Забава
(Видео) Кјубрик сметал дека Де Ниро не е доволно психотичен за да глуми во „Сјаење“
Режисерот Стенли Кјубрик мислел дека Роберт де Ниро не е доволно психотичен за да го глуми главниот лик во „Сјаење“ (The Shining).
Ваквиот став сега звучи малку чудно со оглед на тоа што актерот одушеви во „’Рт на стравот“ (1992) како насилен психопат и сексуален престапник. Но, во тоа време оценката на Кјубрик имала совршена смисла.
Класикот хорор од 1980 година, базиран на истоимениот роман на Стивен Кинг (1977), го следи писателот Џек Торенс (Џек Николсон), кој станува зимски чувар на изолиран хотел во Колорадо со надеж дека ќе ја излечи креативната блокада. Таму се преселува со својата сопруга и синот.

Додека неговото пишување воопшто не напредува, а психичката состојба на синот Дени станува сè понестабилна, Џек ги открива мрачните тајни на хотелот и се претвора во манијакален убиец, кој почнува да го тероризира своето семејство.
Во 2012 година, три децении по објавувањето, The Shining беше рангиран како 75. најдобар филм на сите времиња според мислењето на режисери во анкетата на магазинот Sight & Sound.
Имајќи предвид дека многумина ја сметаат за една од најдобрите улоги на Николсон досега, речиси и не се знае дека Де Ниро, кој стана големо име по „Таксист“ (1976), првично бил потенцијален кандидат за улогата на Џек.
Иако првиот избор на Кјубрик секогаш бил Николсон, режисерот размислувал и за други познати актери за улогата.
На крајот се решил за Николсон. Фактот дека пет години претходно глумеше во „Лет над кукавичиното гнездо“, кој му го донесе првиот „Оскар“ за најдобар актер, веројатно бил клучен за изборот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Oткриено е зошто Ана де Армас ја прекинала врската со Том Круз: „Сè се одвиваше премногу брзо“
Холивудската актерка Ана де Армас и славниот Том Круз раскинале по девет месеци врска, пишува „Ју-ес викли“.
Извор близок до парот открил дека Ана се чувствувала „непријатно“ поради тоа колку брзо се одвивала нивната врска, иако меѓу нив, како што се наведува, „постоела неоспорна хемија“.
Двајцата глумци се запознале за време на снимањето на трилерот „Дипер“, а нивната блискост на сетот прераснала во романса. По прекинот, останале во пријателски односи и планираат да продолжат со заеднички проекти.
Забава
(Видео) „На брод сите знаат сè“ – работничка предупредува на љубовните драми на крузерите
Луси Саутертон, поранешна масерка од Бирмингем која од 19 години работела на крузери, споделува дека романтичните врски меѓу членови на екипажот ретко завршуваат добро. Таа објаснува дека на брод „нема бегство“ – сите живеат, работат и се дружат заедно, па љубовните врски брзо стануваат комплицирани.
„Кога врската ќе заврши, останувате заробени со бившиот. Го гледате секој ден, со сите заеднички колеги што знаат сè,“ раскажува Луси на својот YouTube канал Cruising As Crew.
Таа предупредува дека, иако животот на море изгледа гламурозно, љубовните драми на бродот можат брзо да се претворат во ноќна мора.
Забава
Реакции на социјалните мрежи по настапот на Цеца во Велес
Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на концертот таа се завитка во бугарско знаме кое и’ го дадоа од публиката.
Корисници од Македонија споделуваат видеа и коментари од настанот. „Ја би ги исвиркал сите што отидоа на концерт на Цеца“, напиша еден корисник, додека друг иронично праша: „Дали Цеца ќе го истетовира МК знамето?“
Има и коментари кои сугерираат дека моментот бил резултат на провокација: „Бугарското знаме ѝ го подметнаа обични провокатори и добија што си бараа“ стои во еден од постовите, како и многу кои на комичен начин се осврнаа на настанот.
“Дали УДБА преку искористување на Цеца со бугарско знаме во Велес, се обидува да го
опструира приближувањето на официјални Софија и Скопје околу т.н. француски предлог?”Утринско ВасКафе ☕️😄 pic.twitter.com/Pn5kmq1Wcq
— Далибор 🇲🇰 (@Pobeda2024) November 1, 2025
Цеца за Hallowen се преправи во бугарка 👻
— elizabethand (@eliza_and_beth) November 1, 2025
Колку од тие што и свиреле на Цеца се со бугарски пасош? Зна ли се шта?
— Iv0P0p Sivi 🦅 (@IvoPop_) November 1, 2025
И цеца не влезе во устав.
— Робин Луд (@vladimirmk) November 1, 2025
Цеца се огласи коментирајќи дека не сакала да навреди никого, најмалку домаќините, како и дека таа секогаш прифаќа знамиња од публиката.

