Забава
(Видео) Оние што сакаат да го гледаат новиот „Бетмен“, ќе мора да одат во кино
На големо задоволство на многу режисери што ја критикуваа нивната одлука, „Ворнер брос“ реши да ја ублажи најавената стратегија – филмовите од сопствената продукција да ги прикажува и во киносалите и на „Ејч-би-о макс“ во исто време.
Нивниот план за 2022 година е да ги исполнат договорните обврски кон кината, агентите, актерите и режисерите и да ги прикажуваат нивните филмови исклучиво во кината до крајот на прикажувањето, без разлика каква ќе биде ситуацијата со пандемијата.
Доколку решат да го прекршат договорот поради која било причина, ќе се соочат со тужби како таа на Скарлет Јохансон откако „Дизни“ реши да го пушти филмот на својата стриминг-услуга и со тоа значително да влијае на процентот што актерката требаше да го добие од продажбата на билети.
Она што е важно за гледачите е дека филмовите на „Ворнер брос“, како „Бетмен“, „Флеш“, продолжение на „Аквамен“, „Блек Адам“ и „Лигата на супер миленичиња“, ќе може да се гледаат исклучиво во кино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Пороците ја „уништуваат“, но таа е сè уште толку секси и моќна во црно
Познатата манекенка Кејт Мос (52) веќе долго време не е присутна на модните писти низ светот и се чини дека со нејзините постапки го привлекува вниманието кон себе, но на погрешен начин. Сепак таа е главна тема кога се појавува на моден настан.
Неделата на модата во Париз не може да помине без неа, и тоа во прв ред кога ја гледа ревијата на Сен Лоран, па да заборавиме за момент на сите скандали од нејзиниот приватен живот со кои повторно се обиде да фрли сенка врз својот успех.
Таа уште еднаш покажа дека никој не е подобар во ова од неа. Кејт Мос се појави во Париз во кожно здолниште до колена, но со смел шлиц во средината, додека носеше едноставна свилена маица украсена со чипка одозгора.
Бидејќи крзнените палта, особено оние од вештачко крзно, ги преплавија улиците оваа сезона, Кејт ја комплетираше и својата комбинација со едно такво парче и црни чевли. А потоа е време да се „разбие“ монотонијата…
Нема ништо подобро од додавање бордо чанта на целосно црна облека и самоуверено позирање за фотографите. Иако долго време се зборуваше дека Кејт Мос се вратила на пороците, поточно на алкохолот, за оваа пригода таа покажа друга страна од својата личност.
Забава
(Фото) Топлесот„ги помрси конците“: Бруклин Бекам објави интимни фотографии од сопругата
Сопругата на Бруклин Бекам, 31-годишната Никола Пелц, заедно со другите членови на семејството Бекам, деновиве е во центарот на вниманието, особено поради објавата на социјалните мрежи што дојде само неколку часа откако познатите Бекамови се појавија без неа и нејзиниот сопруг во Париз.
Откако Никола се огласи објавувајќи романтични моменти со сопругот, истото го направи и Бруклин. Меѓу фотографиите што ги објави беше и онаа на која Никола е гола во кревет, што, како што се очекуваше, предизвика најмногу реакции, а сето ова доаѓа во средината на кавгата на Бруклин со неговото семејство.
На „контроверзната“ фотографија, Никола лежи во кревет покриена само со бело ќебе и го гушка нивното куче, додека други слики ги прикажуваат нивните романтични моменти и најдобрите моменти од нивниот одмор.
Објавата предизвика бројни коментари, а реакциите од корисниците на социјалните мрежи беа поделени.
„Значи, тоа е твојата дефиниција за приватност, Бруклин? Интересно…“, „Само ме интересира дали живееш од свои пари сега кога си ги блокирал родителите“, „Семејството не е сè. Тоа е лекција што ја учам и самиот. Држи се до твојата сопруга, таа е твое семејство“, се само дел од коментарите.
Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, јавно ги прекина сите врски со своето семејство на почетокот на месецот и нагласи дека не сака да се смири со нив, тврдејќи дека се обидуваат да му го уништат бракот.
Тој и Никола Пелц се венчаа во април 2022 година на раскошна церемонија во Флорида.
Забава
(Видео) Милијардерката не може да ја пронајде вистинската мера: „Само таа може да го направи ова толку евтино“
Сопругата на милијардерот Џеф Безос, како што се почесто ја нарекуваат Лорен Санчез, прошета на Неделата на модата во Париз и веднаш се обиде да биде во центарот на вниманието благодарение на нејзината модна ревија.
Минатата година, Лорен често беше критикувана за стилот што го избираше на разни настани, па можеше да ја освои не толку ласкавата титула жена со најмногу модни критики. Можеби затоа овој пат се обиде да го изненади.
За спектаклот во Париз, таа избра твид одело од Версаче од колекцијата што можевме да ја видиме во 2004 година. Комбинацијата од црвена и бела боја не доби безброј комплименти, но не беше ниту премногу нападната во коментарите, што е вистински успех за почеток.
@whoopsee.it Avvistata più volte a Parigi durante la Couture Week attualmente in corso, Lauren Sanchez torna a sfidare il meteo ostile della capitale francese, incurante di freddo e pioggia battente. Ancora una volta, lo stile prende il sopravvento sulla praticità: nel suo ultimo look non c’è traccia di un cappotto pronto a proteggere l’abito scelto per passeggiare tra le strade della Ville Lumière. La moglie di Jeff Bezos punta tutto su un vintage Versace dal carattere deciso: un tailleur in tweed rosso e bianco, composto da una giacca slim che scolpisce il punto vita e una pencil skirt rifinita con frange sull’orlo, dettaglio che aggiunge movimento e personalità. Ai piedi, pump shoes bianche essenziali; al braccio, una mini bag rigida firmata Schiaparelli, piccolo statement di haute fashion. Al suo fianco, lo stylist Law Roach interpreta la giornata piovosa con un approccio più pragmatico, scegliendo un maxi trench in pelle nera per ripararsi dalle intemperie, senza rinunciare a un’allure impeccabile. [📷 BACKGRID / IPA] #whoopsee #laurensanchez ♬ enjoy the silence – ☆
Единствениот коментар што се издвои беше „само таа може да го направи Версаче толку евтин“, но Лорен нема да обрне премногу внимание на тоа.
Својот стил го комплетираше со бели чевли и сребрена чанта, а насмевката не ја симна од лицето иако оваа Недела на модата не започна одлично за неа.
@taieb_gedeon #jeffbezos and #laurensanchez look beautiful together in love today in Paris #paris ♬ son original – gedeontaieb
По пристигнувањето, Лорен Санчез речиси падна додека влегуваше во хотелот. Додека сакаше да позира за фотографите, држејќи го за рака сопругот, не виде ниту еден мал чекор и се затекна на него. За среќа, не се случи ништо сериозно, но доволно за видеото да стане вирално на социјалните мрежи.

