Забава
(Видео) „Ласт кристмас“ на „Вем“ сингл број еден на британската топ-листа
Песната Last Christmas на култното дуо „Вем“ за прв пат е на врвот на табелата синглови во Велика Британија, 36 години по нејзиното деби.
Празничната класика беше емитувана 9.2 милиони пати во текот на минатата недела, соборувајќи ја на првото место Don’t Stop Me Eating на Ледбејби.
Прв пат објавена во декември 1984 година, песната на Џорџ Мајкл и Ендру Риџли беше потисната од Do They Know It’s Christmas? на „Бенд еид“ (Band Aid) во рамки на глобалниот, музички рок-концерт со цел да се соберат средства за надминување на гладта во Етиопија. Настанот беше одржан истовремено на стадионот Вембли, Лондон.
Риџли рече дека е воодушевен и задоволен што „Ласт кристмас“ дури сега успеа да дојде на врвот на табелата. „Иако поминаа 36 години по првото издавање, што е, можеби повеќе од сè, доказ за нејзината безвременска привлечност и шарм“.
„Тоа е соодветна почит кон генијалноста на Џорџ за пишување песни. Од оваа почест тој ќе беше неизмерно горд и воодушевен“, додаде Риџли.

Откако песната е објавена во 1984 година, шест пати се враќаше во првите 10.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Поминала низ пекол поради погрешна дијагноза, но сепак има насмевка: познатата русокоса блеска
Познатата актерка Селма Блер беше во центарот на вниманието откако ја сподели својата животна приказна и својата борба со мултиплекс склероза, која ѝ беше целосно погрешно дијагностицирана.
Актерката сега е во ремисија и е среќна затоа што лекарите се уверени дека има уште многу години исполнет и квалитетен живот пред неа. Во тоа име, таа одлучи да слави и да изгледа подобро од кога било.

Селма Блер блесна на црвениот тепих кога се појави на церемонијата на доделување награди посветена на жените.
За оваа пригода и нејзиното големо враќање, актерката избра краток црн фустан без прерамки со ексцентрично деколте и црни потпетици.

Селма е позната и како ѕвездата на филмот „Legally Blonde“, а нејзиното големо враќање и „оздравување“ ги воодушеви сите нејзини обожаватели.

Потсетете се дека Селма Блер откри во искрена животна исповед дека лекарите ја третирале погрешно и не ја откриле навреме нејзината мултиплекс склероза, и како резултат на тоа, во еден момент ја изгубила способноста да оди и да зборува.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Британската водителка уште еднаш докажа дека е вистинска опасница
Церемонијата на доделување на наградите „Мажи на годината“, која традиционално ја организира списанието CQ, се одржа во Лондон. Многу познати личности со задоволство парадираа по црвениот тепих за да ги покажат своите гламурозни и честопати провокативни креации.
Меѓу присутните беше и британската убавица, познатата водителка Маја Јама, која предизвика вистинска возбуда со своите комбинации.
Таа носеше атрактивна комбинација – црна сатенска маица и кожно здолниште од италијанската дизајнерка Елизабета Франки. Овие модни парчиња се дел од колекцијата пролет/лето 2026 и совршено ја истакнуваат витката фигура на Маја.

Треба да се истакне дека миди здолништето остава најголем впечаток кај модните критичари, како и кај гледачите на малите екрани. Поточно, ресите кои ги откриваат витките нозе и кожен материјал кој едвај го покрива интимниот дел од телото.

Својот стајлинг го надополни со златни додатоци, впечатлива шминка што ѝ даваше изглед на вистинска заводничка и афро фризура. Овој начин на стилизирање на косата совршено го надополни изгледот на опасна жена.
фото: принтскрин
Забава
Позната темата на Мет Гала 2026: Телото како почеток и крај на сè
Најголемиот моден настан, Мет Гала, треба да се врати во 2026 година, а организаторите ја открија и темата на вечерта. Во годината што претстои, Мет Гала ќе се фокусира на човечкото тело и неговите фази во текот на животниот век.
Метрополитен музејот на уметност во Њујорк традиционално секоја година одржува гала вечера наречена Мет Гала, чија цел е да се соберат средства за самиот музеј.
Ова е исто така најголемиот настан во светот на модната индустрија, бидејќи дизајнерите, големите брендови и јавните личности соработуваат едни со други за да презентираат уникатни креации на светот.
Темата за 2026 година се вика „Costume Art“ и се фокусира на човечкото тело како неразделен аспект на уметничко дело. Тоа е во центарот на сите уметнички наративи – тоа е почеток и крај на сè.
Самата изложба во ѕидовите на музејот ќе биде поделена на 5 дела, од кои секој претставува период од животот со кој се соочува телото.
Naked Body – телото во својата најчиста форма, голото тело;
Classical Body – тело со класични пропорции на телото;
Pregnant Body – тело кое создава нов живот;
Aging Body – тело што старее;
Anatomical Body – внатрешната структура на телото и органите што го сочинуваат;
Mortal Body – тело кое се менува, исчезнува и умира;
На самата изложба ќе бидат претставени приближно 200 модни додатоци и 200 уметнички дела кои датираат од праисторијата, со цел да се направи единствена врска помеѓу модата и човечкото тело низ светската историја.
Кустосот на музејот, Ендру Болтон, го нагласи следново:
„Наместо да се дава приоритет на модата и модните парчиња и со тоа повторно да се врши притисок врз човечкото тело, Costume Art овој пат ќе ја покаже врската помеѓу облеката и истото тоа тело“, рече тој.
фото: принтскрин

