Забава
(Видео) Најпребарувани работи на „Гугл“ за 2019 – во фокусот хероите од фантазијата и реалниот живот

„Во текот на историјата луѓето се во потрага по херои. Годинава, потрагата по херои, суперхерои и херои од секојдневието се случуваше во целиот свет“, порачаа од „Гугл“ во своето видео, кое му го посветуваат на најпребаруваните работи на интернет во 2019 година.
Тоа е фокусирано на филмските суперхерои, спортисти, славни личности и настани што ја одбележаа годината што изминува.
Во продолжение се листите што се однесуваат на најпребаруваните термини во светот, во ненолку категори.
Најчести пребарувања во светот:
1. Индија против Јужна Африка (крикет-меч)
2. Камерон Бојс
3. Копа Америка
4. Бангладеш против Индија (крикет-меч)
5. „ајфон 11“
Најпребарувани термини во категоријата вести:
1. Копа Америка
2. Нотр Дам
3. ICC Светско првенство во крикет
4. Ураган Доријан
5. Рагби светски куп
Најпребарувани личности:
1. Антонио Браун
2. Нејмар
3. Џејмс Чарлс
5. Џуси Смолет
6. Кевин Харт
Најпребарувани актери:
1. Џуси Смолет
2. Кевин Харт
3. Хоакин Феникс
4. Кијану Ривс
5. Лори Лофлин
Најпребарувани спортисти:
1. Антонио Браун
2. Нејмар
3. Брајс Харпер
4. Дејвид Ортиз
5. Алекс Морган
Најпребарувани филмови:
1. Авенџерс: Ендгејм
2. Џокер
3. Капетан Марвел
4. Приказна за играчките 4
5. Аквамен
Најбарани песни:
1. Олд таун роуд – Лил Нас Екс, Били Реј Цајрус
2. 7 рингс – Аријана Гранде
3. Шалоу – Лејди Гага, Бредли Купер
4. Сињорита – Шон Мендес, Камила Кабело
5. Меморис – Марун фајв
Најпребарувани серии:
1. Game of Thrones
2. Stranger Things
3. Chernobyl
4. When They See Us
5. The Umbrella Academy
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Две намирници што најмногу дебелеат кога се консумираат на „празен стомак“

Појадокот е најважниот оброк, но треба да внимавате што јадете на празен стомак. Лекарите велат дека одредени намирници можат да бидат штетни ако се консумираат „на празен стомак“.
Зошто е важен првиот оброк наутро? Појадокот поттикнува многу метаболички процеси, па затоа е важно да знаете од кои состојки е направен и како тие влијаат на телото.
Тоа во голема мера го обликува нашето однесување во исхраната, влијае на здравјето на поединечните органи и на телото како целина. Утринскиот оброк влијае на нашето расположение, па дури и нашата телесна тежина често зависи од тоа што јадеме наутро.
Затоа експертите препорачуваат пиење чаша топла вода секое утро и избор на протеинска храна. А што не се препорачува?
Свежо исцеден сок
Киселите сокови, кои повеќето ги нарекуваме здрави и се направени од цедено овошје, можат да бидат штетни за желудникот. Покрај тоа, соковите се извор на едноставни шеќери кои нема да нè заситат, напротив!
Ако ги пиеме на празен стомак, тоа само ќе го зголеми апетитот и ќе ги зголеми мастите. Сето ова придонесува за дебелина. Нутриционистите велат дека ако претпочитате „течни“ оброци, подобро е да имате зеленчукови смутија за појадок.
Секаков вид печиво
Повеќето луѓе избираат печива за прв оброк наутро, но оваа храна е една од најлошите опции. Големата количина шеќер, масти и пченично брашно само го зголемува нивото на шеќер во крвта, што создава лажно чувство на ситост кое многу брзо поминува. Печивата на празен стомак само придонесуваат за прекумерна тежина.
Забава
Три знаци ќе бидат благословени со луда среќа до 2027 година

