Забава
(Видео) Ријана воодушеви со новата кампања, позира со синовите
Ријана ги воодушеви фановите со нова кампања за нејзиниот бренд Savage X Fenty. Досега секогаш се појавуваше во оскудни изданија, позирајќи во долна облека и истакнувајќи ги своите облини, но сега направи голема промена.
Таа позираше со своите синови, 2-годишниот РЗА и 1-годишниот Риот, во опуштено издание.
Тие беа облечени во сини тренерки со жолти детали, а Ријана имаше витлери во косата. Изгледот го комплетираше со едноставна шминка и накит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Aеродром викендов ќе пулсира во знакот на спортот, забавата и екологијата
Општина Аеродром викендов ќе биде домаќин на повеќе настани на кои ќе можат да уживаат сите генерации.
В сабота, 2 ноември, со почеток од 11 часот во паркот „Авионче“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Вкуси ја традицијата“.
Љубителите на добрата храна ќе можат на голем број штандови да дегустираат автентични македонски специјалитети од сите региони и да се запознаат со производителите на храна.
Истиот ден, во 12 часот, во Реонски центар, ФК „Аеродром“ ќе го промовира новиот фудбалски стадион, при што аеродромци ќе имаат можност да уживаат во добра музика, да проследат интересен натпревар меѓу млади фудбалери со познати личности, како и да се фотографираат со нив.
В недела, 3 ноември, Општина Аеродром во рамките на проектот „CleanAirDrom“ во соработка „Еуро-екопак“ организира едукативно-забавен настан под мотото „Селектирај, рециклирај, подобри“ што ќе се одржи во паркот „Авионче“ со почеток од 12 часот.
Свој настап ќе имаат детскиот хор „Поточиња“, „Аква денс клуб“ и популарниот бенд ДНК, чии членови се бренд-амбасадори на проектот.
Посетителите имаат можност да донесат отпадно стакло, како тегли и шишиња, што ќе се преземат за рециклирање, а за тоа како подарок ќе добијат торби за рециклирање.
Забава
Fashion Group x Македонски Телеком: Зачувај ги засекогаш твоите најдобри модни моменти!
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
Најновиот едиторијал со инфлуенсерката Илариа Кирилов е совршен показател за тоа. Сите кадри се направени токму со Samsung Galaxy S24, а резултатот се моќни и живописни фотографии и видеа кои на совршен начин го истакнуваат дизајнот на брендовите.
„Секој од нас сега може своите најдобри модни моменти да ги сочува било каде и било кога. Живееме во такво време кога сите посакуваме да имаме убави фотографии и да ги овековечиме моментите кога изгледаме и се чувствуваме добро, а сега тоа е уште поедноставно да се направи. Фотографирањето при шопинг во нашите продавници отсекогаш било честа појава, но со перформансите што ги нуди овој телефон, од следната посета на нашите брендови можете да направите и да се пофалите со супер модни, професионални фотографии и да ги зачувате омилените комбинации“, посочуваат од групацијата.
Исто така, Fashion Group од неодамна е партнер и во Magenta Moments.
„Магента е бојата која секогаш привлекува внимание и радост, па среќни сме што со оваа соработка сите корисници на Телеком меѓу нашите купувачи ќе имаат шанса за нови интересни и поволни зделки, за уште порадосни моменти“.
Модната креативност нема граници, но сега е многу полесно да ја изразиме и сочуваме!
ПР
Забава
Македонската естрада се збогува со Зоки Фаци
Македонската естрада преку социјалните мрежи се збогува со новинарот Зоран Василевски – Зоки Фаци.
Тој почина утрово по долга борба со ракот.
Како што објави на социјалните мрежи неговиот пријател и соработник Стефан Лазаров, погребот ќе биде в недела во 12 часот во црквата „Св. Никола“ во Катланово, а во 13 часот ќе биде погребан на гробиштата во Катланово.