Контакт

Забава

(Видео) Се шири стара снимка со Пит Дејвидсон како го коментира Канје Вест

Објавено пред

Целиот свет ја следи драмата што се случува поврзана со Канје Вест, неговата поранешна сопруга Ким Кардашјан и нејзиното ново момче, Пит Дејвидсон.

dobivaj vesti na viber

Накусо – Канје сака да си ја врати сопругата Ким и не избира средства да им го загорчи животот и на двајцата. Канје споделува на социјалните мрежи пораки со Ким, како и со Пит, повикувајќи ги своите фанови вербално да го малтретираат Дејвидсон.

На драмата не ѝ се гледа крајот, коментираат таблоидите, додавајќи дека раперот вчера испрати камион со рози за Ким за Денот на вљубените.

Оние што ја следат драмата на социјалните мрежи сигурно веќе ја виделе старата снимка на Saturday Night Live (SNL) од 2018 година. Комичарот Пит, кој тогаш гостуваше во емисијата SNL, го коментира однесувањето на Канје Вест по некои негови тогашни јавни испади.

„Колку треба да бидеш лош во политиката за дури и јас да го забележам тоа“, вели Пит, а потоа се надовзрува на менталното здравје на Канје.

„Тврди дека е вистинскиот тој и дека не пие лекови. Пиј лекови! Јас ги пијам, супер се. Да влезам во авион и пилотот да рече: ’ова сум вистинскиот јас’, веднаш ќе излезам од тој авион. Менталната болест не е оправдување да бидеш кретен“, вели Пит на снимката.

Овие денови снимката е попопуларна од кога било ппорано и многумина мислеа дека Пит ќе одговари на нападите на Канје врз него и Ким. Сепак, ниту тој ниту таа не се огласи во јавност.

Забава

(Фото) Емили Ратајковски на себе има само дијаманти

Објавено пред

Моделот Емили Ратајковски повторно покажа дека може да ја претвори дури и наједноставната комбинација во најгламурозна со накит. Нејзиното ново селфи привлече големо внимание, иако го објави само на својата приказна на Инстаграм.

dobivaj vesti na viber

Таа позираше облечена само во бела бањарка под неа, додека дијамантски ѓердан ѝ го краси вратот. Покрај ѓерданот, таа го носи и својот впечатлив „прстен за развод“ вреден 130.000 долари, а бидејќи е гламурозно нашминкана, јасно е дека се подготвувала за состанок.

Неодамна ја потврди својата врска со францускиот режисер Роман Гаврас, а оваа провокативна фотографија доаѓа само неколку дена подоцна, веројатно како одговор на прашањето дали е заљубена.

Што е „прстенот за развод“ на Емили Ратајковски?
Ова се два камења од нејзиниот скап веренички прстен што го доби од нејзиниот поранешен сопруг Себастијан Меклард, со кого се омажи по само неколку недели врска. Три години подоцна добија син, а во 2022 година таа поднесе барање за развод. Иако рекла дека се плаши од мажи, режисерот сепак успеал да го освои нејзиното срце.

Во 2024 година, Емили го преобликувала прстенот на два одделни дела, кои биле поставени во жолто злато и платина, и вака е создаден нејзиниот „прстен за развод“, кој обожава да го носи – на малиот и домалиот прст.

Прикажи повеќе...

Забава

Дали љубовта меѓу партнерите се менува по раѓањето на детето?

Објавено пред

Многу родители не ја споредуваат љубовта кон партнерот со љубовта кон детето, а експертите објаснуваат зошто е нормално да се сака дете повеќе од сопругот.

dobivaj vesti na viber

Џен Сагер изјави за „YourTango“ дека за време на бременоста слушала предупредувања од постари жени дека не треба да го сака своето бебе повеќе од сопругот и дека мора да му даде до знаење на сопругот дека таа е најважната личност.

Сепак, нејзиното искуство оди во спротивна насока, бидејќи тврди дека ја сака својата ќерка повеќе од сопругот, а ова, откако станала родител, ѝ се чини сосема природно.

Стравот од дете што ќе го уништи бракот не бил во фокусот. Двојката била најмногу загрижена дали новите трошоци ќе отворат стари расправии за пари, па затоа однапред се договориле дека нема да се расправаат за пари за потребите на бебето.

Џен Сагер тврди дека паровите кои го прифаќаат родителството без договор можат да имаат повеќе тешкотии. Таа наведува дека раѓањето на детето не влијаело на нивната врска, бидејќи двајцата партнери сакале дете, што им помогнало да доживеат силен и нов вид љубов.

Партнерската љубов потсетува на односот помеѓу најдобри пријатели и животни партнери, додека љубовта кон детето е поинаква. Џен Сагер објаснува зошто ја гледа љубовта кон детето како нераскинлива врска.

„Откако ќе станете родител, останувате еден засекогаш. Во партнерството, секогаш постои живот претходно, бидејќи двете лица постоеле и одделно“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Ничиј поглед не се задржа на нејзиното убаво лице

Објавено пред

Познатата актерка Пенелопе Круз блесна на промоцијата на филмот „The Bride“ во Лондон и дефинитивно не остана незабележана поради нејзиниот моден избор, но и нејзиниот целокупен изглед.

dobivaj vesti na viber

Познатата шпанска убавица изгледа значително поинаку и дека апсолутно блескаше во тесен црн фустан со многу изразено деколте кое ги истакнуваше нејзините адути, па нејзиното убаво лице падна во втор план.

На овој настан, таа претстави и нова фризура, што е драстична промена во споредба со Пенелопе што ја видовме досега.

Фризурата ја претстави премиерно на Неделата на модата во Париз пред неколку недели, а забележливо е дека сега има малку посветла нијанса што ја прави „да изгледа барем десет години помлада“, како што коментираат многумина.

И како што се приближува кон педесеттата, Пенелопе продолжува да воодушевува со својата насмевка, завидна фигура, па дури и со својата подготвеност да ги следи модните и козметичките трендови, и пораката дека е подготвена за промени.

Некои велат дека секоја промена е нов почеток…

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 минута

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет22 минути

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет1 час

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет1 час

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа2 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија12 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија18 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија18 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија19 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија20 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија21 час

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа22 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија22 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион23 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет23 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија23 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија23 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија24 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет1 ден

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...