Забава
(Видео) Претставничката на Норвешка на Евросонг 2023 завладеа на „Тик-ток“
На претстојниот Избор на песна за Евровизија во Ливерпул, Норвешка ќе ја претставува музичарката Алесандра со песната Queen of Kings.
Италијанско-норвешката пејачка го освои Melodi Grand Prix, норвешка верзија на националeн избор, со песна што веќе забрзано се искачува на глобалните топ-листи на „Спотифај“.
Queen of Kings го зазеде и седмото место во обложувачниците на Евросонг, а за неа најмногу се зборува на „Тик-ток“, каде што стана хит.
На профилот со корисничко име Passione Eurovision е објавен клип од песната на Алесандра, а видеото е прегледано повеќе од 2,5 милиони пати во еден ден.
Во коментарите луѓето ги напишаа своите впечатоци, многумина се воодушевени од норвешката претставничка и ја предвидуваат нејзината победа.
„Песната пред некој ден се појави на ‘Спотифај’ и оттогаш не ја гасиме“, „Ова е само за Евросонг, ми се допаѓа“, „Дами и господа, еве го победникот на Евросонг 2023“, „Дефинитивно, победникот, денеска петти пат ја слушам“, „Ова не го очекував, песната е предобра“, се само дел од коментарите.

Алесандра (20) има италијанско и норвешко потекло. Поголемиот дел од животот го поминала во Италија, но по завршувањето на средното училиште, решила да живее во Норвешка.
Инаку, интересно е што Норвешка досега беше меѓу најнеуспешните земји во историјата на натпреварувањето. Таа се најде на дното на семафорот дури единаесет пати. Сепак, победи 3 пати, во 1985, 1995 и во 2009 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Малкумина знаат дека Џенифер Лопез има сестра – успешна новинарка и добитничка на „Еми“
Џенифер Лопез (56) и нејзината помлада сестра Линда (54) беа фотографирани од папараците додека уживаа во викендот во Хамптонс. Двете поминале ден на плажа и прошетка во есенска атмосфера, облечени лежерно, со топли џемпери и чизми.
Линда Лопез, која ретко се појавува во јавност, е успешна новинарка и телевизиска водителка, добитничка на награда „Еми“. Заедно со Џенифер ја основала семејната фондација, за помош на жени и деца до пристап за здравствена грижа.
Иако ја избегнува јавната сцена, Линда често ја поддржува својата славна сестра на хуманитарни и професионални настани.
View this post on Instagram
Забава
Шкорпиите сакаат контрола, Рибите бегаат од реалноста – најлошите навики на секој хороскопски знак
Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот.
Oва се најлошите навики на секој знак.
♈ Овен – Нестрпливост
Импулсивни се и брзо „пламнуваат“ ако нешто не им оди по план.
♉ Бик – Тврдоглавост
Тешко прифаќаат промени и ретко ја менуваат еднаш донесена одлука.
♊ Близнаци – Недоследност
Започнуваат многу работи, но брзо го губат интересот и ретко довршуваат.
♋ Рак – Злопамтила
Премногу долго ги паметат неправдите и тешко простуваат.
♌ Лав – Постојана потреба за внимание
Желбата за признание лесно преминува во зависност од пофалби.
♍ Девица – Прекумерна критичност
Сè забележуваат и често претеруваат со коментари и забелешки.
♎ Вага – Одолговлекување
Стравот да не погрешат ги тера да одложуваат одлуки и шанси.
♏ Шкорпија – Поссесивност
Сакаат контрола и често ги проверуваат блиските.
♐ Стрелец – Избегнување одговорност
Бегаат кога обврските стануваат сериозни, во потрага по слобода.
♑ Јарец – Претерана посветеност на работа
Работат премногу и ги занемаруваат здравјето и личниот живот.
♒ Водолија – Емоционална дистанца
Тешко покажуваат чувства и делуваат студено, и кога не се такви.
♓ Риби – Бегство од реалноста
Сонуваат наместо да се соочат со проблемите, што ги враќа во ист круг.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.

