Забава
(Видео) Српската инфлуенсерка позираше со Георгина Родригез: „Две диви“
Најпознатата српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ се појави на Неделата на модата во Ријад, каде што е придружувана од нејзиниот вереник Филипо Теста.
Бидејќи Тамара секогаш е привлечна за медиумите поради своите модни избори и шарм, ниту овој пат не остана незабележана.
Сепак, овој пат нешто друго беше многу поинтересно од самиот изглед на Тамара. Станува збор за нејзината објава во која позира со Георгина Родригез. Убавата Србинка уживаше во друштвото на вереницата на Роналдо, а за пригодата носеше едноставен бел фустан.
„Прекрасна одвнатре и однадвор“, напиша Тамара на шпански јазик во описот на видеото во кое се наоѓаат двете.
Се чини дека Тамара и Георгина станале добри пријателки, бидејќи вереницата на Роналдо коментирала на неколку нејзини објави со емотикони во облик на срце и порака за добредојде.
„Прекрасен пар“, „Две диви“, „Ве сакам двете“, „Изгледате совршено“, беа некои од коментарите од нивните обожаватели.
Неделата на модата во Ријад привлече големо внимание, и како што претходно истакна Георгина во интервју за „Сабах Ал Арабија“, таа е благодарна за можноста „да присуствува на ваков настан во таа прекрасна земја“.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Свадба на годината: наследникот на модната империја Живанши се венча во Париз
Името Живанши е синоним за убавина, гламур и француска висока мода со децении, па затоа не е изненадување што свадбата на наследникот Шон Тафин де Живанши и неговата љубов од колеџ Дахје Јунг беше прослава на елеганција и раскош. Двојката, двајцата во доцните 20-ти години, се венчаа во Париз во август, на она што веќе беше прогласено за најпознатата свадба на годината, а сега за прв пат споделија детали и фотографии од свадбата, која невестата ја опиша како „нереална“, објавува „Дејли меил“.
Католичката церемонија се одржа во базиликата Сент Клотилд, а ја водеше Марк Ламбре, на својата последна миса пред да се пензионира. Пред бројните членови на семејството, невестата отиде до олтарот во венчаница без прерамки, изработена по мерка од Ендру Квон, со долг вел, во комбинација со кремасти потпетици од Маноло Кампари.
Браќата на Шон, Лукас и Метју де Живанши, беа кумови, а чичкото на Шон, американскиот дизајнер на накит Џејмс Тафин де Живанши, и братучедката Стела де Живанши, исто така беа присутни. Таткото на Шон, Хуберт Тафин де Живанши, почина во 2016 година, а тој го доби името по неговиот познат чичко Хуберт де Живанши, кој ја основал модната куќа во 1952 година.
Свадбата беше кулминација на тридневна прослава што започна со пробна вечера во луксузниот ресторан Ла Фонтен Гејон. Следниот ден, гостите беа поканети на „бранч за добредојде“ во хотелот Ле 5 Партикулје, каде што играа бинго и уживаа во десерти. По свадбената церемонија, двојката и нивните гости ја продолжија својата прослава во Ле Павилон Дофин Сен Клер.
„Мојата визија за свадбата беше безвременска, класична и несомнено париска“, изјави Дахје за Вог.
Иако семејството има познато модно име, Дахје се одлучи за фустан од дизајнерот Ендру Квон. Таа призна дека не било „љубов на прв поглед“. „Дотогаш, посетив над 10 салони за венчаници во Менхетен и сè уште не го најдов вистинскиот. Губев надеж“, рече таа.
Но, откако виде сличен дизајн во црна боја, таа одлучи да ризикува и да го замоли тимот на Квон да ѝ направи венчаница. По безброј часови работа, фустанот беше совршен. Нејзиниот единствен накит беше ѓердан на нејзината мајка и бисерните обетки што ѝ припаѓаа на бабата на Шон.
Забава
Нина Бадриќ објави снимка од своето куче во Лисински: „Поддршка на секој концерт“
Нина Бадриќ одржа концерт во распродадената концертна сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб. Пред концертот, таа објави на Инстаграм кој верно ја следи и ја поддржува на секој концерт.
Тоа е нејзиното куче Тото.

На концертот, Нина ги изведе своите најголеми хитови во акустична верзија, придружувана од оркестар. Нина, која е позната по своите хитови како што се „Чаробно јутро“, „Рекао си“, „Такви као ти“, „Додири од стакла“, „Дани и годинине“ и многу други, пееше пред полна сала.
Како подарок за публиката, Нина изведе и некои од најважните песни од музичките великани Оливер Драгојевиќ и Мишо Ковач.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Визажистот на Ким Кардашијан ја шминкаше Србинката за која велат дека е една од најубавите жени на светот
Марио Дедивановиќ, роден во Црна Гора, е еден од најпознатите шминкери во светот. Тој има бренд наречен Makeup By Mario, чии производи ги користат бројни познати личности. Има 14 милиони следбеници на Инстаграм, а една од неговите најпознати клиентки е Ким Кардашијан, а ја шминка за сите пригоди.
Марио објави видео на Инстаграм со најубавата Србинка, Марија Жежељ. 25-годишната Марија, родена во Нови Сад, е најуспешната српска манекенка и девојка за која велат дека е една од најубавите жени во светот.
Видеото собра повеќе од 300 илјади прегледи за неколку часа.
Марија беше прогласена за една од најубавите жени во светот на 18 години
Марија Жежељ имаше само 18 години кога првпат се појави на листата на 100 најубави жени во светот, според TC Candler. Таа се занимаваше и со музика и беше една од првите регионални јутјуберки. Кајли Џенер објавуваше нејзини фотографии, а Северина исто така и се восхитуваше.
Таа се пресели во САД и таму започна успешна кариера како модел. Денес, таа оди на модни ревии од најпознатите светски дизајнери. Таа се пресели од YouTube каналот што ја направи позната на многу помал канал што работи исклучиво на англиски јазик, каде што го прикажува својот секојдневен живот.

