Забава
(Видео) „Нож во грб 2“ премиерно ќе биде прикажан на Фестивалот во Торонто
Во продолжение на големиот филмски хит на Рајан Џонсон, детективот Беноа Блан патува во Грција во обид да ја реши мистеријата кој е убиецот меѓу група осомничени.
За фановите, а можеби и за самиот Даниел Крег, главниот протагонист беше изненадување што „Нетфликс“ ќе продуцира не едно туку две продолженија на крими-трилерот Knives Out („Нож во грб“).
Стриминг-гигантот плати 450 милиони долари за филмските права со цел да направи уште две продолженија на успешниот крими-трилер од 2019 година. Првиот дел заработи повеќе од 300 милиони долари, со вложени 40 милиони.
Актерот, кој 15 години го глумеше Џејмс Бонд, не беше цврсто убеден дека ќе може повторно да ја долови магијата на филмот номиниран за „Оскар“ за најдобро оригинално сценарио.
Неодамна, Крег во интервју за списанието „Емпајер“ изјави дека портретирањето на тајниот агент на Јан Флеминг подобро го подготвило за глумење детектив сезнајко.

Новиот Knives Out има поинакво опкружување од оригиналниот филм, во Грција наместо во Масачусетс. Ќе има и сосема нова актерска екипа, вклучувајќи ги Едвард Нортон, Џенел Монае, Кетрин Хан, Лесли Одом Јуниор, Џесика Хенвик, Медлин Клајн, Кејт Хадсон и Дејв Батиста.
Не се познати многу детали, но се работи за ново злосторство, нова мистерија, а дејството се одвива на грчки остров.
Технолошкиот милијардер Мајлс Брон (Едвард Нортон) поканува некои од најблиските да дојдат на неговиот приватен грчки остров, но набргу станува јасно дека во рајот не е сè совршено.
И кога некој е убиен, кој подобро од Блан (Даниел Крег) да ги излупи слоевите на интригата?

Има многу возбуда за ова продолжение, а очекувањата се дека ќе стане долгогодишен нов серијал на „Нетфликс“ имајќи предвид дека расте интересот за филмови од жанрот whodunnit или сторија за убиство во која до крајот не се открива идентитетот на убиецот. Станува збор за сложена варијанта на детективска фикција водена од заплет, а главниот фокус е загатката за тоа кој го извршил злосторството.

Претстојниот втор дел со наслов Knife’s Out: A Glass Onion Mystery („Кромид од стакло“) ќе ја има светската премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто на 10 септември. Во ноември пристигнува во американските киносали, а ќе биде достапен за стриминг на „Нетфликс“ од 23 декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.
Забава
(Видео) Нова песна на Сара Мејс – „Не ме сакаш“
Македонската пејачка Сара Мејс го објави новиот сингл „Не ме сакаш“, придружен со видеоспот во кој глуми и познатиот актер Стефан Николовски.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, а аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот се изработени во JustRBProduction.

