Забава
(Видео) Изолирана заедница со 400 жители и само едно правило
Серенби е екокомуна скриена меѓу 400 хектари шумска површина јужно од Атланта во САД. Заедницата била создадена пред петнаесет години според дизајнот на архитектот Филип Таба и идеите на брачниот пар Најџрин, кој живее таму.
Основна идеја на комуната е живот без стрес, односно според принципите по кои живееле нашите предци. Членовите живеат во хармонија со природата. Јадат исклучиво органска храна одгледувана на локалните фарми, а на располагање имаат и три гурмански ресторани.
Домовите ги ладат и загреаваат со геотермални топлински пумпи, а големо внимание посветуваат и на своето здравје и физичка активност. Жителите на Серенби работат во своите градини, јаваат на коњи и одат пеш секогаш кога ќе им се укаже шанса за тоа.
Заедницата исто така присвојува и некои нови содржина за кои има голем интерес кај жителите како, на пример, јога и пилатес, а на располагање е и голем заеднички базен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Пејачката Нина Бадриќ пееше во црква на Карибите
Пејачката Нина Бадриќ пееше во црква на Карибите каде што служел свештеник од Хрватска.
Како што наведе во објавата на Инстаграм, на мисата се сретнала со Матија Матичиќ, свештеник од Хрватска, што ја поттикнало да ја изведе песната „Добрината Божја“. На видеата и фотографиите што ги сподели, може да се види како пее пред собраните верници.
„Кога ќе најдете црква на остров и ќе одите на неделна миса. Кога ќе сретнете свештеник од Хрватска на миса. Кога спонтано ќе ја пеете „Добрината Божја“ на миса. Немам поим што се случи во 2016 година, но знам дека денес, 18 јануари 2026 година, е совршен ден за мене“, напиша Бадриќ покрај објавата.
View this post on Instagram
Нејзиниот настап привлече позитивни коментари од следбениците. „О, Боже мој, колку е прекрасно. Не сум католик, но ова има посебен шарм и убавина“, „Колку среќа за овие верници и ви благодарам што е снимено и што и ние можеме да уживаме во тоа мало парче од таа миса… Ти благодарам Нина што сподели“, „Вистинско искуство во необичен свет простор“, се некои од коментарите на Инстаграм.
View this post on Instagram
Нина Бадриќ моментално е на одмор на Карибите, а на социјалните мрежи сподели фотографии од островот Ангила каде што престојува во комплексот Аурора Ангила. Официјалната веб-страница на одморалиштето тврди дека е „еден од најдобрите“ на островот. „Плажи, врвна гастрономија и прекрасни глетки создаваат неспоредливо искуство“, се наведува во нивната презентација.
Според информациите од официјалната веб-страница, цената на ноќевање за едно лице во јануари се движи од 1.277 до 1.843 евра, во зависност од видот на сместување, објави Индекс.хр.
Забава
Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс објавија фотографија со своите деца: „Поздрави од Антарктикот“
Мајкл Даглас (81) и Кетрин Зета-Џонс (56) ја започнаа новата година со семејно патување на Антарктикот, а им се придружија и нивните деца, 25-годишниот син Дилан и 22-годишната ќерка Керис.
Даглас сподели ретка семејна фотографија на својот Инстаграм профил, направена на брод. „Поздрави од Антарктикот!“, напиша актерот во описот на објавата.
На фотографијата, семејството е топло облечено во исти црвени јакни и црни панталони, со елеци за спасување.
Во октомври минатата година, Керис откри дека сериозно размислува за кариера во сценските уметности, која ќе ги следи стапките на нејзините познати родители. Таа вели дека пораснала околу театарот и иако не студирала глума во училиште, се надева дека ќе оди во таа насока сè повеќе и повеќе – особено откако дипломира на Универзитетот Браун во мај 2025 година со диплома по филм и меѓународни односи.
И Дилан не е далеку од глумата. Дипломирал на Браун во 2022 година и наскоро треба да го има своето филмско деби во психолошкиот трилер „Ќе дојдам кај тебе“.
Семејното бегство до крајот на светот се случи кратко по големата годишнина: Даглас и Зета-Џонс прославија 25 години брак во ноември. Актерката сподели емотивна објава на Инстаграм на 18 ноември, потсетувајќи се на нивната свадба од 2000 година и велејќи дека го сака „исто колку што го сакаше и тогаш“.
Даглас има и 47-годишен син, Камерон, од првиот брак со Диандра Лукер. Тој беше во брак со Лукер 18 години, а се разведоа во 1995 година.
Забава
(Видео) „Француски вагони“ – Александар Тарабунов објави нова песна
Во „Француски вагони“, Александар Тарабунов ја изразува динамиката на животот преку музиката, текстот, аранжманот и продукцијата, кои целосно ги реализира самиот, при што вистинската порака симболично се открива на самиот крај на песната.
Преку мотивот на француските вагони од минатото – време на бонтон и луксуз – се прикажува контрастот меѓу надворешниот сјај и скриените задкулисни игри, кои можат да донесат немир и внатрешни превирања.
На овој голем христијански празник, Богојавление (Водици), песната носи порака луѓето помалку да се фокусираат на материјалното, а повеќе да го слушаат срцето, да останат природни и вистински, да љубат искрено и да бидат човечни.
„Француски вагони“ е песна со силна емоција, современ звук и длабока симболика, проследена со визуелно впечатлив музички спот.

