Забава
(Видео) По една недела спасено куче кое паднало во јама

На Италијанец кучето му паднало во јама додека бил на лов. По една недела дошол со ќерката за да се збогува од миленикот, но го слушнале лаежот на кучето од јамата длабока 140 метри.
Џузепе Тривелат дента кога се случила несреќата со часови го довикувал неговото куче крај јамата во којашто пропаднало. Но, немало никакво знак дека е живо. Помислил дека неговиот верен Зумо починал при падот во дупката.
Тој ден ловел на Истра. Последниот ГПС-сигнал од кучето бил во близина на јамата. Откако изгубил надеж дека ќе го најде миленикот, тој се вратил дома. По една недела се вратил на местото на несреќата, овој пат носејќи ја со себе и ќерка си. Таа сакала да се збогува од миленикот и му ја фрлила омилената играчка во јамата. Тогаш се слушнал и лаеж од длабочините…
Неверојатната приказна ја објави италијанскиот портал Il giornale di Vicenza, а ја пренесе „Гласот на Истра“, кој разговараше со пожарникарите кои го спасувале кучето.
Во спасувачката мисија учествувале тројца пожарникари од Пула, како и спелеологот Морени Алмаси. Пет часа тие се спуштале на 80 метри длабочина во јамата, каде што било пронајдено кучето, кое немало никакви повреди. Кучето не давало отпор кога го фатиле во мрежа за да го извлечат надвор. Според зборовите на пожарникарите, Џузепе не можел да престане да плаче кога го видел своето куче Зума.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Бен Афлек на снимањето на новиот филм дојде со бурма

Бен Афлек беше забележан со венчален прстен на снимањето на претстојниот филм Animals.
Камерите го фатија актерот на пауза од снимањето. На левата рака јасно се гледаше златен прстен, што наводно е само дел од неговата улога.
Афлек и Џенифер Лопез официјално се разведоа на 21 февруари. Според судските документи, судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес го одобрил нивниот развод на 6 јануари, шест месеци откако пејачката поднесе барање.
Двојката уште во септември се договорила со посредство и на тој начин избегнала долготрајна судска битка.
Забава
Блејк Лајвли и се извини на Тејлор Свифт што ја вовлече во кавгата со Балдони

Блејк Лајвли наводно и се извинила на пејачката Тејлор Свифт што ја вовлекла во кавгата со Џастин Балдони, пишува News Nation.
„Сè решија. Блејк се извини и сега пак разговараат“, коментира добро информиран извор.
Да потсетиме, веќе некое време кружат гласини за лошите односи меѓу Свифт и Лајвли. Сè започна откако Џастин Балдони ја вклучи пејачката во неговата тужба против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Недолго потоа, извор близок до Свифт рече дека таа „се чувствува искористена“ и не и се допаѓа што Блејк ја нарекува „еден од нејзините змејови“.
Забава
(Видео) Калиопи воодушеви во Лисински, гости и беа Влатко Стефановски и Жељко Самарџиќ

Македонската музичка дива Калиопи во саботата одржа концерт во загрепската концертна сала Ватрослав Лисински.
Во придружба на оркестар, Калиопи го демонстрираше својот впечатлив вокален опсег.
„Сè уште сум опиена од енергијата на публиката. Каква ноќ, каков концерт! Со моите музичари го оставивме срцето на сцената Лисински, а секоја нота оваа вечер беше одраз на нашето искуство од оваа прекрасна сала. Два и пол часа поминаа како миг“, изјави Калиопи по концертот.
Како специјални гости на изненадување, на сцената ѝ се придружија блиските пријатели Влатко Стефановски со кој ја изведоа песната „Калеш Анѓо“ и Жељко Самарџиќ со кого го отпеа „Знам“, нивниот регионално познат дует.
Публиката двапати ја враќаше Калиопи на бис. На првиот бис го изведе својот голем евровизиски хит „Црно и бело“, а на вториот легендарниот евергрин „Бато“.