Забава
(Видео) Колин Фарел: Бев мамурен на снимање со Том Круз, сцената ја повторивме 46 пати
Ирскиот актер Колин Фарел раскажа анегдота за еден од најлошите денови во својата кариера — снимањето на филмот Minority Report во 2002 година со Том Круз.
Во гостување кај Стивен Колбер, Фарел рече дека снимале токму на неговиот роденден, откако претходната ноќ ја поминал славејќи. „Во шест наутро дојде возачот, а јас едвај што легнав. Бев ужасно мамурен“, призна актерот, додавајќи дека како „лек“ побарал шест пива и пакла цигари.
Поради мамурлак, сцената со Круз морале да ја повторуваат дури 46 пати. „Не можев да ја изговорам реченицата. Том, кого многу го почитувам, не беше баш среќен“, изјави Фарел.
Актерот потсети дека две години подоцна отишол на одвикнување од алкохол и дрога и од 2005 година е трезен, а неговата кариера повторно заблескала, што го потврди и номинацијата за „Оскар“ во 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Жената-мачка го покажа вереничкиот прстен: не оди никаде без дијамантот од 200.000 долари
Познатата актерка, Хали Бери (59), „прошета“ за прв пат со својот веренички прстен, за кој се вели дека чинел околу 200.000 долари. Нејзиниот партнер Ван Хант ѝ предложи брак, а ова ќе биде четврти брак на Хејл.
По добрата вест, познатата актерка се појави на премиерата на новиот филм „Злосторство 101“. Како и обично, таа беше совршено стилизирана, а овој пат не избра провокативни фустани. За споменатиот настан, таа позираше во црн тесен комплет во комбинација со свилена блуза.
Нејзиниот колега Крис Хемсворт ѝ правеше друштво пред фотографите, но тој остана во сенка на дијамантскиот прстен.
Како што пишува Дејли Меил, станува збор за дизајн на АртДеко, дијамант опкружен со црни камења, а нивниот експерт за накит истакна дека цената на таков модел е од 120 до 200 илјади долари.
Врската на Хали Бери и Ван Хант започна за време на пандемијата на коронавирусот, и како што претходно истакна актерката, тој ѝ предложил брак уште порано, но таа дури сега се согласила.
Забава
(Фото) Принцот од Брунеј и убавицата со хрватско потекло ја покажаа својата ќерка
Принцот Абдул Матин од Брунеј и неговата сопруга, Аниша Калебиќ, од хрватско потекло, добија ќерка на 8 февруари, според телевизијата RTB.
Среќната двојка сега ја објави првата фотографија од својата ќерка, а го откри и името што ѝ го дале на девојката.
„Захра Маријам Болкија. Аниша и јас сме неизмерно благодарни на сите за нивната поддршка и грижа и ви благодариме на сите за вашите убави желби“, напишаа тие во описот.
Тие покажаа и како изгледа бебето, но таа нема да биде во редот на наследници поради правилата на Брунеј дека само мажи можат да го наследат тронот.
Името Захра е од арапско потекло и значи „цвет“ или „блеска“, а Маријам има и семејна симболика, со оглед на тоа што и мајките на Абдул и на Аниша се викаат исто.
Забава
(Видео) Ретко носи проѕирни фустани, а сега ги воодушеви сите: Го покажа своето витко тело
Ен Хатавеј неодамна присуствуваше на ревијата на Ралф Лорен во рамките на Неделата на модата во Њујорк. За таа пригода, таа одлучи да облече креација која комбинира чист сексапил и темен гламур.
Станува збор за специфично парче облека кое ја следи линијата на телото, а е украсено со висока јака и целосно отворен грб. Покрај тоа, има слоеви од чипка кои ја продолжуваат должината на целиот фустан и дискретно откриваат црна долна облека.
Но тоа не е сè…
Таа додаде и на стајлингот, да речеме, интересна наметка која ги обвиваше нејзините раце и му даде на целиот аутфит доза на елеганција.
Оваа фатална креација ја надополни со шминка во нежни тонови, а косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура која паѓаше по рамената.
Во еден момент за време на фотосесијата, стави очила и изгледаше како вистинска дива каква што сите ја посакуваат!

