Забава
(Видео) Првата дама го одби Трамп пред Макрон
Првата дама на САД, Меланија Трамп, одби американскиот претседател Доналд Трамп да ја фати за рака.
На видеото што го објави „Дејли мејл“ се гледа дека Трамп се обидува да ја натера Меланија да му подаде рака, додека таа студено стои крај него. На крајот Трамп успева да ја зграпчи раката на Меланија, при што ѝ заблагодарува.
Кратко потоа Меланија застанува зад Трамп и Макрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Тамара Глоба предвидува блескав ноември за четири хороскопски знаци
Познатиот руски астролог Тамара Глоба предвидува дека ноември ќе донесе среќа и нов почеток за четири хороскопски знаци – Близнаци, Рак, Вага и Водолија.
Глоба најавува „крај на еден вознемирувачки период и почеток на посветла етапа“, со големи промени и нови можности.
Близнаци – ќе почувствуваат налет на креативна енергија, хармонија во љубовта и финансиска стабилност, но со потреба од внимателност во приватниот живот.
Рак – ќе уживаат во професионален напредок и профитабилни можности; крајот на месецот ќе бара повеќе внимание кон семејството.
Ваги – ги очекуваат нови средби, деловни понуди и лични промени; успехот ќе ги следи ако носат промислени одлуки.
Водолии – ќе имаат поддршка од блиските и пријателите, а во деловниот сегмент ќе им се отворат нови извори на приход.
Според Глоба, ноември ќе биде период на нови можности, финансиска стабилност и личен раст, но ќе бара мудрост и внимателност во одлуките.
Забава
Мајка ѝ е кралица нa „Ноќта на вештерките“, но и Лени Клум воодушеви со својот костим
На годинешната забава на Хајди Клум за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк, во центарот на вниманието беше нејзината ќерка Лени Клум, која со креативниот костим го привлече вниманието на сите.
Дваесет и едногодишната манекенка се претстави како ликот Камил Крим од детската книга „Необичниот случај со пругите“. и го обои целото тело во шарени пруги – еден од највпечатливите костими на вечерта.
Хајди Клум се појави како Медуза, нејзиниот сопруг Том Каулиц како сребрен витез, а неговиот брат близнак Бил Каулиц како Сејлор Мун. На забавата присуствуваа и останатите деца на Клум од бракот со Сил.
Забава
Љубов до 5 ноември: неколку хороскопски знаци ќе блеснат во романса
Астролозите предвидуваат дека до 5 ноември четири хороскопски знаци ќе уживаат во љубовна хармонија, благодарение на Венера во знакот на Вага – планетата на љубовта, убавината и рамнотежата.
Вага – Ѕвезда на сезоната: привлекува љубов, пари и успех. Зафатените Ваги ја продлабочуваат врската, а слободните можат да доживеат неочекувана романтична средба.
Овен – Венера носи нова љубов или обновување на старата. Можно е заеднички живот или веридба.
Близнаци – Период на емоции, страст и инспирација. Романтиката се меша со креативноста, но треба да внимаваат да не идеализираат нови луѓе.
Водолија – Конечно мир и длабока поврзаност. Привлекуваат искрени и интелигентни партнери, а некои можат да ја пронајдат својата сродна душа.

