Забава
(Видео) Шарлот Мекини лансира свој канал на „Јутјуб“

Најпрвин беше интернет-сензација, потоа стана модел, па актерка. А сега Шарлот Мекини ја почнува својата кариера како јутјубер.
Русокосата бомба од Флорида (27) во средата го промовира својот сопствен канал нудејќи им на фановите нов начин да се поврзат со неа.
На каналот на Шарлот во моментот има објавено две видеа, заедно со трејлер споделен пред еден месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дејвид и Круз Бекам уживаат на јахта во Италија

Круз Бекам предизвика хаос на социјалните мрежи кога објави фотографија со својот славен татко.
Младиот Круз Бекам објави фотографија со својот татко Дејвид Бекам и покажа како семејството ужива на јахта.
Семејството Бекам е на одмор во Италија, а Круз и Дејвид позираа на бел кревет на луксузна јахта. Со нив е и девојката на Круз, девет години постарата Џеки Апостел.
Ова семејно собирање се случува и без Бруклин, за кој се шпекулира дека е во лоши односи со своите родители и браќа.
„Добро, цело време ја зумирав сликата“, „Не знам кој е подобар“, „Можеби е време за OnlyFans“, „Зумирај на Круз и ќе разбереш сè“, беа некои од коментарите.
Забава
Две навики кои можат целосно да го трансформираат вашето тело и здравје по 50-тите години

Инструкторката за фитнес Крис Фрајтаг (59) нагласува дека трансформацијата на телото по 50-годишна возраст не се базира на скапа опрема или трендовски тренинзи.
„Ако требаше да издвојам само две работи – две навики кои можат целосно да го трансформираат вашето тело и здравје по 50-тите години – тоа би биле постојано одење и редовни вежби за сила“, пишува инструкторката Фрајтаг во нејзиниот блог „Get Healthy U“.
Таа додава дека овие две активности се основа на нејзината дневна рутина и прва препорака за жените со кои работи.
„Живееме во свет каде што постојано се нагласува потребата од напорни тренинзи и луксузни фитнес програми, но вистината е дека повеќето од нас седат премногу“, нагласува таа.
Еден од наједноставните начини да ги движиме нашите тела и да се чувствуваме подобро е да станеме и да прошетаме.
Пешачењето го подобрува здравјето на срцето, го регулира шеќерот во крвта, го подобрува варење и го подобрува расположението.
Инструкторката Фрајтаг истакнува дека пешачењето е потценето, иако е клучно во средната возраст за согорување калории и одржување на подвижноста без дополнителен стрес врз зглобовите.
Нејзиниот совет е јасен: „Целете на 10.000 чекори дневно, но не дозволувајте тоа да ве обесхрабри. Ако сега ви изгледа невозможно, започнете со мали чекори – додадете 1.000 чекори неделно додека не ја постигнете вашата цел.“
Вториот столб на здравјето и виталноста е тренингот за сила.
„Ако сакате да бидете силни, да изгледате тонирано, да го подобрите вашето држење на телото, да одржувате рамнотежа, да го забрзате метаболизмот и да ги заштитите вашите коски – ви требаат мускули“, нагласува инструкторката Фрајтаг.
Природно губиме мускулна маса како што старееме, но таа објаснува дека редовното кревање тегови, дури и лесни тегови, може значително да го забави, па дури и делумно да го сврти тој процес.
Повеќе мускули значи побрз метаболизам, повеќе енергија, посилни коски и подобра рамнотежа и потенка фигура и подобра подвижност.
„Не можете да посакате мускули, мора да ги изградите“, заклучува таа.
Фрајтаг советува да започнете едноставно.
Дајте си време. „Не менувајте ја постојано вашата програма. Резултатите доаѓаат со конзистентност, затоа држете се до планот најмалку шест до осум недели.“
Напредокот е поважен од совршенството. Започнете со сопствена тежина или со полесни тежини и постепено предизвикувајте се себеси.
Забава
Само овој знак ќе има континуирана среќа: го остава минатото зад себе и влегува во ера на радост и успех

Рускиот астролог Василиса Володина направила пророштво кое ветува години непрекината среќа за еден хороскопски знак. Според неа, овој знак го остава зад себе минатото со сите свои грешки и неуспеси и влегува во ера каде што среќата и успехот се во сите области од животот.
Според Володина, Бикот ќе биде како магнет за среќа и успех во наредниот период од животот, привлекувајќи ја кон себе со сета своја сила.
Клучната поддршка доаѓа од личност со авторитет, која ќе им помогне да го достигнат врвот. Покрај тоа, финансиските околности ќе бидат исклучително поволни за нив, отворајќи им го патот кон богатството на различни начини.
Оваа среќа и успех ќе им овозможат на Биковите да ги остварат своите најдлабоки желби, отворајќи им го патот кон соништата што можеби ги сметале за недостижни.
Среќата и успехот се на нивна страна, но клучно е да ги препознаат, прифатат и искористат можностите што им се нудат.
Понатаму, Володина нагласува дека покрај материјалната благосостојба, Биковите ќе се развиваат духовно и емоционално, што дополнително ќе го збогати нивниот живот. Таа ја нагласува важноста на рамнотежата помеѓу духовните и материјалните вредности за долгорочна среќа.
Во наредните години, Биковите ќе имаат можност да ги развијат своите таленти, да привлечат извонредни можности за среќа и успех и да работат кон остварување на своите цели, уживајќи во животот што го заслужуваат.
фото: принтскрин