Забава
(Видео) Продуцентот на „Оскарите“ соопшти дека Лејди Гага да нема да настапи в недела
Лејди Гага нема да ја изведе својата песна номинирана за „Оскар“, Hold My Hand, од филмот „Топ-ган: Маверик“ на доделувањето в недела.
Продуцентот на оскаровската церемонија, Глен Вајс, откри дека музичката дива морало да ја одбие поканата поради снимање на продолжението на Joker: Folie à Deux.
„Имаме одлични односи со Лејди Гага и нејзиниот тим, но таа во моментот е на средина на снимањето, а ние сме тука да ѝ оддадеме почит на филмската индустрија и на она што е потребно за да се направи филм. По многу натегање, се чинеше дека не може да испорача изведба од калибарот на кој сме навикнати кога е во прашање оваа музичка ѕвезда заедно со сите придружни работи“.
„Значи, таа нема да биде во шоуто. Тука станува збор, од наша гледна точка, за некој што снима филм и ние целосно разбираме дека тоа е приоритет во овој бизнис, особено што ги наградуваме филмовите“, објасни Вајс на прес-конференцијата на оскаровскиот креативен тим.
Сите други номинирани за најдобра оригинална песна оваа година го потврдија своето присуство. Годинешните номинирани ги вклучуваат Lift Me Up на Ријана, Applause на Софија Карсон и Дајан Ворен, This Is Life на Стефани Хсу, Дејвид Бирн и Сон Лукс и Naatu Naatu на Рахул Сиплигуњ и Каала Баираве.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон во спектакуларен фустан: актерката во креација на Валентино по шест години
Популарната актерка Дакота Џонсон блесна на настанот Vogue World 2025: Hollywood, кога се појави во спектакуларен фустан од модната куќа Валентино и покажа зошто е една од најзаводливите холивудски ѕвезди.
Интересно е што таа не ги носела креациите на оваа престижна италијанска модна куќа на црвениот тепих веќе шест години, но соработката е обновена и сигурно ќе уживаме во нејзините спектакуларни изданија и во наредниот период.
@dakotajohnsonarg this cutieeeee!!! 💗🤏🏻🥹 #dakotajohnson #VogueWorld #vogue #voguemagazine #hollywood ♬ what is love haddaway – whitelinesprettybabyy
Дакота, во соработка со стилистката Кејт Јанг, одбра многу впечатлива креација од колекцијата пролет 2026, фустан украсен со монистра во нежни, пастелни бои по целата должина.
Инспириран е од 1920-тите, а е посебен поради везот на деколтето и делумно проѕирниот дел од тил, во нежно розова боја. Друг интересен детаљ е високата јака, која исто така е изработена од тил, но во различна боја. Со овој фантастичен фустан Дакота избра нежно розови чевли од Валентино, како и дискретен накит.
@gbr.mag me encontro obcecada pelo look da dakota johnson no vogue world 🥹🤍 #tiktokfashion #dakotajohnson #vogueworld #fashion #moda ♬ original sound – lana del rey ୨୧
Провокативната и ефектна комбинација ја комплетираше со црна чанта, а додека фотографите ја фотографираа, таа не можеше да ја тргне насмевката од лицето.
фото: принтскрин
Забава
Што бара секој хороскопски знак кај совршениот партнер?
Од страсна Шкорпија до прагматична Девица, дознајте што хороскопските знаци бараат кај партнерот.
Овен
Овните се полни со енергија и секогаш се подготвени за авантура, па затоа бараат партнер кој може да го следи нивното темпо. Ги привлекува самодовербата и решителноста. Идеалниот партнер за Овен е некој кој е независен, страствен и подготвен за спонтани авантури.
Бик
Биковите ја ценат безбедноста и удобноста. Тие бараат стабилен и сигурен партнер кој ја дели нивната љубов кон домашната удобност и сензуалните задоволства. Физичката привлечност е важна за Бикот, но исто така е и емоционалната поврзаност и лојалноста.
Близнаци
На Близнаците им е потребен интелектуалец со кого можат да водат живи разговори. Тие ја ценат духовитоста, флексибилноста и дружељубивоста. Идеалниот партнер за Близнаците е некој кој е разигран, комуникативен и разбира ја нивната променлива природа.
