Забава
(Видео) Која е Кери Расел, ѕвездата на најгледаната серија на „Нетфликс“

Серијата „Дипломат“, која почна да се емитува на 20 април оваа година, е нов хит на „Нетфликс“.
Првата сезона ги воодушеви гледачите и има 66 милиони часа гледаност во последната недела. Главната улога ѝ припадна на американската актерка Кери Расел.
Серијата е политички трилер, кој ја следи кариерата на жена дипломат во американската амбасада во Лондон. Протагонистката го добива мандатот за амбасадор во Лондон, но тоа има големо влијание врз нејзината работа и личен живот. Сето ова се случува додека во заднина се одвива меѓународна криза.
Кери изјави дека сценариото за серијата веднаш ја купило и не можела да ја одбие улогата.
Кери не е ново име во светот на актерството. Родена во Калифорнија, пораснала со својот постар брат Тод и помладата сестра Џули, а поради работата на татко ѝ тие често се селеле. 47-годишната актерка веќе има многу хитови зад себе, а кариерата ја почна на 15 години.
Се појави во сериите Boy Meets World („Детето го запознава светот“) и Married… with Children („Во брачни води“), во спотот за хитот на Бон Џови Always, а најпозната е по улогата во серијата „Фелисити“ за која доби „Златен глобус“ во 1999 година. Таа глуми и во филмот Cocaine Bear („Мечка на кокаин“), кој излезе оваа година.
Многумина, веројатно, ја паметат и по улогата во серијата „Американци“, во која глумеше шпион во САД за време на Студената војна. Благодарение на таа серија го запозна актерот Метју Рис (48) со кој го има синот Сем Еванс (6).
„Се заљубивме на снимањето и беше секси и забавно, но беше и проблематично. Освен што заедно глумевме, тој режира и неколку епизоди, меѓу кои и оние каде што јас, всушност, бев бремена и инсистираше да го одработам она што го замислил“, рече Кери во една пригода.
Пред него таа беше во брак со Шејн Дири, а заедно ги имаат синот Ривер и ќерката Вила Лу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Српската модна инфлуенсерка блесна во Венеција

Венецискиот филмски фестивал е сè уште во тек, а парадата на славните личности на црвениот тепих е неизбежен аспект на овој настан.
Досега имавме можност да видиме креации кои го привлекуваат вниманието, но и такви кои се резервирани само за храбрите.
На црвениот тепих се појави и српската модна инфлуенсерка Тамара Калиниќ, a таа прошета во креација која привлекува погледи и воздишки.
Тамара одлучи да носи макси фустан во беж боја со цветни мотиви за посебната пригода.
Гламурозниот фустан се карактеризира со деколте во облик на срце кое ги нагласува градите. Целата креација е изработена од транспарентен материјал и открива многу за љубопитните набљудувачи.
Стајлингот го надополни со едноставна фризура, сребрени додатоци и шминка во земјени тонови кои ја истакнуваа нејзината природна убавина.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Поранешната манекенка сè уште без конкуренција: демонстрира моќ на црвениот тепих

Познатата манекенка Ева Херцигова прошета по црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал и во таа прилика повторно ги потсети сите на златното доба кога беше неоспорен владетел на модната писта.
Таа нè воодушеви и на Неделата на модата во Милано кога целиот свет имаше чест повторно да ја види познатата убавица на модната писта. Овој пат, таа ја демонстрираше својата моќ на црвениот тепих.
За појавување на толку гламурозен настан како што е Венецискиот филмски фестивал, Ева избра уникатен фустан и ги покажа своите модни вештини.
Кога сакате да бидете класични, елегантни и дефинитивно забележани, ќе изберете црн фустан, исто како Ева.
Таа позираше во долга црна креација со везени цветни мотиви на градите, но на таков начин што сè заедно изгледа совршено измешано и воопшто не кичесто.
Накитот „ја заврши својата работа“ и во овој случај, Ева имаше ефектни обетки и прстени, а посебен акцент стави на косата.
Таа го прошета познатиот ефект на мокра коса и покажа дека дефинитивно сè уште нема конкуренција.
фото: принтскрин
Забава
Нивниот внатрешен глас ги води без грешка: овие хороскопски знаци ја слушаат само својата интуиција

Тие имаат посебна моќ, внатрешен глас кој непогрешливо ги води без разлика на сè.
Интуицијата е способност да ја почувствуваме вистината дури и кога ги немаме сите факти. Некои хороскопски знаци имаат особено развиен внатрешен глас кој им помага да донесуваат одлуки кои подоцна се покажуваат како точни.
Риби
Рибите имаат силна врска со нивниот внатрешен свет и емоции. Нивната интуиција честопати им зборува повеќе од логиката, и ретко грешат кога ја слушаат.
Рак
Раковите ги чувствуваат емоциите на другите луѓе и лесно препознаваат кога нешто не е во ред. Нивната интуиција произлегува од нивната чувствителност и грижа за другите.
Шкорпија
Шкорпиите инстинктивно препознаваат скриени мотиви и лаги. Нивната способност да читаат меѓу редовите ги прави меѓу најинтуитивните знаци.
фото: принтскрин