Забава
(Видео) Првиот „боинг 777“ ќе се пензионира по 20.519 лета

Првиот авион „боинг 777“ е произведен пред 24 години. Тој е еден од најпродаваните и најпрофитабилни модели во авијацијата. Но, сега, по толку години летање, првиот „777“ ќе го има својот последен лет и тоа до музејот во Аризона, каде што ќе се пензионира како врвна туристичка атракција.
Овој модел „777-200“, со ознака Б-НХЛ, е произведен во 1994 година по што конечно влезе во комерцијална употреба на авиокомпанијата „Катеј пацифик ерлајнс“ во Хонг Конг во 2000 година.
Во текот на годините овој авион имал 20.519 лета, односно 49.687 часа лет. Авионот е повлечен во мај оваа година.
Овој модел на „боинг“ го користеа и „Бритиш ервејс“, „Американ ерлајнс“, „Делта ерлајнс“ и други светски авионкомпании.
A new addition! Pima Air & Space Museum received the first-ever #Boeing 777 (WA001) today by way of @cathaypacific, one of the largest operators of 777s and a launch customer for another addition—the all-new #777X. RELEASE: https://t.co/PwKs9GjcI2 pic.twitter.com/Lfk5PoB5hs
— Boeing Airplanes (@BoeingAirplanes) September 18, 2018
„Боинг“ работи на новото издание „777-9“, кој би требало да полета до 2019 година. Од компанијата истакнуваат дека оригиналниот „777“ има посебно место во историјата на авиокомпаниите и комерцијалната авијација воопшто.
Музејот во Аризона е сон на секој авијатичар, во него има 150 авиони, а уште 150 се на отворено во дворот. Има примероци од најпознатите модели на авиони во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Харисон Форд јадеше чипс среде говорот на својата колешка и ги насмеа присутните

Актерот Харисон Форд (82) привлече внимание на синоќешното доделување на наградите САГ. За време на церемонијата на отворањето на доделувањето на наградите, легендарниот 82-годишен актер загризал чипс, што целосно ја збуни неговата колешка од „Shrinking“, Џесика Вилијамс, додека го држеше својот говор.
„Лос Анџелес е познат како град на соништата – и, навистина, сите мои соништа овде се остварија“, го започна својот говор Вилијамс.
Но, додека таа зборуваше пред камерата, Форд седеше зад неа и јадеше чипс, што и го одвлече вниманието. Таа збунето застана, се насмеа и извика: „Му реков да се сврти!“ Форд потоа се сврте кон масата и продолжи да јаде. „Не гледај!“, викна Вилијамс низ смеа.
Забава
Доделени наградите САГ: на најдобриот филм му предвидуваат и освојување на Оскарот

Психолошкиот трилер за изборот на нов папа, „Conclave“, триумфираше на 31-то доделување на САГ наградите во неделата, освојувајќи ја главната награда. По освојувањето на наградата БАФТА, многумина веруваат дека тој има добри шанси да добие Оскар.
Во телевизиските категории, епската серија „Shōgun“, сместена во феудална Јапонија, и комедијата „Only Murders in the Building“ освоија награди за најдобра драма и најдобра хумористична серија.
„Shōgun“ доминираше во ТВ категориите со вкупно четири награди, вклучително и награди за водечки актери. Хиројуки Санада и Ана Саваи ги добија наградите за најдобар актер и актерка во драмска серија.
Интересно е што ниту еден филм не освоил повеќе од една награда. Победата на „Conclave“ доаѓа во време на непредвидлива сезона на награди, во која контроверзите ги исфрлија од игра поранешните фаворити како „Emilie Pérez“. Филмот „Anora“, кој ја загуби главната награда од „Conclave“, сепак освои награди за режија и продукција, позиционирајќи се меѓу главните фаворити за Оскарите.
Но, имајќи предвид дека „Conclave“ сега ги освои и наградите САГ и БАФТА, се зголемуваат шансите овој филм за изборот на папата да триумфира на Оскарите.
Тимоти Шаламе (A Complete Unknown) и Деми Мур (The Substance) ги добија наградите за најдобар актер и актерка.
Наградата за најдобра споредна машка улога ја доби Киеран Калкин (A Real Pain), додека Зои Салдања (Emilia Pérez) ја доби наградата за најдобра споредна женска улога.
Забава
Секогаш подготвени за кавга, бесот им е второто име: овие хороскопски знаци можат да ги изгубат нервите поради ситница

Со сигурност можеме да ги наречеме кралеви на нервните сломови, нивното трпение секогаш е при крај, па дури и најмалата работа може да ги исфрли од рамнотежа.
Ако некогаш сте помислиле дека некој е премногу драматичен и дека ги губи нервите поради ситници, голема е шансата да припаѓа на еден од овие два хороскопски знаци.
Нивниот стрес, напнатост и емоционални реакции им се познати на сите околу нив.
Овен
Импулсивен, темпераментен и секогаш подготвен за борба, Овните немаат трпение за бавни луѓе, неправда или какво било доцнење. Кога нешто ќе ги исфрли од колосек, нема да морате да погодувате – ќе знаете веднаш.
Девица
Перфекционисти со високи стандарди, Девиците лесно ги губат нервите кога работите не одат според планот. Нивната потреба за ред и контрола ги прави чувствителни на хаос и несовршености.
Без разлика дали се работи за бесот на Овен или за пасивно-агресивна критика на Девицата, овие знаци навистина ја заслужуваат титулата кралеви на нервните сломови.