Забава
(Видео) Сириецот што седум месеци живееше на аеродром, конечно, е слободен човек
Сириeцoт што поминаа седум месеци затворен на малезиски аеродром бидејќи му ја одбија визата, конечно, доби азил во Канада.
Триесет и едногодишниот Хасан ал-Контар, кој се занимава со маркетинг, седум месеци беше заглавен на аеродромот во Куала Лумпур, поточно од 7 март, кога малезиските власти одбија да го пуштат во земјата.
За тоа време тој привлече голем број обожаватели на социјалната мрежа „Твитер“, каде што го документира своето секојдневие на аеродромот преку снимки и фотографии на кои прикажуваше како се снаоѓа за храна, пиење, па дури и за вежбање. Неговиот визуелен дневник привлече меѓународно внимание, па на социјалната мрежа почнаа да го следат илјадници луѓе. Меѓу нив беше и Лори Купер од Вистлер во Британска Колумбија, која собрала пријатели и познајници за да поведе петиција, која потоа била предадена во канадскиот Центар за имиграции, а со која се барало Контар да добие статус на бегалец.
Преку донации биле собрани и бараните 13.600 долари и останувало да се дочека конечната одлука. Во меѓувреме, Контар не се појавуваше на „Твитер“ неколку недели, па излезе дека бил уапсен бидејќи во еден момент се шетал во забранета зона на аеродромот.
Поради тоа, процесот мораше да се забрза за малезиската полиција да не го депортира во Сирија. Конечно, минатата недела добил порака дека може да го напушти аеродромот.
По неколку недели молк на „Твитер“, се јавил со слика од аеродромот, со таа разлика што сега, конечно, одел некаде.
Во вторникот Сириецот слета во Ванкувер и изрази благодарност до своето семејство, пријателите и голем број непознати луѓе од целиот свет кои одлучиле да му помогнат.
Breaking news ✌✌ pic.twitter.com/o2vQGROBdS
— Hassan Al Kontar (@Kontar81) November 26, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Емили Ратајковски на себе има само дијаманти
Моделот Емили Ратајковски повторно покажа дека може да ја претвори дури и наједноставната комбинација во најгламурозна со накит. Нејзиното ново селфи привлече големо внимание, иако го објави само на својата приказна на Инстаграм.
Таа позираше облечена само во бела бањарка под неа, додека дијамантски ѓердан ѝ го краси вратот. Покрај ѓерданот, таа го носи и својот впечатлив „прстен за развод“ вреден 130.000 долари, а бидејќи е гламурозно нашминкана, јасно е дека се подготвувала за состанок.
Неодамна ја потврди својата врска со францускиот режисер Роман Гаврас, а оваа провокативна фотографија доаѓа само неколку дена подоцна, веројатно како одговор на прашањето дали е заљубена.
Emili Ratajkovski nosi samo – dijamante. pic.twitter.com/LpnaUiey09
— Arsil (@arsagarson) February 26, 2026
Што е „прстенот за развод“ на Емили Ратајковски?
Ова се два камења од нејзиниот скап веренички прстен што го доби од нејзиниот поранешен сопруг Себастијан Меклард, со кого се омажи по само неколку недели врска. Три години подоцна добија син, а во 2022 година таа поднесе барање за развод. Иако рекла дека се плаши од мажи, режисерот сепак успеал да го освои нејзиното срце.
Во 2024 година, Емили го преобликувала прстенот на два одделни дела, кои биле поставени во жолто злато и платина, и вака е создаден нејзиниот „прстен за развод“, кој обожава да го носи – на малиот и домалиот прст.
Забава
Дали љубовта меѓу партнерите се менува по раѓањето на детето?
Многу родители не ја споредуваат љубовта кон партнерот со љубовта кон детето, а експертите објаснуваат зошто е нормално да се сака дете повеќе од сопругот.
Џен Сагер изјави за „YourTango“ дека за време на бременоста слушала предупредувања од постари жени дека не треба да го сака своето бебе повеќе од сопругот и дека мора да му даде до знаење на сопругот дека таа е најважната личност.
Сепак, нејзиното искуство оди во спротивна насока, бидејќи тврди дека ја сака својата ќерка повеќе од сопругот, а ова, откако станала родител, ѝ се чини сосема природно.
Стравот од дете што ќе го уништи бракот не бил во фокусот. Двојката била најмногу загрижена дали новите трошоци ќе отворат стари расправии за пари, па затоа однапред се договориле дека нема да се расправаат за пари за потребите на бебето.
Џен Сагер тврди дека паровите кои го прифаќаат родителството без договор можат да имаат повеќе тешкотии. Таа наведува дека раѓањето на детето не влијаело на нивната врска, бидејќи двајцата партнери сакале дете, што им помогнало да доживеат силен и нов вид љубов.
Партнерската љубов потсетува на односот помеѓу најдобри пријатели и животни партнери, додека љубовта кон детето е поинаква. Џен Сагер објаснува зошто ја гледа љубовта кон детето како нераскинлива врска.
„Откако ќе станете родител, останувате еден засекогаш. Во партнерството, секогаш постои живот претходно, бидејќи двете лица постоеле и одделно“, рече таа.
Забава
(Видео) Ничиј поглед не се задржа на нејзиното убаво лице
Познатата актерка Пенелопе Круз блесна на промоцијата на филмот „The Bride“ во Лондон и дефинитивно не остана незабележана поради нејзиниот моден избор, но и нејзиниот целокупен изглед.
Познатата шпанска убавица изгледа значително поинаку и дека апсолутно блескаше во тесен црн фустан со многу изразено деколте кое ги истакнуваше нејзините адути, па нејзиното убаво лице падна во втор план.
На овој настан, таа претстави и нова фризура, што е драстична промена во споредба со Пенелопе што ја видовме досега.
Фризурата ја претстави премиерно на Неделата на модата во Париз пред неколку недели, а забележливо е дека сега има малку посветла нијанса што ја прави „да изгледа барем десет години помлада“, како што коментираат многумина.
И како што се приближува кон педесеттата, Пенелопе продолжува да воодушевува со својата насмевка, завидна фигура, па дури и со својата подготвеност да ги следи модните и козметичките трендови, и пораката дека е подготвена за промени.
Некои велат дека секоја промена е нов почеток…

