Забава
(Видео) „Пијана“ – песната со која Дани Димитровска се врати на „Макфест“

„Пијана“ е новата песна на нашата поп рок дива, Дани Димитровска која по неколку години повторно застана на сцената на Макфест и му подари на 39-то издание на овој фестивал уште еден хит. „Пијана“ вибрира љубовно – пијанство од љубов и среќа е најубавиот поздрав кој може да го посакаме некому“. Музиката и текстот се на Весна Малинова, а за аранжманот стои Јордан Манов.
„…Немам време да мразам на луѓе да газам“ нека е добро утро секој ден, за да ни тргне денот со посвета на себе“, порачува Дани во својот најнов сингл.
Дани ја промовираше „Пијана“ на Макфест во највпечатлив сценски костим и ги подигна стандардите на сценскиот израз, а видео записот на оваа песна беше објавен во неделата, ден по фестивалскиот настап. Спотот е во целосна продукција на 2by4, во режија и монтажа на Ени Вучидолова.
„Видеото за „Пијана“ е најприродниот однос досега прикажан. Реалните сопнувања, паѓања и будалаштини се задржани и прикажани во видеото како потсетник на тоа дека сме живи луѓе, создадени за слобода, за емотивна размена, соединување. 2by4 продукција го обои и соедини ова парче вистина кое, сигурна сум, ќе ви украде насмевка“, изјавува Дани.
Обожователите на Дани Димитровска имаат можност да ја слушнат „Пијана“ на сите музички стриминг платформи, а на YouTube да го погледнат видео записот.
Наскоро ќе слушнеме уште една нова песна од Дани, за која таа вели дека е најразлична од сѐ досега што снимила, но се надева дека ќе и се допадне на публиката затоа што има важна порака да пренесе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Адел во ретко појавување во јавност, обожавателите зборуваат за нејзината витка фигура

Британската музичка ѕвезда Адел беше фотографирана во Остин, Тексас, на Големата награда на Соединетите Американски Држави, што е едно од нејзините ретки јавни појавувања откако ја заврши серијата настапи во Лас Вегас.
Познатата 37-годишна пејачка беше видена во боксот на тимот на Мерцедес АМГ Формула 1 додека ја обиколуваше нивната гаража. Во таа прилика, таа беше фотографирана со возачите на Мерцедес, Џорџ Расел и Кими Антонели.
Со оглед на тоа што ретко се појавува во јавноста и нема многу неодамнешни фотографии од неа, пејачката ги изненади фановите со својот изглед – таа видливо ослабе, а црната комбинација што ја избра за овој настан дополнително ја нагласи нејзината нова фигура.
Пејачката се повлече од јавноста откако го изведе својот последен настап од нејзината двегодишна резиденција во Цезарс Палас во ноември 2024 година. Оттогаш успешно се држи подалеку од медиумското внимание.
Минатиот август, повеќекратната добитничка на Греми објави дека прави пауза од музичката индустрија.
„Нема да ве видам долго време“, и рече таа на публиката на концерт во Минхен. „Само ми треба пауза, ги поминав последните седум години градејќи нов живот за себе и сакам да го живеам сега.“
Пејачката, родена како Адел Адкинс, е верена со Рич Пол, спортски агент и извршен директор кој, меѓу другите, ја претставува и НБА легендата Леброн Џејмс.
Се чини дека посетата на познатата пејачка не донесе среќа за тимот на Мерцедес. Џорџ Расел ја заврши трката на шестото место, иако стартуваше од четвртото место. Во меѓувреме, неговиот соиграч Антонели падна од 7-мо на 13-то место и изгуби поени.
Забава
(Фото) Што и да облече, едно е сигурно – шпанската убавица секогаш ќе изгледа како вистинска дама

Актерката Пенелопе Круз неодамна присуствуваше на гала во Лос Анџелес. За вечерниот настан таа одлучи да облече навидум едноставна креација, која зрачи со чиста елеганција.
Шпанската убавица избра фустан во валкано бела боја, кој ги прегрна сите нејзини облини и беше украсен со интересни детали.
Покрај тоа, деколтето, кое ги истакнуваше нејзините гради, беше многу забележливо, а не треба да ја заборавиме и блескавата насмевка што ја покажуваше цело време за време на фотосесијата.
За да го комплетира својот изглед, таа се одлучи за малку свиткани прамни коса, како и шминка во природни тонови, кои совршено ги истакнуваа нејзините црти на лицето.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Омилената џебна Венера избра гламурозен фустан за големиот настан: за некои обожаватели беше целосно промашување

Актерката и режисерка Ева Лонгорија блесна на гала вечер во Лос Анџелес. За таа пригода, таа избра гламурозен фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело и ги истакнува сите нејзини луксузни атрибути.
Креацијата е украсена со розов материјал со светки, но и длабоко деколте со облик во срце што ги нагласува градите. Зад овој „Барби“ фустан стои познатиот либански дизајнер Ели Сааб, а омилената џебна Венера со задоволство го носеше за посебната вечер.
И додека модните критичари пишуваат пофалби за оваа убавица, јавноста на социјалните мрежи не е премногу задоволна од нејзиниот стил, пишува порталот „The Blast“.
„Фустанот беше дизајниран за високи жени. Мораше да се измени за да им одговара на пониските. Секако, фустанот е прекрасен“, „Едвај ги собра градите во тој корсет“, се само некои коментари.
Сепак, имаше и такви кои напишаа само убави зборови.
„Фустанот е прекрасен, исто како Ева“, „Го обожавам нејзиниот стил“, пишуваат фановите.
За да го надополни својот аутфит, актерката носеше фризура стилизирана во ретро стил, но и впечатлива шминка во темни тонови.
Од накит, таа носеше дијамантски ѓердан кој совршено го заокружи овој гламурозен изглед.
фото: принтскрин