Забава
(Видео) Принцот Хари очајнички избегнува средба со својот брат Вилијам
Членовите на британското кралско семејство во неделата присуствуваа на црковната служба по повод Велигден. Додека принцот Вилијам дојде во придружба на сопругата Кејт, принцот Хари дојде сам, бидејќи неговата сопруга Меган треба да се породи во секој момент. Притоа на многумина не им побегна фактот дека принцевите на оваа свеченост се однесуваа ладно еден кон друг, а експерт за говор на телото тврди дека Хари очајнички настојувал да го избегне својот брат Вилијам.
Војводата од Сасекс одеше пред својот брат до капелата во Виндзор, што само ги поттикна шпекулациите дека тие двајца се во кавга.
Дури и фактот дека одвоено доаѓаат и заминуваат од службата предизвикува сомневање за поголем раскол меѓу принцовите, вели експертот за говор на тело, Џуди Џејмс.
Таа смета дека принцот Хари чудно се однесувал кога бил во друштво на својот постар брат за време на велигденската служба.
Исто така, Хари во неделата разговарал со својот роднина Тиндал, но изгледа дека со својот брат не разменил ниту збор, што повторно ги загреа шпекулациите за можен раздор меѓу двата пара.
„Хари очајнички избегнуваше да се сретне со својот брат“, додава Џејмс.
Таа вели дека Хари, Вилијам и Кејт секогаш имале добри односи, но дека Хари одеднаш изгледа сериозно.
Дури и за време на доаѓањето на кралицата Елизабета Втора, која истиот ден го прослави 93. роденден, принцот Хари не стоеше блиску до Вилијам и Кејт.
„Неговото тело покажува знаци на вознемиреност кога е во нивна близина“, констатира експертот за говор на телото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Три знака дека несвесно ги одбивате мажите
Иако можеби немате проблем да привлечете мажи, на крајот сите ве напуштаат и не знаете зошто.
Ова навистина може да ве повреди, бидејќи е форма на отфрлање – а кој сака да биде отфрлен? Иако на сите им е јасно дека не можете да ги привлечете сите мажи, дефинитивно сакате да бидете сигурни дека не ги отфрлате добрите.
Па, барајте знаци дека можеби потсвесно го правите токму тоа.
1. Ја преземате неговата улога
Живееме во општество каде што жените навистина ги промениле своите традиционални улоги. Ова е одлично, но како резултат на тоа, многу мажи сè повеќе се чувствуваат помалку „мажествени“. Сепак, мажите секогаш ќе имаат различни улоги во светот и во врските, а кога ќе се обидете да ја преземете таа улога, врската завршува.
2. Вие сте вашиот најголем непријател
Без разлика дали станува збор за траума од детството или минати врски, не можете да очекувате вашиот партнер да остане со вас ако се саботирате себеси. Добриот маж нема да ве остави без причина. Иако е тешко да се признае дека понекогаш вие сте проблемот, важно е да се соочите со тоа.
3. Вашите реакции ја запечатија вашата судбина
Дали ви е кажано дека сте несигурни, барате многу итн.? Навистина боли да се слушнат овие зборови, најмногу затоа што веројатно не мислите дека сте. Но, сите можеме да дозволиме нашите емоции да нè надвладеат. Мажите буквално ги разбираат реакциите на жените.
Дури и ако не мислите така, вашиот партнер веројатно ќе го промени своето мислење за вас. Обидете се да ги контролирате вашите реакции и добро размислете пред да кажете нешто.
Добриот маж ќе биде подготвен да ве направи среќни, но не можете да го очекувате тоа ако не возвратите.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Дани Димитровска објави нова песна – „Заедно“
Македонската пејачка Дани Димитровска објави нова песна со наслов „Заедно“.
Музиката и текстот се на Весна Малинова, а аранжманот на Јордан Манов.
Забава
(Фото) Секогаш женствена и секси, но поради погрешниот детаљ „горат“ мрежите
Познатата Софија Вергара често е мета на папараците, особено кога посетува престижни ресторани во Лос Анџелес, обично во друштво на своите пријатели и семејство.
Нејзиниот стил е секогаш мета на коментари и под будното око на корисниците на социјалните мрежи, а сведоци сме дека таа избира широк спектар на комбинации на облека за вечерни излегувања во ресторани. Секогаш е женствена, обично во форма на фустани или парчиња со длабоко деколте, но овој пат се одлучи за малку полежерна верзија.
Таа беше фотографирана на вечера со Ева Логорија и Рики Мартин, во плетено светло здолниште и темен асиметричен топ со голи рамена, кој совршено се вклопуваше со долниот дел, но сепак не беше најдобриот избор.
Софија избра светол градник кој се гледаше под тенката маица, и колку и да беа одлични овие две парчиња во комбинација за лежерен изглед, се покажа дека ќе беше подобро ако избра црн градник… Со изборот на светол градник, таа го расипа конечниот впечаток, па имајте на ум ако одлучите да се одлучите за слична опција – советот е да изберете темна долна облека за вакви комбинации.

фото: принтскрин

