Забава
(Видео) По принудното слетување, пилот нарача 40 пици за вознемирените патници

Патниците на летот на компанијата „Американ ерлајнс“, 2354, од Лос Анџелес до Далас, не ни можеле да претпостават дека ноќта ќе ја минат на аеродром во Тексас, каде што биле принудени да слетаат.
Имено, авионот принудно слетал на аеродромот поради силната бура што го погодила северниот дел на Тексас, каде што 150 исплашени патници морало да преноќат.
@AmericanAir The Captain of Flight 2354 bought pizza for everybody who was stuck in Wichita Falls Regional airport after a weather diversion. I don’t think I’ve seen this before. pic.twitter.com/sLmo76ckUB
— Josh Raines (@J_reigns2) September 7, 2018
Со цел да се намали тензичната атмосфера и непријатноста, пилотот Џеф Рејнс нарачал 40 големи пици за испорака до аеродромот.
Видеото направено на аеродромот покажува како пилотот оди наваму-натаму и носи пици за патниците.
„Никогаш претходно не сум видел такво нешто“, вели Џош, вработен на аеродромот, кој го снимил видеото. Пилотот потоа кратко изјавил дека целиот екипаж сакал да им помогне на патниците.
Пилот објаснува зошто е важно да вклучите „airplane mode“ во авион
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Откриена причината за смртта на Ози Озборн

Легендарниот рок пејач и фронтмен на групата Блек Сабат, Ози Озборн, почина на 22 јули на 76-годишна возраст, опкружен со своето семејство. Сега вистинската причина за смртта е официјално откриена.
Според официјалниот извештај, причина за смртта била акутен миокарден инфаркт и срцев застој, пишува „Дејли Мејл“.
Ози, кој во 2019 година откри дека боледува од Паркинсонова болест, беше погребан минатата недела на имотот на неговото семејство, за време на приватна церемонија на која присуствуваа членови на семејството и бројни претставници на рок сцената, вклучувајќи ги Мерилин Менсон и гитаристот на Ози, Зак Вајлд.
Фото: ЕПА
Забава
Денис Ричардс упаднала кај поранешниот по кучето, има забрана за приближување

Актерката Денис Ричардс е видена како разговара со полицијата откога неочекувано влегла во куќата на поранешниот сопруг Арон Фајперс и покрај тоа што има изречена забрана за приближување.
Според медиумски извештаи, Ричардс во неделата попладне упаднала во куќата во Калабасас, Калифорнија, каде што моментно живее Фајперс со неговите родители и со братот наводно за да го земе својот милениче – кучето. Извор близок до настанот за ТМЗ изјавил дека таа тропала на задната врата по што родителите на Фајперс ѝ отвориле. Потоа, според истиот извор, таа почнала да им вика да ја напуштат куќата.
Се тврди и дека 54-годишната актерка им покажувала со прст на родителите на поранешниот сопруг, се обидела да го удри брат му, а наводно фрлала и пошта кон зетот.
По интервенцијата, полицијата заклучила дека нема основано сомнение за кривично дело и не презела дополнителни мерки.
Адвокатот на Ричардс, Брет Берман, негира каква било вина на својата клиентка. За магазинот „Пипл“ изјави дека Ричардс не ја прекршила забраната за приближување бидејќи претходно се уверила дека Фајперс „не бил присутен во нејзината куќа“.
„Госпоѓа Ричардс влезе во куќата за да си го земе кучето откога дозна дека господинот Фајперс, без нејзино знаење и дозвола, успеал да однесе едно од нејзините миленичиња“, рече Берман.
Од друга страна, извор близок до Фајперс ги нарече овие тврдења 100 отсто лажни.
Ова е само последниот развој во контроверзната врска меѓу Ричардс и Фајперс. Минатиот месец актерката доби привремена забрана за приближување до Фајперс откога тој поднесе барање за развод по шест години брак.
Ричардс го обвини Фајперс за психичко и физичко насилство тврдејќи дека ја удирал, ја давел и ѝ се заканувал со убиство.
Претставниците на Денис Ричардс сè уште не дале официјална изјава за медиумите.
Забава
Мел Би се омажи вторпат за истиот маж во Мароко

Поранешната членка на поранешната група „Спајс грлс“, пејачката Мел Би, го кажа судбоносното „да“ вторпат на Рори Мекфи.
Мел Би и нејзиниот партнер Рори Мекфи се венчаа првпат на почетокот на јули во Лондон, а двојката не можеше да одолее на желбата да се венчаат втоерпат во Мароко во луксузниот хотел „Селман Маракеш“.
Поранешната „спајсица“ објави фотографии од уште една гламурозна прослава на „Инстаграм“ со опис:
„Се венчавме! Повторно! Свадбата беше толку добра што моравме да ја продолжиме прославата со нашите најблиски на нашето омилено место“, напиша Мел.
Ова можеби е трета среќа за Мел Би. Таа беше во брак со Џими Гулзар (1998 – 2000) и со Стивен Белафонте (2007 – 2018).
Таа е во врска со Рори од 2017 година, а се свршија во 2022 година. Тој е фризер по професија, а пред тоа ѝ беше долгогодишен пријател на пејачката.