Долгорочните астролошки предвидувања укажуваат дека три хороскопски знаци ќе постигнат голем успех до 2027 година. Тие ќе имаат долгорочна среќа, која ќе доаѓа постепено.
Се верува дека овие знаци успешно ќе ги остварат важните цели, но тоа не значи дека нема да се соочат со предизвици. Напротив, тие ќе знаат како да го претворат секој неуспех во предност за себе. Тие се соочуваат со големи промени во кариерата кои нема да се случат преку ноќ, туку во подолг временски период.
Покрај тоа, нивните врски ќе станат подлабоки и поисполнителни, а тие ќе најдат посебна радост во близината на своите најблиски.
Здравјето ќе биде на врвот и тие ќе усвојат сеопфатен пристап кон грижата за себе, и ментално и физички.
Дознајте кои 3 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни до 2027 година.
Бик
Биковите се познати по својата непоколебливост и трпение, а токму овие квалитети ќе им донесат среќа во наредните години.
Нивните кариери ќе напредуваат бавно, но сигурно, со бројни можности за раст и стабилност. Нема да има ненадејни успеси, но резултатите од нивните напори ќе се видат на долг рок.
Биковите исто така ќе доживеат силна обнова во своите врски и ќе почувствуваат подлабока врска со луѓето околу нив.
Нивното здравје ќе биде стабилно, а тие ќе обрнат посебно внимание на холистичкиот пристап кон самопомош.
Јарец
Јарците се посветени на работата и успехот, но во овој период ќе научат како да најдат рамнотежа помеѓу професионалните и личните аспекти на животот.
Промените во кариерата ќе доаѓаат постепено, а секој предизвик ќе биде можност за понатамошен напредок.
Иако се познати по својата сериозност, во наредните години Јарците ќе се релаксираат во своите врски и повеќе ќе уживаат во друштвото на своите најблиски.
Нивната отпорност и дисциплина ќе се одразат на нивното здравје, каде што ќе ја препознаат важноста на грижата за своето тело и ум.
Риби
Рибите се интуитивни и емпатични, а до 2027 година ќе доживеат значајни промени во начинот на кој го перцепираат светот околу нив.
Нивните кариери ќе напредуваат во согласност со нивната способност да ја следат својата интуиција.
Промените во животот ќе доаѓаат постепено, но со силно влијание.
Во врските ќе се развие чувство на подлабока емоционална поврзаност, што ќе донесе стабилност и внатрешен мир.
Рибите исто така ќе бидат свесни за важноста на физичкото и менталното здравје, со посебен фокус на грижата за себе.
Наука
230 милиони луѓе живеат во опасност од топењето на ледените покривки

Ново истражување покажува дека светските ледени покривки на Гренланд и Антарктикот се топат и се поместуваат. Ова може да предизвика пораст на нивото на морето и големи миграции од крајбрежните области.
Научниците сакале да дознаат која е „безбедната граница“ на глобалното затоплување за опстанокот на ледените покривки. Тие ги користеле податоците од сателити, климатски модели и други извори, дури и ДНК од октоподи.
Резултатите се загрижувачки. Дури и ако светот успее да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, ледениот покрив може да продолжи да се топи брзо. Тоа ќе доведе до зголемување на нивото на морето, што ќе има сериозни последици.
Ледените покривки на Гренланд и Антарктикот имаат доволно мраз што може да го подигне нивото на морето за околу 65 метри. Топењето на мразот е главната причина за порастот на морската вода. За последните 30 години, порастот на морето се забрзал двојно.
Околу 230 милиони луѓе живеат на помалку од еден метар надморска височина. Зголемувањето на морето ќе ги натера многу да се иселат од крајбрежните области.
Научниците велат дека е тешко точно да се предвиди кога ќе дојде до голем колапс на ледените покривки. Но, знаат дека опасноста постои и дека „безбедните“ температурни прагови сè повеќе се намалуваат.
Првично се мислеше дека покривките ќе се дестабилизираат при зголемување од околу 3 степени, но сега истражувачите сметаат дека не е доволно е ни 1,5 степен.
За да се спречи брз колапс, светот треба да го ограничи затоплувањето на најмногу еден степен над прединдустриското ниво. За тоа е потребно драстично намалување на согорувањето на фосилни горива. Сепак, тоа изгледа тешко, бидејќи многу земји, вклучително и САД, сè уште користат нафта, јаглен и гас.