Забава
(Видео) Синот на Лук Пери му оддаде почит на својот татко

Во пресрет на премиерата на филмот „Беше еднаш во Холивуд” на Квентин Тарантино, Џек Пери (22) му оддаде почит на својот татко Лук Пери, на кого тоа му беше последниот проект.
Џек се качи на џамбо-постер со ликот на неговиот татко, а неговиот пријател сè сними со дрон.
„Ти го заслужи ова и многу сум горд на тебе. Пастув во животот, секогаш и засекогаш. Најдобар од најдобрите. Те сакам засекогаш”, напиша Џек на социјалните мрежи.
Видеото и фотографиите беа коментирани од Шенон Доерти (48), колешка на Лук од популарната серија „Беверли Хилс, 90210″.
„Со вас сум во мислите вечерва“, напиша таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Поради Кејт Мидлтон жените „полудеа“ по една боја

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон се појави на добротворен настан и во таа пригода привлече внимание кон себе со својот моден избор, исто како што секогаш прави кога станува збор за нејзините комбинации.
Откако оваа есен ја добивме маслинесто зелената како кралица на сезоната меѓу боите, принцезата одлучи да го следи тој тренд.
Беспрекорната Кејт прошета во маслинесто зелена боја од глава до пети. Таа избра комбинација од Викторија Бекам и покажа дека суптилноста и елеганцијата дефинитивно ѝ припаѓаат само на неа. Струкираното сако и прави панталони во комбинација со маица од истата нијанса ја покажаа целата моќ на еднобојното издание.
Со оглед на пригодата, но и стилот на принцезата, овој пат таа не претеруваше со деталите, па носеше едноставна огрлица и прстен, додека косата ја стилизираше во меки бранови.
Иако не е прв пат Кејт да избере нешто од колекцијата на Викторија Бекам, секогаш сме воодушевени од начинот на кој го претставува.
Суптилно и внимателно се чини дека е нејзиното мото, а по сите овие години, би се рекло дека не треба да го менува.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Меланија Трамп има конкуренција: латино дивата покажа и друга страна

Пејачката и глумица Џенифер Лопез веќе некое време привлекува внимание. Таа моментално е на промоција на филмот „Kiss of the Spider Woman“, каде што ги полни страниците на модните списанија со своите смели комбинации.
На неодамнешната премиера на филмот во Њујорк, таа носеше драматична креација со цветни мотиви, а оваа комбинација ги воодушеви сите љубители на цветните дезени.
Но, сега таа одлучи да нè изненади и да ни покаже еден по-минималистички стил – таков на кој би ѝ завидела дури и првата дама на САД, Меланија Трамп.
Имено, Џенифер беше фотографирана на улиците на Њујорк, каде што, според странските медиуми, снимала сцена за претстојниот филм „The Last Mrs. Parrish“.
За таа пригода, таа одлучи да облече впечатлива црвена комбинација што ја откриваше нејзината друга страна – елегантната. Црниот ремен беше исто така забележлив, што беше вистински контраст на оваа монохроматска комбинација.
Таа додаде преголема црна шапка, високи потпетици и црни ракавици на своето издание, што само го надополнуваше стилот на вистинска дама.
фото: принтскрин
Забава
Најсреќните луѓе се родени под 4 хороскопски знаци

Среќата не е секогаш резултат на околностите, туку и на начинот на кој го перцепираме светот околу нас. Некои луѓе природно зрачат со оптимизам и лесно наоѓаат радост во малите нешта, без оглед на пречките.
Нивниот позитивен поглед на животот и способноста да го видат доброто дури и во тешките моменти ги прави посреќни од повеќето.
Според астрологијата, токму кај овие хороскопски знаци се раѓаат луѓе кои успеваат да ја задржат насмевката на лицето дури и кога животот не оди според планот.
Стрелец
Стрелците се познати по својата веселост, ентузијазам и верување дека сè се случува со причина. Нивната отвореност и желба за нови искуства им помагаат да пронајдат нешто позитивно во сè. Наместо да се задржуваат на проблемите, тие секогаш бараат решенија и можности за раст.
Тие секогаш се опкружени со луѓе кои ја ценат нивната вистинска енергија и чувство за хумор. Стрелците веруваат дека среќата е прашање на избор, а не на околности – и затоа секогаш ги следи.
Лав
Лавовите се полни со самодоверба и природно привлекуваат добри можности во животот. Нивната храброст и оптимизам им помагаат да ја одржат својата верба во себе дури и во тешки ситуации. Тие секогаш знаат како да уживаат во животот и да го ценат она што го имаат, што им дава чувство на исполнетост. Нивната енергија и топлина привлекуваат позитивни луѓе и настани. Кога Лавот верува во себе, среќата речиси секогаш ги следи.
Вага
Вагите бараат рамнотежа во сè, вклучително и емоциите, што им носи внатрешен мир и задоволство. Нивната способност да ги видат обете страни на секоја ситуација им помага да останат смирени дури и кога работите не одат совршено. Тие уживаат во убавината, дружењето и пријатната атмосфера, што често ги прави весели и опуштени.
Тие не бараат драма, туку хармонија, а тоа им носи долготрајна среќа. Благодарение на нивната топлина и шарм, тие лесно привлекуваат убави моменти во животот.
Риби
Рибите наоѓаат среќа во имагинацијата, емоциите и работите што другите понекогаш не ги забележуваат. Нивната способност да сонуваат и да веруваат во доброто им дава чувство на значење и надеж дури и во тешки моменти.
Тие се искрени и грижливи во врските, што им носи многу љубов и поддршка. Иако се чувствителни, нивната длабока вера во животот и луѓето им помага секогаш да најдат светлина во темнината. Рибите не бараат совршенство – нивната среќа лежи во малите, искрени моменти.
фото: принтскрин