Забава
(Видео) „Ролинг стоунс“ ја заврши турнејата со концерт во Берлин, настапот го посветија на Чарли Вотс
„Ролинг стоунс“ во средата ја заврши својата 60-та турнеја со концерт во Берлин, каде што му оддадоа почит на покојниот тапанар на бендот, Чарли Вотс, кој почина пред една година на 80-годишна возраст.
Легендарните британски рокери на 1 јуни ја почнаа европската турнеја во Мадрид по повод одбележувањето шест децении постоење. Наречена Sixty, турнејата опфати 14 концерти во Европа и ја следеше турнејата No Filter, што „Стоунси“ ја почнаа во 2017 година, но мораа да ја одложат поради пандемијата, и ја завршија и покрај смртта на Вотс минатиот август.
„Овој концерт е 118-то појавување на нашиот бенд во Германија“, изјави фронтменот Мик Џегер (79) пред публиката во амфитеатарот на отворено во Валдбуне западно од Берлин.
„Стоунси“ своето последно европско шоу му го посветија на Вотс, а Џегер на публиката од приближно 22.000 луѓе ѝ рече дека испиле неколку чаши „шнапс“ во чест на Вотс вечерта пред концертот. Свиреа повеќе од два часа непрекинато изведувајќи познати хитови, но и понови, честопати вклучувајќи ја публиката во изведбата, мѓу нив и Midnight Rambler, кој траеше 10 минути.
Ги изведоа и класиците Start Me Up, Paint it Black, Jumpin’ Jack Flash и I Can’t Get No Satisfaction, кои ја запалија публиката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Прашањето што ја збуни Израелката на прес-конференцијата по Евровизија: „Не мора да одговарате ако не сакате“
Откако беше објавено кои десет земји одат во финалето на Евровизија, се одржа прес-конференција на која беа поставувани прашања и за Израелката Еден Голан, која во финалето отиде со песната „Ураган“.
Новинар од Полска доби шанса да и постави прашање на претставничката на Израел – „Дали некогаш сте помислиле дека бидејќи сте тука ги загрозувате другите учесници и јавноста?
Водителот на прес-конференцијата веднаш рече дека „не мора да одговара ако не сака“.
„А зошто да не“, искоментираа неколку новинари.
Еден Голан прво застана, а потоа одлучи да одговори на прашањето.
„Мислам дека сите сме тука поради една причина, ЕБУ ги презеде сите мерки да го направи ова натпреварување безбедно за сите нас. Мислам дека е безбедно за сите, инаку немаше да бидеме тука“, изјави Еден Голан на прес-конференцијата.
Забава
(Видео) Никол Кидман блесна во божествена креација на Мет Гала: 800 часа работа се потрошени само за рачно везење
Мет Гала 2024 се одржа во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк, а овогодинешната тема беше „Заспаните убавици: повторното будење на модата“.
Гостите мораа да се придржуваат до кодексот на облекување наречен „Градината на времето“, чија тема е именувана по приказната за еден гроф кој, за да ја одбрани лутата толпа што се приближува до неговиот замок, сече роза од неговата градина за да го забави времето додека не остане ниту еден цвет.
Дамите беа доста креативни во изборот на стајлинг, а една од најзабележителните беше актерката Никол Кидман која блесна во црно-бела креација. Овој фустан е омаж на креација од пролетната колекција на Баленсијага од 1951 година.
View this post on Instagram
Во тоа време славната Доријан Ли носеше необичен црно-бел фустан, а фотографијата што тогаш ја направи Ричард Аведон стана легендарна. Кидман изјави дека и самата сакала да соработува со овој фотограф, но „не успеале да се вклопат“.
Според Vogue, фустанот што го носела Никол Кидман барал 800 часа за рачен вез и внимателно шиење на 3.000 пердуви на 150 метри свила. Дополнително, во ателјето биле потрошени уште 400 часа за да се спојат двете одделни парчиња во едноделен фустан.
View this post on Instagram
„Фустанот претставува природен момент од целосниот круг на времето – тоа е прослава на делото на Ричард што ќе живее, но и почит на уметничката визија на Баленсијага која продолжува беспрекорно да ја комбинира илузијата на минатото, сегашноста и иднината“, изјави актерката.
Забава
(Видео) Ирска со сатанистички обред на Евровизија: „Јас сум посебна оти сум квир и вештерка“
Ирската претставничка го привлече вниманието и згрози дел од јавноста со сатанистички настап на годинешното издание на Евровизија.
Ирската претставничка Bambie Thug се пласира во финалето, а на прес-конференцијата разговараше со новинарите и беше прашана што ја прави посебна.
„Тоа што сум квир и вештерка ме прави посебна“, изјавила Бамби.