Забава
(Видео) Кенгур влезе во базен за да се разлади од пожарите во Австралија
Семејство од австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс викендов снимило кенгур тежок 70 килограми како се разладува во базенот во дворот бидејќи температурите надминале 42 Целзиусови степена, коали и боцкави мравојади исто така биле забележани во близина, а во урбаните средини бараат прибежиште од пожарите што беснеат во Австралија.
Иако не се познати како добри пливачи, кенгурите бараат водни површини по големите жештини и пожарите што зафатија делови на Австралија, иако најчесто во дивината, а не на приватни имоти, пренесува „Ројтерс“.
COOL KANGA: A beautiful kangaroo has been spotted cooling off in a backyard pool in the New South Wales Hunter region. #9News
Credit: Sharon Grady. pic.twitter.com/3nAQ6H2np7
— Nine News Australia (@9NewsAUS) December 22, 2019
Агенцијата додава дека огромни популации коали и летачки лисици се уништени во огромните пожари што го погодија континентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Во фустанот на нејзината мајка од 1996 година, таа покажа дека е најубавото бебе на познати личности
Познатата актерка Гвинет Палтроу присуствуваше на премиерата на „Marty Supreme“, која се одржа во Њујорк, а беше придружувана од нејзините син и ќерка, Епл и Мозес Мартин. За Епл се вели дека е едно од најпознатите бебиња на познати личности, а овој пат се потруди да биде во центарот на вниманието.
Иако за Епл често се пишува само како за ќерка на познати личности, таа сепак се обидува да биде единствена и гради свој пат. Сепак, кога станува збор за мода, секогаш е добро да се копира совршениот стил на мајка и, која со децении воодушевува на црвениот тепих.
Епл го стори токму тоа, а за да го направи искуството комплетно, се одлучи за едноставен црн фустан од Калвин Клајн, кој Гвинет го носеше во 1996 година на премиерата на филмот „Emma“, објавува People.
Овој модел на фустан е уникатен токму поради својата едноставност. Нема никакви други детали, освен што ја следи линијата на нејзиното тело, а Епл сè комплетираше со мали обетки, додека косата ја собра во малку полежерна пунџа.
Ниту остатокот од семејството не заостануваше. Мозес ги искомбинираше светлите панталони со сина кошула и сиво сако, додека Гвинет повторно се одлучи за црна креација. Познатата актерка избра фустан со голем шлиц и ефектна машна на едното рамо, додека своето модно издание го комплетираше со салонки.
apple martin wearing her mum gwyneth paltrow’s calvin klein dress from 1996 to the premiere of ‘marty supreme’ pic.twitter.com/BmCHLYrfHg
— C 💒 (@churchofysl) December 17, 2025
Сепак, Епл беше главната ѕвезда на вечерта, најмногу поради повторениот стајлинг на нејзината мајка.
Забава
Моден трик на Французинките: Не чини ништо, а веднаш го подобрува вашиот изглед
Многумина се потпираат на Французите за инспирација за стил. Од црвените кардигани кои тивко го зазедоа гардероберот, до класичните комбинации од фармерки со рамни ногавици и балетанки, Парижанките имаат неверојатна способност повторно да ги направат релевантни дури и наједноставните идеи.
Нов моден тренд што Французите го популаризираа е врзувањето ремен преку палто. Овој тренд прво почна да се појавува на Инстаграм, а потоа и на улиците на Париз, каде што речиси секоја втора жена носи палто стегнато на половината.
Не станува збор за претерување и усовршување, туку за лежерен потег што веднаш го воздигнува секој аутфит. Најдобро од сè, овој стилски трик не ве чини апсолутно ништо ако веќе имате ремен и палто (а сигурни сме дека имате).
Која е тајната?
Она што го прави овој тренд толку привлечен е неговата едноставност. Ременот веднаш ги менува пропорциите на палтото и му дава форма, без да изгледа како да сте се потрудиле премногу.
Парижанките го носат со сè: ремени од јаже протнати низ преголеми волнени палта, тенки кожни ремени преку строги јакни или врвки цврсто стегнати на долги мантили.
Трендот се прошири и на кратки јакни и лабави јакни, што изгледа многу свежо и модерно, пишува Who What Wear.
Целата филозофија се базира на практичност – изгледа како да сте го додале ременот во последен момент за да спречите ветерот да ви го отвори палтото, а не како внимателно испланиран стил.
Пред сè – забавувајте се комбинирајќи и експериментирајќи со парчињата што веќе ги имате во вашиот плакар.
Забава
(Видео) Розова од глава до пети: Познатата русокоса прошета низ градот како Барби
Гвинет Палтроу неодамна беше фотографирана во Њујорк, каде што се појави во емисија. Актерката го привлече вниманието на јавноста, особено на модните критичари, со својот изглед.
Невообичаено, а толку убаво, можеме само да кажеме дека нè остави без зборови. Изгледаше исто како Барби.
За оваа посебна пригода, Гвинет одлучи да облече женствен комбинезон во металик розова боја кој ја следи линијата на телото и ја нагласува витката фигура. Ова монохроматско издание го комплетираше со високи потпетици во пастелно розова боја, а додаде и ремен во малку потемна нијанса од гореспоменатата боја.
Стајлингот го комплетираше со едноставна шминка во природни тонови, а прамените од косата ги остави слободно да паѓаат. Ги поздрави љубопитните фотографи со блескава насмевка.

