ се посвети на семејниот живот, но и на социјалните мрежи.
Се чини дека сега е поактивна на Инстаграм од кога било, каде што објавува фотографии од својот приватен живот.
Неодамна имавме можност да ја видиме во пријатно женско друштво, што ѝ помага да ги преброди тешките моменти, а сега објави видео на кое на хумористичен начин покажува како се подготвува за излегување.
За снимањето на видеото, убавата Ана носеше црн макси фустан кој беше малку проѕирен, а својот стајлинг го комплетираше со златни обетки и кафеава чантичка.
Коментарите од следбениците постојано пристигнуваа, а многумина ѝ велеа дека е забавна и убава.
„Убавина, шарм, карактер. Совршена“, „Прекрасна Ана“, „Ана, те сакаме“, се само неколку…
Забава
(Видео) Иако сурово ја напаѓаа, Кејт Мос се врати во својата најдобра форма

Прославената манекенка Кејт Мос (51) позираше заедно со 25 други модели во она што е воедно и последната колекција на познатата Донатела Версаче.
За потребите на оваа кампања, ненадминатата Кејт позираше во краток фустан со леопардски принт кој имаше многу лабаво деколте, а воедно го истакна струкот со тенок ремен.
Набргу потоа, таа се пресоблече во златен фустан, со средна должина, но асиметричен. Таа повторно блесна на начин на кој само таа може и покажа дека без оглед на нејзините години, сè уште може да се натпреварува со своите многу помлади колешки.
Ова издание на Кејт Мос нè врати сите во 90-тите години кога таа беше една од најпознатите манекенки и ги „тресеше“ модните писти. Иако се соочи со многу критики, таа уште еднаш покажа дека може да се врати на старо, но само ако сака.
„Енергијата беше единствена. Фустаните ја одразуваа светлината на овие прекрасни жени. Се работи за пријателство, лојалност и љубов, и беше создадена за да ја прослави душата на жената од Версаче“, напиша Донатела.
Донатела Версаче неодамна ја напушти позицијата главен креативен директор на брендот „Версаче“.
Забава
Нејзините фотографии од бикини се сè што ви треба ова лето

Дури ни Данијела Димитровска не можеше да одолее на трендот за фотосесија во бикини – а зошто би, кога изгледа совршено!
Српската манекенка Данијела Димитровска веќе некое време ужива во магијата на летото во Црна Гора. Оваа година ѝ донесе многу предизвици и убави моменти, особено свршувачката со нејзиниот партнер Јеврем Косниќ, па летниот одмор дојде како пауза од нејзиниот зафатен живот.
Сепак, како јавна личност, Данијела не можеше да се дистанцира од социјалните медиуми и продолжи да ги информира своите бројни обожаватели за актуелните настани во нејзиниот приватен живот – како што правеше секогаш.
Таа неодамна објави компилација од атрактивни фотографии во портокалово бикини, а јасно се гледаа нејзината згодна фигура, исончаниот тен и бујните гради.
Својот стајлинг го комплетираше со минимална количина шминка и златни додатоци. Додаде и шапка за да се заштити од сонцето, но и за да ја истакне летната фризура – меки бранови кои слободно паѓаа.