Забава
(Видео) „Спејс екс“ на Илон Маск со ракета го осветли ноќното небо над Калифорнија
Компанијата „Спејс екс“ на претприемачот Илон Маск успешно лансира сателит во вселената од западниот брег на САД, притоа воодушевувајќи голем број корисници на социјалните мрежи во Калифорнија.
Ракетата „Фалкон 9“ го понесе во орбитата сателитот SAOCOM 1A полетувајќи од воздухопловната база Ванденберг, северозападно од Лос Анџелес.
Ummm this @SpaceX display in the sky above Santa Monica right now is totally crazy and beautiful pic.twitter.com/rDgeuItBpe
— Sam Tsui (@SamuelTsui) October 8, 2018
Голем број жители споделија фотографии од лансирањето, кое го осветли небото над сојузната американска држава.
View from my backyard of the @SpaceX Falcon 9 launch. pic.twitter.com/i4RtzLziSz
— Phil Derner, Jr. (@PhilDernerJr) October 8, 2018
Ракетата успешно ја заврши својата мисија, пренесе Би-би-си.
„Полетувајќи околу 19.21 часот по локално време, првата платформа на ракетата, која може повторно да се користи, се врати безбедно во воздухопловната база осум минути подоцна“, се наведува во соопштението.
Science! pic.twitter.com/u4NBG0ZO7A
— Seth MacFarlane (@SethMacFarlane) October 8, 2018
Жителите на Калифорнија објавија видеа и фотографии од небото по успешното лансирање, вклучувајќи го и градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети.
Nope, definitely not aliens.
What you’re looking at is the first launch and landing of the @SpaceX Falcon 9 rocket on the West Coast. The rocket took off from Vandenberg Air Force Base at 7:21 p.m. and landed safely back on Earth. ? pic.twitter.com/8AKjGptpps
— Mayor Eric Garcetti (@MayorOfLA) October 8, 2018
„Спејс екс“ разви ракети со платформи што може повторно да се користат во обид да ги намали трошоците и да ги привлече вселенските компании.
Ова беше првото полетување што компанијата го реализира од Западниот Брег – другите беа од копното на Флорида и од платформи на море.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

