Забава
(Видео) НАСА објави спектакуларни слики од Земјата од вселената
Пред неколку дена НАСА објави спектакуларни слики од Земјата од вселената во висока резолуција.
„Луѓето кои биле во орбитата на Земјата имаат можност да ја видат нашата планета од сосема поинаков агол. Тие рекоа дека оваа сина вселенска топка е прилично убава и влева стравопочит кога се гледа од далечина од 400 километри”, напишала вселенската агенција.
Направени помеѓу март 2022 и март 2023 година за време на експедициите 67 и 68 на Меѓународната вселенска станица (ISS), овие слики ни овозможуваат да замислиме дека сме член на екипажот кој искористил момент од слободното време и од вселената го набљудува нашиот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Очите на Марк Цукерберг залутаа додека седеше до свршеницата на Безос во Капитол
Лорен Санчез, 55-годишната свршеница на милијардерот Џеф Безос, предизвика бурни реакции поради изданието во кое таа се појави на инаугурацијата на Трамп во Капитол.
Санчез го украде шоуто во бел костим под кој се гледаше бел градник од тантела, а гледачите коментираа дека нејзината облека е несоодветна за таков настан.
eyes up zuck ❤️ pic.twitter.com/OXHcdL9aVx
— ce n'est pas erica (@sourhoestarter) January 20, 2025
Свршеницата на Безос го привлече вниманието и на Марк Цукерберг, кој седеше до неа, со својот аутфит, а гледачите забележаа дека во еден момент неговиот поглед залута кон нејзиното деколте, што беше доволно за да започне виралното исмејување.
„Цукерберг фатен како гледа во деколтето на свршеницата на Безос на директен пренос“, „Погледни горе, Цук“, „Можеби Цукерберг сепак е човек?“, „Тој е спремен да ризикува сè“, „И на човекот зад нив погледна“, се само дел од коментарите на Икс.
Забава
(Видео) На Трамп му пречеше шеширот на Меланија, и даде „воздушен“ бакнеж во Капитол
Кога стигна на сцената на Капитол пред инаугурацијата, Доналд Трамп и пријде на сопругата Меланија, ја фати за рака и и подари „воздушен“ бакнеж.
MELANIA AND DONALD TRUMP AIR KISS IN FRONT OF THE WORLD MAN.
SHE HATES THAT MAN🤣🤣😭😭 LOOK AT THIS IM CRYING HAHAHA pic.twitter.com/vzYdI5dXy8
— Alec Fallon (EAGLES NFC CHAMPIONSHIP GAME) (@AlecFall0n) January 20, 2025
Имено, камерите снимиле дека Трамп само ги стисна усните кон Меланија, како и таа кон него, но тие всушност не се допреле. Имено, им пречеше работ на нејзиниот шешир.
Кога тој се повлече, Меланија се насмеа.
„Затоа носеше шешир, за да не може да и се доближи“, се пошегуваа коментаторите на социјалните мрежи.
Забава
Свршеницата на Безос критикувана за облеката на инаугурацијата: „Ја заборавила кошулата“
Свршеницата на милијардерот Џеф Безос, Лорен Санчез, се најде на удар на критики поради изданието во кое таа се појави на инаугурацијата на Доналд Трамп.
55-годишната Лорен се појави во бел мантил, но ја шокираше јавноста откако го соблече капутот и се појави во бел костим под кој се гледаше бел градник од тантела, што многумина го сметаа за несоодветна облека за историскиот настан.
Meanwhile, #Laurensanchez forgot to put a fucking shirt on.#Inauguration2025 #Inauguration #InaugurationDay #Trump #DonaldTrump #JoeBiden #USA #JeffBezos
— CPJK (@C_Pj_K) January 20, 2025
„Лорен Санчез носи градник“, „Ја заборави кошулата“, „Не си во ноќен клуб. Покажи класа и достоинство“ и „Таа се труди толку многу, но толку лошо и оди“, се некои од коментарите се на Икс.
#laurensanchez trying so hard, and failing harder. #Trump #Inauguration2025
— Ratrage (@ratrage) January 20, 2025