Забава
(Видео) Реклама ги спои Кери Бредшо и „Лебовски“

Актерите Сара Џесика Паркер (53) и Џеф Бриџис (69) ги оживеаја своите филмски ликови за потребите на реклама за пиво. Целта на оваа реклама е да собере финансиски средства за хуманитарни цели и ќе биде прикажана пред американскиот Супербол.
Рекламата наречена Change Up the Usual, всушност, ја промовира кампањата во соработка со Water.org. Добивките од продажба на пиво ќе бидат инвестирани во донации за вода за пиење во земјите во развој.
Видеото почнува со влегувањето на Кери Бредшо од „Сексот и градот“, а по неа во барот влегува и легендарниот Батка (The Dude) од филмот „Големиот Лебовски“. Наместо со омилените коктели „космополитен“ и „вајт рашн“, тие наздравуваат со пиво.
Суперболот е еден од најгледаните спортски настани во Америка и секоја година посебно внимание се посветува на полувремето со музика и рекламирање.
Обожавателите го нападнаа Џеф Бриџис на социјалните мрежи со коментари дека тој ги продал. Џеф им одговори дека The Dude би сакал да го направи она што е исправно на крајот од денот, особено ако е толку едноставно како пиењето пиво.
Сара Џесика Паркер неодамна изјави дека не е многу среќна што повеќето луѓе ја идентификуваат со колумнистката Кери Бредшо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Девојката на Бекам „ги покажа забите“: ја критикуваат затоа што е постара од Круз

Викторија Бекам неодамна ја претстави својата нова колекција на Неделата на модата во Париз, а на овој важен настан беше поддржана од сите членови на семејството и, секако, привлече големо внимание со својот изглед.
На настанот се појавија Дејвид Бекам, ќерката Харпер, синовите Круз и Ромео, а Круз (20) беше придружуван од неговата девојка, кантавторката Џеки Апостел (29), со која е во врска повеќе од една година.
Таа се појави и на семејната фотографија, што предизвика контроверзии меѓу корисниците на социјалните мрежи, кои „му замерија“ на Круз затоа што е со постара девојка и ја нарекоа нивната врска „чудна“.
„Зошто 29-годишна излегува со 20-годишник?“, претежно негодуваа корисниците, но сигурно никој не очекуваше Џеки да проговори и да одговори токму на ова прашање што ги „мачеше“.
„Затоа што е љубезен, забавен, шармантен, грижлив, амбициозен, зрел, талентиран, лојален и прилично убав“, напиша таа отворено на Инстаграм, покажувајќи што навистина чувствува за него.
И ова не е прв пат девојката на Круз да присуствува на семеен настан, што укажува дека славното семејство одамна ја прифатило, а дека и таа добро се покажала како „снаа“.
фото: принтскрин
Забава
Познатиот актер призна дека користел дрога

Познатиот актер Џорџ Клуни призна дека користел дроги во минатото и детално раскажа едно особено срамно искуство. Во новото октомвриско/ноемвриско издание на списанието „Esquire“, 64-годишниот актер откри дека експериментирал со кокаин и други супстанции во младоста.
„Во ’82 година, пробав“, призна актерот, кој во тоа време имаше 21 година. „Се шегував за тоа како премногу земам, но вистината е дека тоа никогаш не ми беше голем проблем.“
Клуни, исто така, се присети на перцепцијата за дрогите во тоа време.
„Имаше една епизода од „Такси“ каде што сите користеа. Во тоа време, беше: ‘Не, ова не е како хероин. Не предизвикува зависност’. Но, потоа беше како: ‘О, па, всушност е доста лошо.’ Плус, беше надополнето со манитол. Детски лаксатив. Секој што ќе повлечеше линија, потоа одеше во тоалет.“
Освен за кокаинот, Клуни зборуваше и за лошо искуство со колачиња со марихуана што ги пробал една вечер со пријателите. Откако ги изеле колачињата, го гледале филмот „Волшебникот од Оз“, додека во позадина се слушал албумот „Dark Side Of The Moon“ на „Пинк Флојд“.
Последиците беа неочекувани. „Готови бевме. Буквално – мислам сите ние – бевме околу дваесетмина во салата за прикажување, и филмот заврши, а ние седевме таму без зборови, со часови. Со часови! Тоа едноставно не е мојата дрога“, заклучи тој.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Актерката помина низ пекол поради Оземпик, а потоа ја откри тајната на својот нов изглед

Познатата комичарка Ејми Шумер објави фотографија на социјалните мрежи за која веројатно никогаш не замислувала дека ќе стане главна тема на сите медиуми.
Ејми ја покажа и својата неверојатна трансформација откако ослабе 13 килограми.
Краток црн фустан во комбинација со високи потпетици совршено ги истакна нејзините долги нозе, а сите други набрзо го забележаа тоа.
„Какви нозе“, „Изгледаш прекрасно, погледни ги тие нозе“, „Лута сум, зошто мора да имаш такви нозе“, „Ти љубоморам“, беа некои од коментарите.
Оваа фотографија доаѓа и откако Ејми призна дека ослабела со помош на апчиња за слабеење, со што стана една од ретките јавни личности кои не се плашеа да ја откријат тајната на својот нов изглед.
„Сакам да бидам искрена со тебе. Го користев лекот Мунџаро и имам добро искуство со него. Пред три години го користев Оземпик, но од него не престанав да повраќам. Бев прикована за кревет, не можев да го поднесам“, рече таа додека гостуваше во шоуто на Хауард Стерн.
фото: принтскрин