Забава
(Видео) Сите се прашуваа која е таа: највпечатливиот фустан на Мет гала го носеше жена непозната за многумина
Црвениот тепих на Мет гала беше исполнет со познати личности од насловните страници на списанијата, но вниманието на шоуто го привлече една мистериозна дама, која беше прогласена и за најдобро облечена на синоќешната манифестација.
Mona Patel incorporates moving butterflies for her #MetGala outfit. pic.twitter.com/thBoy7uheh
— Pop Base (@PopBase) May 6, 2024
Набргу по појавувањето на скалите на музејот во Њујорк, индиската претприемачка Мона Пател предизвика лудило на социјалните мрежи, каде што корисниците се восхитуваа на нејзиниот фустан создаден од Ајрис ван Херпен и се прашуваа која е таа навистина.
Убавицата се пресели во САД во 2003 година и оттогаш основа неколку компании, како што се HauteX Ventures и radXai, стартап за здравствена технологија.
dear mona, u AAAATE #MetGala https://t.co/uAeJTXored pic.twitter.com/6lnBn7FmKN
— ✭ (@badestoutfit) May 6, 2024
За многумина, непознатиот претприемач воодушеви во фустан со фигури, а на страните имаше сошиени пеперутки, корсет, како и проѕирни детали од тантела.
Златните украси во вид на пеперутки на рацете особено ги импресионираа корисниците на социјалните мрежи, со оглед на тоа што крилата механички се движеа сами по себе.
BEST DRESSED HANDS DOWN #MetGala #MonaPatel
pic.twitter.com/rg4ip1cobp— sabrina ❣︎ (@ayed_sabrina) May 6, 2024
Изгледот го комплетира со златни сандали, а беше стилизирана од Ло Роуч – познат и по соработката со актерката Зендаја.

Недолго откога Пател зачекори на тепихот на Мет гала, таа го освои интернет-просторот, а снимките од нејзините подготовки беа споделени на мрежите со пораки дека таа е најсоодветно облечена за темата и кодексот на облекување на оваа Мет гала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото/Видео) Секси стајлингот на фаталната Бразилка ќе се памети долго време
Алесандра Амбросио неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „Sandiwara“ во Лос Анџелес, а за таа пригода одлучи да облече романтична креација која ќе ве натера да воздивнете.
Tаа избра лелеав сатенски фустан во кафеава боја, најпопуларната боја оваа сезона, која го нагласува струкот.
Интересен беше и деталот од црна чипка во горниот дел, кој дополнително ја нагласи заводливоста на овој аутфит, а не треба да се изостави и деколтето, кое исто така е украсено со чипка на рабовите.
Впечатлив беше и длабокиот рез на бутот, кој му даде на ова креација, но и на жената што го носи, секси нота која долго ќе се памети. Алесандра го комплетираше целиот стајлинг со бисерен чокер во ретро стил, црна чанта, но и беж крзнено палто.
Што се однесува до фризурата, таа се одлучи за нежни бранови кои паѓаа по рамената, а нејзината природна, бразилска убавина дополнително ја истакна со шминка во земјени тонови.
Забава
(Фото/Видео) Вилијам и Кејт на доделувањето на БАФТА наградите, принцот призна дека „не е опуштен“
Принцот Вилијам изјави дека не е во најдобро расположение за да го гледа филмот „Хамнет“ по месеци превирања околу борбата на неговата сопруга Кејт со ракот и неодамнешното апсење на неговиот вујко. Со појавувањето на доделувањето на филмските награди БАФТА, двојката ја покажа својата решеност да ги остави настрана моменталните тешкотии на кралското семејство, објавуваат странските медиуми.

Britain’s Prince and Princess of Wales, William (L, partly hidden) and Catherine (R) arrive at the EE BAFTA Film Awards 2026 at the Royal Festival Hall in London, Britain, 22 February 2026. The ceremony is hosted by the British Academy of Film and Television Arts (BAFTA). EPA/TOLGA AKMEN
Сепак, беше јасно дека принцот Вилијам сè уште е преокупиран со проблемите околу Ендру Маунтбатен-Виндзор, а тоа и го призна кога рече дека сè уште не го гледал „Хамнет“, номиниран за најдобар филм, бидејќи треба да биде опуштен. Зборувајќи на црвениот тепих пред церемонијата во лондонската Кралска фестивалска сала, тој рече: „Морам да бидам сосема опуштен за тој филм, а во моментов не сум. Го оставам тоа за друга пригода.“
Спротивно на тоа, Кејт, рече тој, го гледала исклучително емотивниот филм во саботата навечер и останала „во солзи“. Хамнет ја раскажува трагичната приказна за смртта на синот на Шекспир во детството и тагата на неговите родители.
„Всушност мислев дека е лоша идеја да го гледам пред церемонијата“, се пошегува принцезата. „На крајот завршив со многу подуени очи. Прекрасно е снимен. И музиката исто така. Музиката е фантастична.“ Принцезата го пофали филмот на режисерката Клое Жао и неговиот „приказ на меѓугенерациска тага“.
Принцезата изгледаше магично во долг розов фустан од Гучи што го носеше и на гала-вечерта „100 жени во финансии“ во 2019 година, со пуштена и лежерно виткана коса. Вилијам носеше кадифено сако во комплементарна темноцрвена боја што одговараше на кадифениот ремен и чантата на неговата сопруга. Тоа беше нивното прво заедничко појавување по драматичното апсење на неговиот чичко Ендру минатата недела.
Принцот и принцезата прошетаа по црвениот тепих пред лондонската Кралска фестивалска сала, каде што ги пречека Сер Кенет Олиса, лорд-поручник на Голем Лондон. На церемонијата им се придружија голем број ѕвезди, вклучувајќи ги Леонардо Дикаприо, Тимоти Шаламет, Ема Стоун, Килијан Марфи, Глен Клоуз и Итан Хоук.
Забава
(Фото) Парис Хилтон објави голи фотографии за својот 45-ти роденден
Парис Хилтон, која го кажа своето судбоносно „да“ по втор пат, реши да ја заврши минатата недела на празничен начин. Богатата наследничка го прослави својот 45-ти роденден, а за таа пригода реши да се разголи на мрежите.
Таа објави серија жешки фотографии на Инстаграм, а нејзиниот „славенички аутфит“ природно привлече внимание. Целато фотосесија беше проследено со розовата естетика на 80-тите, а Парис „како од мајка родена“ гордо позираше пред објективот на камерата.
За додатоци, таа носеше дијамантски чокер, розови ракавици од тил и високи чизми до колена, исто така во розова нијанса.
Го покри своето голо тело со крзно, скокоткајќи ја имагинацијата на многумина. Набргу потоа следеше лавина од коментари, а повеќето од нив ѝ испраќаа комплименти и честитки.
„Среќен роденден“, „Среќен роденден, убавице“, „Толку си магична и секогаш блескаш, среќен роденден“, се само дел од коментарите.

