Забава
(Видео) Оскаровци во филм што предупредува на климатските промени
Режисерот Адам Мекеј собра ѕвездена актерска екипа за да даде духовито предупредување за климатските промени во новиот филм „Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up).
Во филмот на „Нетфликс“ оскаровците Џенифер Лоренс и Леонардо ди Каприо глумат двајца астронаути што почнуваат медиумска турнеја во обид да го предупредат човештвото за приближување комета што ќе ја уништи планетата.
„Мислам дека големиот трик е во тоа што сакаме да се смеете… Доброто нешто во пробната проекција на филмот беше и десно и лево сите се смееја“, рече режисерот Мекеј на премиерата на филмот во неделата на 6 декември.
Трикратната оскаровка Мерил Стрип, чија првична реакција на ликот што го глуми е да седне и да проценува, рече дека пораката на филмот е едноставна: „Погледнете нагоре… знаеме што доаѓа и знаеме дека можеме да направиме нешто во врска со тоа“.
Во комедијата се гледа како ликовите на Ди Каприо и Лоренс очајно се обидуваат да ја пренесат лошата вест и како почнуваат медиумска кампања.

Во филмот глумат и Кејт Бланшет, Џона Хил, Роб Морган, Тајлер Пери, Марк Рајленс и пејачката Аријана Гранде.
Don’t Look Up, кој ќе има лимитирано издание во киносалите, почнува со стриминг на „Нетфликс“ на 24 декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Трик од 2 секунди: Алиштата ќе ви се исушат двојно побрзо
Овој едноставен трик за сушење алишта би можел да стане ваш мал, но корисен сојузник во зимските домашни работи.
Сите сакаме нашите алишта да се исушат што е можно побрзо по перењето, особено во текот на зимските денови, кога сушењето алишта е вистински кошмар. Сепак, на интернет има многу корисни совети и трикови, а еден таков совет се однесува на перењето и сушењето алишта.
Секогаш кога ви се чини дека сте бомбардирани со трикови за да го олесните животот дома од сите страни, не заборавајте дека некои од нив навистина би можеле да ви го променат животот.
Еден таков совет би можел да биде оној поврзан со перењето и сушењето алишта, особено затоа што знаеме дека е во наш најдобар интерес алиштата да се исушат што е можно побрзо.
Австралијката Шенон Леш, експерт за домаќинство, постојано успева да им помогне на луѓето ширум светот со своите необични и генијални совети во врска со обичните домашни работи.
Еден од советите што е дочекан со ентузијазам е побрз начин за сушење алишта. Трикот трае две секунди и дава неверојатни резултати.
Нејзиниот трик за побрзо сушење стана вирален. Шенон објаснува дека најефикасниот метод е да се стави сува крпа во машина за сушење алишта полна со влажни алишта. Таа тврди дека ова ќе ги исуши влажните алишта три пати побрзо, а исто така ќе потрошите помалку електрична енергија.
Ефикасноста на трикот е потврдена и од други
Корисникот на TikTok, Питер Волш, исто така го сподели овој едноставен совет, кој, според него, може да го скрати времето на сушење во машината за сушење алишта за половина. Тој додава дека овој трик помага бидејќи крпата ја апсорбира вишокот влага и ја подобрува циркулацијата на воздухот во уредот.
@thepeterwalshshowpod A useful life hack
Според искуствата на корисниците, резултатите се видливи по кратко време. Некои тврдат дека забележале значителна разлика по само 15 минути сушење. Други истакнуваат дека го користат овој метод со години, особено со помали количини алишта. Исто така, препорачливо е да се центрифугираат потешки парчиња облека пред сушењето.
Бројни коментари на социјалните мрежи ја потврдуваат ефикасноста на овој трик. Корисниците велат дека ќе го применуваат овој метод со секое перење во иднина. Тие исто така се надеваат на помала потрошувачка на енергија и пократко време на сушење.
Едноставен додаток како сува крпа би можел да стане мал, но корисен сојузник во зимските домашни работи.
Забава
(Видео) Каролина Гочева: Ви благодарам што после 15 години ја вративте песната во живот
Во последно време „Крај“ почна погласно да се пее на сите концерти и сѐ почесто добивам и гледам разни видеа, ремикси… па направив една кратка домашна, инстаграм верзија да ви се заблагодарам што после 15 години ја вративте песната во живот, напиша македонската пејачка Каролина Гочева покрај видеото што го објави на социјалните мрежи.
Забава
(Видео) Невеста го покажа фустанот што нејзината свекрва го носела на свадбата: „Веќе не зборуваме“
Кога Бруклин Бекам јавно ги сподели деталите за неговата семејна расправија, скандалот ги потресе сите Бекамови. Со оглед на тоа колку Викторија со децении се обидуваше да изгради слика за идилично семејство, сега сè официјално се сруши, а тоа е поради нејзината врска со нејзината снаа, Никола Пелц.
@jadekatieex sorry not sorry, im with you Brooklyn 🙌🏽😂🫠 #motherinlaw #mil #brooklynbeckham #wedding #weddingdress ♬ Funny video "Carmen Prelude" Arranging weakness(836530) – yo suzuki(akisai)
Џејд Кејти од Велика Британија објави видео во кое нагласи дека совршено го разбира Бруклин Бекам бидејќи и самата поминала низ нешто слично. Објави видео на кое се бакнува со сопругот и сè изгледаше одлично сè додека не виде дека нејзината свекрва е исто така во венчаница.
„Му верувам на Бруклин Бекам бидејќи мојата свекрва се појави во венчаница на мојата свадба“, рече таа.

Како што понатаму изјави, изборот на бел фустан не беше случаен бидејќи јасно се гледаше дека станува збор за венчаница, а таа дури имаше и бели нокти, па затоа целосно фрли сенка врз свадбата.
Видеото брзо стана вирално, а луѓето во коментарите не го криеја своето неверие и шок, прашувајќи се дали Кејти сè уште разговара со својата свекрва.
Таа едноставно одговори „не“.

