Забава
(Видео) Посине небото сред ноќ над Њујорк: ,,Мислев дека дојде крај на светот”
Посине небото ноќеска над Њујорк, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите ка Квинс. ,,Мислев дека дојде крајот на светот”, напиша еден жител на Квинс на „Фејсбук“. Според медиумите, станува збор за пожар на трансформатор во Квинс во Њујорк кој го осветлил небото во сина боја, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите.
Um what is this? #queens #nyc pic.twitter.com/rt3yiOoyBz
— Tara A. Johnson (@tara_arianna) December 28, 2018
Делови на Квинс останаа без електрична енергија. Се истражува пожарот на трансформаторот, а поред информациите од полицијата, нема повредени лица. Според првичните информации, не станува збор за саботажа.
What is happening in queens?!!!! It’s humming and changing psychedelic colors… tons of sirens?!! pic.twitter.com/xkskHdzOxo
— Juju Chang (@JujuChangABC) December 28, 2018
Во меѓувреме жителите на Квинс излегоа на улиците, додека жителите на Њујорк оставија бројни коментари на социјалните мрежи, обидувајќи се да најдат одговор што ја предизвикало мистериозната светлина на небото.
People describe hearing a boom, feeling a vibration and seeing the sky turn green. Again —we are told it was a transformer explosion at a @ConEdison building in Astoria, Queens. I’m heading in that direction with my @CBSNewYork crew. Will update here. pic.twitter.com/gdGCjVWVfS
— Jessica Layton (@JLaytonTV) December 28, 2018
Некои се посомневаа дека станува збир можеби за вонземјани или, пак, за руски хакери. Сепак, надлежните смируваат со пораки на „Твитер“: ,,Нема докази за вонземјански активности”, порача полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Никогаш не сум била наметлива девојка“: Кејт Хадсон го откри своето правило во љубовните врски
Актерката Кејт Хадсон во последно време воодушевува со своите модни изданија, како неодамна на доделувањето на наградите БАФТА, но тоа не ја спречи да открие посебно правило во една од нејзините изјави кое го почитува во секоја врска, со што го одвлече вниманието од својот совршен изглед.
Кејт беше гостинка во „Шоуто на Хауард Стерн“ и многу весело одговори на сите прашања, едно од нив беше дали некогаш ѝ било скршено срцето.
„Секако дека да, но моето правило отсекогаш било дека ако маж ви каже дека не сака врска или дека не е заинтересиран, за мене е готово. Никогаш не сум била наметлива девојка, само велам дека сè е во ред“, рече актерката.
За подобро да објасни што навистина мисли, таа зборуваше и за својата ситуација по едно раскинување.
„Тој дечко ме праша дали сакам да зборуваме за тоа, но за што да зборуваме кога раскинавме. Готово е, раскинавме, а ти би сакал да зборуваш за тоа сега. Не, меѓу нас е готово“, појасни таа.
Забава
(Фото) Педро Паскал повеќе не го крие своето момче
Миленикот на жените, актерот Педро Паскал, се чини дека има дечко и ова би бил прв пат да се знае нешто повеќе од обична шпекулација за неговиот љубовен живот.
Иако со години е посакуван, Педро неодамна ги разочара жените кога беше виден во прегратката на Рафаел Олара, бизнисмен кој поседува синџир хотели во Флорида и Аргентина. Ниту еден од нив не коментираше за природата на нивната врска, но се чини дека работите стануваат појасни.
Паскал првпат беше виден како се држи за раце со Олара, и како што сега ексклузивно објавува TMZ, тие повторно беа видени во повеќе од интимна прегратка. Тие одеа така цело време, а во еден момент Олара дури и го држеше задниот џеб од панталоните на Педро.
EXCLUSIVE: 👀 Pedro Pascal was seen getting handsy with pal Rafael Olarra in Los Angeles.
Photos: https://t.co/DYd0ovbnog pic.twitter.com/fGvTu4iHhx
— TMZ (@TMZ) February 24, 2026
Иако сè уште нема официјална потврда од актерите во приказната, се чини дека не е потребен поголем доказ од овие папарацо фотографии.
Педро Паскал речиси сигурно е во некаква врска со Олара, која воопшто не е пријателска. Патем, Рафаел Олара е поврзуван и со актерот Лук Еванс, а што се однесува до Паскал, ова се првите информации за неговиот љубовен живот.
Забава
(Видео) Како изгледа Тејлор Свифт без грам шминка: пејачката изненади со објава на интернет
Тејлор Свифт, која официјално е најбогатата музичарка во светот, ги изненади своите обожаватели со објави од студиото каде што моментално работи, а најголем „бум“ направи нејзиното целосно природно лице.
Нејзиниот сингл „Opalite“ неодамна успеа да се искачи на врвот на музичките листи и тоа е 14-ти сингл по ред на Тејлор Свифт што доживеа таков успех. Таа го прослави овој незаборавен момент, уште еден во нејзината кариера, покажувајќи дел од својот живот зад сцената додека го создаваше албумот преку објави.
Тејлор Свифт го овековечи својот голем успех објавувајќи клипови од снимањето на песната и видеото, а во видеото позираше во студиото без ни трошка шминка и со природни локни, додека наздравуваше со продуцентот.
Навикнати сме секогаш да ја гледаме со црвен кармин на усните, па затоа ова издание од светски познатата пејачка е вистинско изненадување за сите.
Тејлор Свифт има 280 милиони следбеници само на Инстаграм.

