Контакт

Забава

(Видео) Најдобри пријатели изградиле населба за да може заедно да остарат

Објавено пред

Четири двојки, кои биле пријатели 20 години, решиле да изградат мал град само за себе за да може да живеат поблиску едни до други и да бидат во природа.

dobivaj vesti na viber

Нивната населба, наречена Llano Exit Strategy, содржи четири мали куќи во близина на реката Лано, надвор од Остин, Тексас. Одржливите и еколошки куќички биле дизајнирани од архитектот Мет Гарсија, а секоја чинела 40.000 долари. Тие имаат наведнати покриви со буриња за вода. односно дождовница, особено изолирани прозорци и рефлектирачки sидови дизајнирани да ја штитат куќата подалеку од големите летни горештини.

Ентериерите се изработени од шперплоча, што ги намалува трошоците и им дава на домовите топло и пространо чувство. Секоја куќа има соба со брачен кревет и кауч, бања и тераса.

„Тука ни е како во филм на ‘Дизни’, гледаме разни животни и колку почесто сме тука, толку повеќе ги откриваме“, изјави Џоди Зип, еден од жителите, за „Боред панда“.

Двојките поминуваат што е можно повеќе време во своите новоизградени домови, каде што планираат да уживаат во пензијата и заедно да остарат. Бидејќи двојките сè уште не го поминуваат целото време таму, можно е да изнајмување на куќичките преку „Ербнб“.

Забава

Нивните зборови можат да ве пресечат: внимавајте се од искреноста на овие хороскопски знаци

Објавено пред

Некои луѓе имаат дарба да ги кажуваат работите директно, без многу заобиколување – дури и кога тоа значи дека ризикуваат да ги повредат чувствата на другите луѓе.

dobivaj vesti na viber

Според астрологијата, одредени хороскопски знаци се познати по тоа што не можат да молчат кога чувствуваат дека треба да кажат нешто важно.

Нивните зборови можеби се груби, но најчесто се најкорисни бидејќи доаѓаат од автентична намера.

Овен
Луѓето родени во знакот Овен не ги кријат своите мислења, дури и кога би било попаметно да молчат. Нивната потреба за искреност произлегува од нивната импулсивна природа и силната борба за правда. Кога нешто ќе видат или почувствуваат, веднаш ќе го споделат, без филтер и без страв од реакција.

Иако нивната директност понекогаш може да изгледа сурова, таа ретко е водена од лоши намери. За нив искреноста е знак на почит, дури и ако предизвикува непријатност.

Стрелец
Припадниците на овој знак се познати по нивните филозофски умови и отворени срца, но и по нивниот јазик кој не познава дипломатија. Стрелецот верува дека вистината ги ослободува и не гледа смисла да го кријат она што го мислат.

Тие не сакаат да повредат, туку веруваат дека искреноста ја гради довербата. Нивните зборови понекогаш знаат да звучат премногу директно, но зад нив обично се добри намери и желба за отворена комуникација.

Девица
Девиците анализираат се околу себе и забележуваат детали кои другите често ги занемаруваат. Кога ќе го кажат своето мислење, тоа се размислува, но не дозволуваат да се разреди.

Тие изразуваат критики без непотребни емоции, верувајќи дека конструктивната искреност е клучна за напредок. Иако нивните зборови изгледаат ладни, тие најчесто најмногу помагаат, бидејќи доаѓаат од рационална грижа.

Прикажи повеќе...

Забава

Бен Афлек за флертувањето по разводот: Многу е лесно да се посрамотиш

Објавено пред

Бен Афлек даде малку нејасна изјава додека го промовира филмот Accountant 2. Актерот призна дека се поврзува со неговиот лик Кристијан Волф, кој не е баш најдобар во флертувањето.

dobivaj vesti na viber

„Имате лик што сака да има врска со жена и се обидува да сфати како да го направи тоа, како да се вклучи во играта. Тој навистина не знае да флертува и не му е удобно со тоа – како и на повеќето од нас“, рече Афлек, пренесува „Пејџ сикс“.

„Никому не му е лесно да се движи во врската, особено на почетокот кога се обидувате да процените нечии сигнали. Што значи тоа? Дали оваа личност ме гледа? Дали ѝ се допаѓам?“, опиша тој и додаде дека понекогаш е лесно да се посрамите себеси во такви ситуации.

Да потсетиме, Афлек и Џенифер Лопез официјално се разведоа на 21 февруари. Според судските документи, судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес го одобрил нивниот спогодбен развод на 6 јануари, шест месеци откога пејачката поднесе барање за развод. Двојката постигна договор со посредство уште во септември, со што избегна долга судска битка.

Прикажи повеќе...

Забава

Кејт Бланшет размислува да се повлече од актерството: „Моето семејство превртува со очите кога го кажувам тоа“

Објавено пред

Оскаровката Кејт Бланшет ги изненади обожавателите кога рече дека сериозно размислува да се повлече од актерството еден ден. Зборувајќи за Радио Тајмс, каде што го промовираше своето претстојно и прво аудио шоу, The Fever на BBC Radio 4, таа зборуваше за нејзината кариера.

dobivaj vesti na viber

„Моето семејство превртува со очите секогаш кога го кажувам тоа, но јас го мислам. Сериозно имам намера да се откажам од глумата“, рече актерката и нагласила дека има многу работи во животот што сака да ги прави.