Рак
Раковите бараат длабока емоционална врска и сигурност. Нивниот идеален партнер е грижлив, внимателен и семеен. Раковите ја ценат чесноста, посветеноста и способноста да покажуваат емоции.
Лав
Лавовите бараат партнер кој може да ги обожава и да се восхитува на нивната харизма. Тие сонуваат за партнер кој е самоуверен и силен. Лојалноста, страста и великодушноста се најважните работи во врската.
Девица
Девиците најдобро ќе се сложуваат со партнер кој ги цени редот и дисциплината. Нивниот совршен партнер е практичен, интелигентен и сигурен. Девиците ја ценат прецизноста, трудољубивоста и скромноста.
Вага
Вагата бара партнер кој може да ја поддржи нивната потреба за убавина и мирни врски. Нивниот партнер од соништата е шармантен, друштвен и фер. Вагите ја ценат дипломатијата, уметноста и елеганцијата.
Шкорпија
Шкорпиите се страствени и мистериозни, па затоа бараат интензивна емоционална и физичка врска. Тие веруваат дека нивниот партнер мора да биде силен, интуитивен и посветен. Тие ја ценат длабочината, лојалноста и страста.
Стрелец
Стрелец бара партнер кој ја дели нивната љубов кон авантурата и истражувањето. Нивниот идеален партнер е независен, хумористичен и отворен. Стрелците ја ценат слободата, чесноста и филозофската длабочина.
Јарец
Јарците најдобро се сложуваат со луѓе кои ја делат нивната посветеност кон целите и успехот. Тие бараат партнер кој е сериозен, сигурен и практичен. Јарците ја ценат традицијата, одговорноста и трудољубивоста.
Водолија
Водолиите бараат партнер кој може да ја поддржи нивната потреба за слобода и индивидуалност. Нивниот идеален партнер е независен, креативен и интелектуално љубопитен. Водолиите ја ценат оригиналноста, љубезноста и пријателството.
Риби
Рибите се интуитивни и емпатични, поради што би сакале да најдат партнер кој може да ја разбере нивната длабока чувствителност и имагинација. Тие сонуваат за партнер кој е нежен, уметнички и хумористичен. Рибите најмногу ги привлекува емпатијата и креативноста.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) „Пред 24 години воздивнувавме по фатална русокоса, денес по огнената бринета“
Моделот Кендал Џенер се потруди да ги шармира сите што ја следат, па на отворањето на „Vogue World 2025“ блесна во иконскиот костим на Никол Кидман од филмот „Мулен Руж“.
Во 2001 година, токму овој костим ја направи славната русокоса позната, а Кендал сега го оживеа. Не е тајна дека таа, како и нејзината сестра Ким, обожава да копира други познати ѕвезди. Ким Кардашијан често беше мета на негативни коментари поради ова, но сега сите имаа само пофални зборови за Кендал.
kendall jenner x vogue world hollywood pic.twitter.com/9YbROVBGu8
— 𝓕avs (@favspopculture) October 27, 2025
Сребрен корсет со реси и сатенски дел што се влече, надополнети со мрежести чорапи и екстравагантна шапка, му дадоа совршен спој на гламур, смелост и сексапил на еден од најбараните модели.
What a MAJOR SERVE: Kendall Jenner walking for ✨️Vogue World✨️ in a gown designed by Catherine Martin and Angus Strathie for Nicole Kidman in Baz Luhrmann’s Moulin Rouge (2001).🪡 pic.twitter.com/Uz2deFwBbf
— La Mode Unknown (@LaModeUnknown) October 27, 2025
Се очекуваше дека коментарите наскоро ќе започнат по ова појавување, а Кендал имаше среќа бидејќи публиката беше љубезна.
„Вистинска кабаре дива“, „Мулен Руж се врати во живот и е уште посјаен отколку во 2001 година“, „Пред 24 години воздивнувавме по Никол Кидман, денес за Кендал Џенер“, „Времето минува, црвениот кармин и светките остануваат вечни“, беа некои од коментарите за оваа убавица.
фото: принтскрин

