Забава
(Видео) Пристига најскапиот филм на „Нетфликс“ досега

Најскапиот Нетфликсов филм на сите времиња, The Gray Man („Сивиот човек“), официјално доби датум за премиера и се чини дека љубителите на акциони трилери нема да мора долго да чекаат за него.
Проектот е најавен уште во 2020 година и тогаш беше откриено дека Рајан Гослинг и Крис Еванс ќе глумат во акционен трилер кој личи на филмовите од серијалот за Џејмс Бонд. Но, она што најмногу привлече внимание е фактот дека филмот има буџет од 200 милиони долари, што го прави најскапиот филм на „Нетфликс“ досега.
Иако продукцијата се соочува со доцнења поради пандемијата на коронавирусот, сега е откриено дека „Сивиот човек“ ќе се појави во киносалите во Велика Британија на 15 јули, а на стриминг-платформата ќе пристигне една недела подоцна, на 22 јули.
Филмот е во режија на Џо и Ентони Русо, режисери на блокбастерите на студиото „Марвел“:„Одмаздници: Крај на играта“ и „Војна на бесконечноста“.
Заснован на серијалот книги на Марк Грини, филмот го следи Гослинг како вешт платеник на ЦИА, кој случајно открива мрачни тајни агенции. Кога неговиот поранешен колега психопат (Еванс) става награда за неговата глава, тоа иницира глобална потера предводена од меѓународни убијци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Софија Вергара се оперира: „Заврши! Втора рунда“

Актерката Софија Вергара (53) објави на социјалните мрежи дека повторно морала да се оперира.
Една од најубавите актерки на денешницата, Колумбијката Софија Вергара (53), која стана позната по улогата во популарната серија „Модерно семејство“, објави на социјалните мрежи дека повторно се оперирала на коленото.
„Заврши! Втора рунда“, напиша таа и објави фотографија од болница.
Вергара ја покажа лузната на коленото минатата година. Во таа прилика, таа му се заблагодари на д-р Џастин Салиман, со кого на крајот имаше врска, која не траеше долго.
„Ако некогаш треба да се подложите на голема операција на коленото, имајте згоден доктор покрај вас кој ќе ја помине ноќта со вас“, напиша таа тогаш во објава на Инстаграм, а објави и фотографија од Салиман како стои до нејзиниот кревет.
Вергара отворено зборуваше за своите здравствени проблеми со години. На пример, во чест на Светскиот ден на ракот во 2022 година, таа отворено зборуваше за нејзината дијагноза на рак на тироидната жлезда на 28-годишна возраст.
„На 28 години, „рак“ не беше збор што очекував да го слушнам. Тоа беше само рутински преглед“, напиша Вергара на Инстаграм во тоа време. „Но, лекарите ми пронајдоа грутка во грлото и тој збор стана дел од мојата приказна.“
„Поминав безброј часови на третмани со зрачење и на крајот операци. Денес, можам да се наречам преживеана од рак“, продолжи таа.
Нејзината објава, исто така, вклучуваше стара фотографија од себе како гледа низ објективот на камерата, со лузна видлива на вратот. Таа напиша за тоа: „Ова беше мојот прв час по глума по мојата дијагноза и третман, а гледањето на лузната на моето грло ме потсетува колку благословена се чувствував тој ден – и секој ден оттогаш. Среќна сум и благодарна што можам да ја споделам мојата приказна и да кажам: раната превенција е многу важна!“
Забава
Шест начини за трудниците како полесно да се справат со високите температури

Еве 6 правила што бремените жени треба да ги почитуваат во текот на летото, за полесно да ги издржат високите температури.
1. Крем за сончање
О, да, и тоа е толку важно! За време на бременоста, вашата кожа станува уште почувствителна на сончевите зраци, затоа бидете внимателни кога сте надвор на сонце и не заборавајте да нанесете крема за сончање.
Најдобро е да изберете таков со SPF од 30 и по можност таков без оксибензон. Дури и тие зраци кога не сте директно на сонце можат да претставуваат закана.
2. Спреј против комарци
Секогаш осигурајте се дека имате спреј во вашата чанта за да се заштитите себеси и вашето бебе од потенцијални болести ако ве касне комарец.
За секојдневно движење, изберете ги послабите, но ако планирате да престојувате покрај езеро или во шума каде што присуството на комарци е поголемо, тогаш изберете ги оние со малку посилни репеленти.
3. Рачен вентилатор
На бремените жени секогаш им е пожешко отколку на другите во текот на летото, што доведува до нервоза и стрес. За да го спречите ова, набавете рачен вентилатор. Не се скапи, а достапни се и во некои поевтини продавници.
4. Шапка
Носењето шапка е уште еден начин да ја заштитите кожата од штетното сонце. Освен што ве штити вас, таа може да биде и сладок моден детаљ, затоа обидете се да изберете една во светли бои.
5. Шише за вода
Не треба да нагласуваме зошто е важно да се грижиме повеќе за хидратацијата во периодот од годината кога потењето е зголемено. Најдобро е да купите шише за вода, а не пластично, кое секогаш можете да го носите со себе.
6. Стегачи за коса
Секогаш носете неколку стегачи за коса или шноли во вашата чанта. Тие не зафаќаат многу простор и можат брзо да ви помогнат да го разладите вратот. Коњска опашка или пунџа – се е исто, но дефинитивно ќе ви биде поудобно да ја кренете косата кога е многу жешко надвор.
Забава
(Видео) Принцот Вилијам ја однесе ќерката Шарлот на фудбалски натпревар

Принцот Вилијам ја однесе својата ќерка Шарлот на финалето на фудбалскиот натпревар што го играше женската репрезентација на Англија против шпанската репрезентација во Базел, Швајцарија.
„Ајде да одиме, лавици“, напиша тој на видеото објавено на официјалниот профил на „Инстаграм“ на Вилијам и Кејт.
Таткото и ќерката навиваа за англискиот тим заедно од ВИП-ложата покрај членовите на шпанското кралско семејство.
View this post on Instagram
Шарлот е голем љубител на фудбалот
Пред да почне натпреварот, тие разговараа со навивачите, а во еден момент Вилијам ѝ објасни нешто на 10-годишната Шарлот, која е голем љубител на фудбалот исто како и татко ѝ.
Вилијам претходно го однесе својот најстар син Џорџ на натпревар против „Астон Вила“, кој е омилен клуб на идниот крал.