Зборувајќи за своето искуство како славна личност, таа истакна дека не сака интервјуа. „Никој не ми е подосаден од мене, а другите луѓе ми се многу поинтересни. Се сметам себеси за длабоко досадна“, рече таа.

Таа не откри кога точно планира да стави крај на актерската кариера. Таа неодамна заврши шестнеделен ангажман во претставата „Галеб“ на Антон Чехов. Следно ќе се појави во комедијата на браќата Зелнер „Алфа Ганг“, која исто така ја продуцира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Антикорупциска со низа замерки за Законот за угостителска дејност

Државната комисија за спречување на корупцијата утврди низа пропусти во законите за угостителска дејност,инспекциски надзор и законот за заштита и спасување....

Македонија5 часа

Сѐ уште не се знае кој го вандализирал споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје – плочата е откорната, МВР работи на случајот

МВР работи на расчистување на случајот со откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во срцето на Скопје. Во полицијата...

Топ6 часа

Случаен минувач го нашол изгубеното 6-годишно девојче од Куманово, по грешка се качило во автобус за Скопје

Полицијата во Гази Баба информираше дека е пронајдено шестгодишното девојче од Куманово кое вчера од страна на неговата мајка беше...

Македонија6 часа

Претреси на осум локации во Прилеп поврзани со работењето на болницата

Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, а  во тек се претреси на осум локации. „Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во...

Македонија7 часа

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок мора да ги објавуваат цените на интернет

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на...

Македонија9 часа

Приврзоците на ДУИ денес глумат глас на совеста, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во статус на социјалните мрежи се огласи по критиките од опозициските партии за одговорноста...

Македонија9 часа

Ако има пропусти, ќе има одговорност, рече Таравари за пациентот што почина чекајќи операција на Кардиохирургија

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека ќе има одговорност ако бидат утврдени пропусти во случајот со смртта на пациентот...

Македонија10 часа

„Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка да поднесе оставка, а тој не“, велат од СДСМ

„Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка во Советот на општина Кочани од оваа партија да поднесе оставка од...

Македонија10 часа

ДУИ: Вистинското лице на една власт што не знае што значи одговорност, ниту министерот за внатрешни работи ниту директорот на Бирото за јавна безбедност не поднесоа оставка

„Во Република Северна Македонија постои јасна традиција: кога ќе се случи голема трагедија, министрите поднесуваат оставка – како морален чин,...

Македонија11 часа

(Видео) Партијата Левица: Радијата да имаат третман како телевизиите – порталите по еден вработен

Партијата Левица поднесе амандман во интерес на порталите и радијата по однос на Законот за медиуми. Пратеникот и портпарол на...

Свет12 часа

Претседателот на „Харвард“: Партиите не треба да диктираат што да учат универзитетите

Претседателот на Харвард, Алан Гарбер, вчера во јавно писмо напиша дека најстариот и еден од најпочитуваните универзитети во САД се...

Свет12 часа

„Харвард“ ги отфрли барањата на Трамп, губи 2,2 милијарди долари федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп објави дека замрзнува повеќе од 2 милијарди долари федерално финансирање за Харвард, само неколку часа...

Европа13 часа

Лавров: САД блокираа 95 отсто од трговијата со Русија, но ние не бараме милост

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не бара укинување на санкциите, но системот на американски мерки...

Македонија24 часа

(Видео) „Сите идеали не се вредни колку солзите на едно дете“ со насолзени очи советничка во Кочани си поднесе оставка

Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кочани, Кристина Атанасова Арсова, денес на седницата за избор на в.д. градоначалник си...

Регион1 ден

Бугарија бара одговор: Три месеци чекаме РСМ да одлучи дали ќе работиме или само ќе разговараме за Коридорот 8

До денес, Коридорот 8 зависи од желбата и политичката волја на Република Северна Македонија. Испративме договор таму за единственото нешто...

Свет1 ден

Медведев до Мерц: „Размисли двапати нацисту“

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, го нарече новиот германски канцелар, Фридрих Мерц, нацист поради, како што рече,...

Свет1 ден

Русите се огласија по крвавиот напад на Суми: Цел ни беше состанокот на воените команданти

Еден ден по рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми, во кој беа убиени најмалку 34 лица, меѓу кои две...

Македонија1 ден

Во Скопје се лекуваат девет повредени во пожарот во Кочани, во странство 48

Во Скопје се лекуваат уште девет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во странство 48, информира министерот...

Македонија1 ден

Палевски тврди дека не ги извршил убиствата и грабнувањата: „Ако сакав пари, ќе уценував милијардери, имав 200.000 телефонски разговори“

Љупчо Палевски, првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, сведочи во Основниот кривичен суд во Скопје тврдејќи...

Македонија1 ден

„Филипче, наместо Клинички центар, изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче во улогата како министер за здравство под СДС, ја покажа неспособноста на една власт да ја разбере суштината на...