Забава
(Видео) Илон Маск на пробно возење во тесниот тунел во Лос Анџелес
Милијардерот Илон Маск ја одведе новинарката Гајл Кинг од Си-би-ес на пробно возење во тунелот во Лос Анџелес. Новинарката „умре“ од страв.
„Не можеме да излетаме од шините, нели?“, плашливо го прашува таа Маск.
„Не сакам да се движиме побрзо од ова, не благодарам“, му одговара Кинг на Маск, кој вели дека се движат многу побавно од планираните 240 километри на час.
Тој во интервјуто во текот и по возењето ги наведе причините кои го поттикнале да го изгради тунелот. „Пред сè тука е големиот метеж во Лос Анџелес кој ме убива“, вели Маск.
Тој го отвори тунелот со визија да направи револуција во превозот во милионските градови со сообраќаен метеж. Тој се надева дека тунелот, долг 1,83 километри, е почеток за изградба на мрежа на подземни автопатишта.
Пробниот тунел се наоѓа под предградие во Лос Анџелес каде што се сместени две компании на Маск – „Боринг компани“, која го ископа тунелот, и компанијата за развој на вселенски ракети „Спејсикс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Никогаш не е доцна за љубов, вели новиот партнер на Џенифер Анистон
Новиот партнер на Џенифер Анистон, Џим Кертис, изјави дека никогаш не е доцна да се најде љубов, пренесе „Пипл“.
На прашање како да се пронајде љубов по 40-тата година, Кертис одговорил дека тоа се прави исто како и на 22 или 32 години – но со повеќе самодоверба, искуство и автентичност.
„Прво сакајте се себеси и знајте дека сте во совршени години“, рекол тој, додавајќи дека „животот не завршува на 42“.
Кертис и Анистон првпат биле видени заедно во јули, а потоа и на премиерата на новата сезона на серијата The Morning Show и на заедничка вечера со актерот Џејсон Бејтман и неговата сопруга. Според извор за „Пипл“, „тие повремено излегуваат и уживаат во дружењето“.
Забава
Дали знаевте дека во Европа постои село на Штрумфовите? Сè е сино!
Фото: Селото Júzcar, скриено во срцето на Андалузија, Шпанија, со своите сини куќи и ѕидни мурали инспирирани од Штрумфовите, стана една од најнеобичните европски атракции.
Во срцето на Андалузија, во Шпанија, се наоѓа необично место – селото Хускар (Júzcar), познато како „селото на Штрумфовите“, каде што сите куќи се обоени во сино.
До 2011 година, Хускар бил обично бело андалузиско село, сè додека продукциската куќа „Сони“ не го избрала за промоција на анимираниот филм Штрумфови, целосно обоивши го во препознатливата сина боја.
View this post on Instagram
По завршувањето на кампањата, куќите требало повторно да се вратат во бело, но мештаните одлучиле да ја задржат сината боја, откако туристите почнале масовно да пристигнуваат. Денес, селото е познат туристички бисер – украсено со мурали од Штрумфета, Папа Штрумф и Гаргамел, големи скулптури од печурки и патеки за прошетки меѓу зелените планини.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Хускар, кој некогаш бил индустриско село, денес живее од туризмот и гордо го носи прекарот – „најсинoто село во светот“.
View this post on Instagram
Забава
Ѕвездата на „Очајни домаќинки“: Не сум била под нож, да се биде жена е тешко, стареењето е тешко
Холивудската ѕвезда Тери Хачер, позната по серијата Очајни домаќинки, во ново интервју изјави дека никогаш не се подложила на естетска операција, иако призна дека не ја исклучува можноста во иднина.
Во подкастот „Д Скини Конфиденшл Хим енд Хер Шоу“ таа истакна дека ѝ пречи неискреноста на познатите жени кои тврдат дека не направиле ништо, а очигледно имаат естетски зафати.
„Кога славните лажат, сите други се чувствуваме лошо“, рече актерката, додавајќи: „Да се биде жена е тешко, стареењето е тешко.“
Хачер објасни дека нејзиното решение за стареењето е „внатрешна работа – интелектуална и емоционална“, а не пластична хирургија.
Таа се осврна и на двојните стандарди во Холивуд: „Светот е поблаг кон стареењето на мажите. Тие и на 70 изгледаат како ’најсексапилни живи луѓе‘, а жените постојано се под лупа.“

